Колку сте сигурни дека "добро" ги познавате вашите партнери?!

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
секогаш мислиме дека ги знаеме 'скроз на скроз' и еден ден изненадување/инфаркт/лудило и сфаќаш дека личноста со која си поминал (некое) време се изменила и дека не ја познаваш личноста штѕо си ја сакал (што ти значела се)
 
Никогаш не можеме да кажеме дека некого го познаваме100%.Затоа што најпрво треба да бидеме сигурни дека целосно себе се познаваме а кај повеќето луѓе тоа не е така.Често се изненадуваме од наши реакции или постапки, за кои сме мислеле дека не сме способни да ги направиме/речеме.
Но сепак, партнер како партнер, полека полека го запознаваш во целост со што се гради таа доверба и сигурност во истиот, па мислиме дека добро го познаваме.
Меѓутоа ќе има момент, два или повеќе, кога ќе забележиш дека личноста која си мислел дека добро ја познаваш, всушност од некои нејзини однесувања и постапки се изненадуваш(особено негативно), со што заклучуваш дека и не било баш така.
А потоа се запрашуваш, дали е ова човекот јас што го познавав и во кого бев доволно сигурна?Дали е ова човекот во кого се заљубив/го љубев или пак е сосема некој друг?
Одговорот нема да дојде веднаш.Но кога тогаш ќе го откриеме.
 
Никогаш не можеме да кажеме дека некого го познаваме100%.Затоа што најпрво треба да бидеме сигурни дека целосно себе се познаваме а кај повеќето луѓе тоа не е така.Често се изненадуваме од наши реакции или постапки, за кои сме мислеле дека не сме способни да ги направиме/речеме.
Но сепак, партнер како партнер, полека полека го запознаваш во целост со што се гради таа доверба и сигурност во истиот, па мислиме дека добро го познаваме.
Меѓутоа ќе има момент, два или повеќе, кога ќе забележиш дека личноста која си мислел дека добро ја познаваш, всушност од некои нејзини однесувања и постапки се изненадуваш(особено негативно), со што заклучуваш дека и не било баш така.
А потоа се запрашуваш, дали е ова човекот јас што го познавав и во кого бев доволно сигурна?Дали е ова човекот во кого се заљубив/го љубев или пак е сосема некој друг?
Одговорот нема да дојде веднаш.Но кога тогаш ќе го откриеме.
Прв болд 100% се сложувам.
Втор болд најголемата грешка која несвесно ја правиме. И никој не е имун на неа. Па сепак на крај остануваме честопати повредени.
Трет болд. Кога сомнежот настапува, врската е на стаклени нозе. Има два излези; зависно од борбеноста на двајцата колку се спремни да ја зачуваат врската. Првиот е разговор, вториот е комплетна изолација на личноста во која се има доверба/се познава истата.

Final conclusion - nothing looks as it seems.
 
Никогаш никого не можеш да го познаваш толку добро, без оглед на тоа колку време си заедно со партнерот. Порано си мислев " јас го познавам дечко ми многу добро, ништо од него не може непријатно да ме изненади, јас знам дека тој никогаш не би ме повредил" и тогаш оп, како гром од ведро небо дојде до една ситуација во која јас воопшто не знаев со кого сум всушност во врска. Тоа ми беше лекција дека никогаш никого не можеш целосно да го познаваш, без оглед на тоа колку долго сте заедно. Човекот е нешто најопасно. Може толку добро да глуми, да кажува лаги што и сам ќе поверува во истите... Затоа секогаш секој кажан збор од било кого го земам со резерва...со доза на несигурност...
 
Јас сама не се знам 100 %, а не па некој друг.
Не е убавината во дознавањето нови работи за било кој, дали партнер, познаник, другар(ка)?

Доволно треба да ја знам личноста за да имам желба да ми биде партнер, некои основни морални вредности, личносни црти, мислења и ставови. Потоа, убаво ми е да дознавам различни работи, да дознавам негови савови, мислења, неговото минато, желбата за иднината итн.
Пред се, не секој е спремен да ви го каже своето минато, пред да станете важна личност од неговиот живот - имал друга замисла за иднината. Секој ден носи нови настани и нови реакции на тие настани што не може да ги знаете однапред.
Може да имате идеја за каков родител би бил, но не би знаеле додека не стане родител.
Можеби он верува дека варањето не е океј, но никогаш не може да знаете какви ќе бидат околностите што би довеле до тоа некој да ве изневери. Не може да предвидите какви мисли му се вртат во глава и како неговите ставови од ден на ден се менуваат за вас, а со тоа се менува и он и самиот ваш однос/врска...
Да не почнам за работи кои се несвесни и кои ни вашиот партнер не ги знае...

Не верувам дека некој познава некој друг 100%. Може му верува на некој, може во одредени ситуации да се разбирате само со поглед, но тоа не значи дека таа личност ја познавате 100%.
 
Мислам навистина, живееме во премногу извитоперено време, за да не се смеам на муабети од типот како некој некого познава 100%. Ај еве на страна времето... ма и така ми е смешно.
Секој нов ден секој човек различно се однесува и различно размислува. Можеби тоа не важи за поважните работи, но и ситниците го прават животот нели. Како што напишаа повеќето, вие што верувате, тргнете си прво од себе. Никој не е доволно невин и искрен, па затоа не треба тоа да се очекува ни од другите. Златна резерва секогаш и за секого! Не за друго туку затоа што само така помалку болат неочекуваните зборови и дела од партнерите. А тие, во помала или поголема доза, порано или подоцна - секогаш ги има.
 
Утре (т.е.веќе денеска) купете и поклон на саканата жена, но не заборавајте ја и својата...
 
Муабетов самиот по себе е комплексен. Имам чувство како да ги мешате поимите или можеби не?

Доволно го познавам партнерот за да можам да живеам со него и да го надополнувам. Не можам да знам точно во секоја ситуација како ќе изреагира, но затоа со сигурност можам да знам како во моментот се чувствува и затоа си земам за право да кажам дека доволно го познавам.

Меѓутоа, тоа што јас го познавам не значи дека тој засекогаш ќе биде со мене или дека нема да ме изневери, а исто така не значи и дека ако сега го познавам и утре ќе го познавам. Луѓето секојдневно се менуваат, денес се сакаме- утре не- задутре може пак ќе се сакаме, којзнае. Колку побрзо го сфатиме тоа толку подобро.

Мој совет- сакајтесе, верувајте им на партнерите и запознавајте ги, но секогаш бидете спремни за "падобранци", само така ќе ја намалите болката од недај боже настани.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom