Колку ви наплаќаат матичните гинеколози?

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.156
Возраст
39
Прегледот на матичен лекар и ехо прегледот кај гинеколог кој во здравствената легитимација е заверен како матичен, не се наплаќа.
Во јавноста помеѓу припадничките на понежниот пол кружат муабети за различните тарифници на матичните гинеколози. Еден гинеколошки преглед во зависност од тоа што содржи, гинеколозите го наплаќаат од 500 денари, па се' до најскапиот пакет кој чини 2000 денари. А, според законската регулатива за гинеколошки прегледи кај матичниот лекар пациентките треба да платат само партиципација, која изнесува максимум 150 денари.
Каква е вашата ситуација? Колку ви наплатил вашиот матичен гинеколог за редовен гинеколошки преглед (ПАП, ЕХО, брисеви...)?
 
Гинеколошките прегледи кај матичните гинеколози според законот БИ требало да бидат бесплатни или се доплаќа минимална партиципација.
Во реалноста приказната е сосема поинаква. Приватна гинеколошка ординација (која има истакнато дека ‘‘Има склучено договор со Фондот“), при тоа гинекологот се води како матичен гинеколог на пациентката уредно и редовно си наплаќа по 600 денари од преглед. За ПАП тест цената е 1600 денари, „Ама по што си ми редовна пациентка еве за тебе 1200 денари, + ќе ти направам колпоскопија“. На прашањето “Зарем не се бесплатни гинеколошките прегледи, нормален преглед“ - одговорот гласеше “А бе остај ти бесплатни прегледи, то е само за на ТВ“. После еден таков “исцрпен“ одговор, фино лепо пациентката си отиде во државна болница, каде што си добива бесплатни услуги или со доплата на минимална партиципација.
 
Во таков случај јавете се во Фондот. Тие што имаат склучено договор со фондот земаат пари за тоа и мора да го почитуваат целосно, цело време има контроли и не знам како си дозволуваат тие доктори така да си играат затоа што следува казна и раскинување на договорот. Ако мислат дека се доволно способни без Фондот тогаш зошто воопшто склучуваат договор? Изгледа и тие пари им се убави.
 
Матичниот гинеколог кој ми е со години и одлично си ја знае работата никогаш ми нема наплатено за ништо. Сите прегледи ми се бесплатни. Кога и да зазборам со блиски пријателки ми се крева коса од тоа колку ги стрижат матичните гинеколози. Од 1500 ден. па нагоре им земаат за ПАП, 500-1000 ден. ЕХО....) Што е многу, многу е.
Вчера бев кај матичниот гинеколог на редовен преглед и се погоди инспекција. Во чекалната бевме 5-6 жени. Излезе коконата од министерство за да праша дали некогаш ни е наплатено нешто и се погоди едно женче кажа дека за ЕХО и е наплатена сума од 150 денари, а па друга пациентка со изјава дека за 4 бриса и е наплатено 200 денари. Госпожата од министерство праша дали некој сака да поднесе приговор против докторката, но за малце ќе се согласеше првото женче на кое му е наплатена сума од 150 денари. Видно изнервирана влегов кај докторката и тука беше и инспекцијата. Културно прашав за што се работи и дали треба да се наплати бидејќи мене никогаш ништо не ми е наплатено.Добив одговор од иснпекцијата дека по новиот закон не плаќаат ништо пациентки од '80-'91 годиште. Оние кои се под или над границата плаќаат партиципација но до 200 денари најмногу. Се прашувам што ќе се случеше ако женчето поднесеше приговор а беше повозрасна особа и наплатена и е нормална партиципација?
Инаку да знаете дека за повторен ПАП според закон се наплатува 200 денари.
 
Секоја пациентка која има избрано свој матичен доктор, Фондот(ФЗОМ) секој месец на матичниот доктор им исплаќа капитација, без разлика дали сте извршиле преглед или не.
Кај матичен гинеколог пациентката треба да си плати партиципација само за ампуларна терапија, (ампула, шприц),но не и за услугата. Прегледите се комплетно на товар на фондот. Пациентките кај својот матичен гинеколог имаат право на бесплатни прегледи и бесплатен ПАП тест ЕДНАШ годишно. (За повторен ПАП си се плаќа партиципација)
Исто така може да ви се случи матичен гинеколог да бе одбие со образложение дека не примаат нови пациенти затоа што ја исполниле квотата од 2000 осигуреници. Над 2000 осигуреници им се намалува капитацијата што тие ја добиваат од Фондот.
Ако гинеколог ве одбие доколку побарате тој да ви биде матичен, можете да го пријавите во ФЗОМ. Одбивањето е кривично дело.:pipi:
 
Наплаќа по 200 денари за ПАП а правам еднаш на година, година и пол.
ПАП кој се прави еднаш годишно е бесплатен :pipi: Повторен ПАП по добиени резултати се наплаќа 200 денари.
 
Наплаќаат крвта нивна арамиска, пред месец и пол за ехо за девојкава ми наплати 500 ден, кај да ја пријавам матичната?
 
Мене гинекологот ми земаше 300 за ехото, папот е бесплатен ако нели е 1 годишно.
Еднаш ми се деси да не земе добар примерок и да мора да ми ја повтори процедурата и не ми наплати ништо за тоа.
Исто секогаш ме прашуваше дали сакам резултати за ден-два и ги праќале во Систина, тоа кошташе 800-1000 денари или сакам по редовно и чекав резултати месец дена.
Човекот е ѕвер, се ми објаснуваше ко на прваче. Трпелив, смирен, одговара исцрпно на секое прашање.
Првиот пат кога бев му кажав дека ми е прв пат и дека ми фуфка и ми раскажуваше приказна, како тоа бебе прв пат кога го бањаат мора водата да биде таман за бебето да не се исплаши ако е многу топла или многу ладна па да неќе да се бања, така и од морал да биде секогаш внимателен за да не не исплаши нас пациентите.
Ич не ми беше криво за тие 300 денари зашто имав слушнато многу хорор приказни од другарки со други гинеколози.
 
Jas dodeka odev na ginekolog u MKD mi naplakjaa za se 200 den, PAP, exo i brisevi, e sea doplakjav gore u drzavna plus 100den za rezultatot od brisevite, taka da nishto poveke od toa mi nema zemeno chovekot, a 12 godini idam kaj nego, ne e valjda od shto sum dolgogodishna pacientka, i sekogas e full so pacientki i gi ima od sekakva klasa, siromashni, pobogati.
 
Mи е мило што сте храбри и што не им плаќате и што се борите за своите права
Инаку со приватниве лекари е лом
Има лекари кои заработуваат со илјадници евра, но многу има повеќе кои заработуваат по 12000 денари месечно
 
Mи е мило што сте храбри и што не им плаќате и што се борите за своите права
Инаку со приватниве лекари е лом
Има лекари кои заработуваат со илјадници евра, но многу има повеќе кои заработуваат по 12000 денари месечно
Е добро ама тие што заработуваат илјадници работат по цели денови и по десетици пациенти на ден влагаат во ординација :-). Приватен модел со договор со фондот тоа е. Докторите само мора да бараат пациенти не е како порано без пациенти оп плата и плус го нема докторот. Инаку не ми се верува некој 12.000 да зема :-)
 
ПАП кој се прави еднаш годишно е бесплатен :pipi: Повторен ПАП по добиени резултати се наплаќа 200 денари.

Наплаќа иако е еднаш годишно, а и кога бев бремена ми наплаќаше 200 ден. за ехо, па затоа одев приватно, ми земаа 500 ден. ни гужви ни ред чекање, ни ништо.
 
За ехо 300 денари ми наплаќа, за ПАП ништо. Ама еднаш ми нагласи дека ако правам втор пап во годината ќе треба да си го платам приватно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom