Колку сте креативни?

  • Креатор на темата Креатор на темата Гладиус
  • Време на започнување Време на започнување

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
На сите ни се случило да се најдеме во ситуација во која од нас се бара креативност. Често пати знаеме да ја искористиме, но често пати не знаеме од каде да ја црпиме.

Колку сте вие креативни?
Дали креативноста ви ја потткинуваат одредени моменти во кои тоа се бара од вас или таа е постојано тука?

Себеси се сметам за делумно креативен. Не секогаш сум способен да направам нешто креативно и ново. Меѓутоа во моменти кога се бара тоа од мене, имам буквално наплив на мисли кои и помагаат на креативноста да излезе на површина. Задоволен сум од степенот на креативност кој го поседувам, иако не би било лошо да биде и на малку повисоко ниво:)


п.с. Ако сакате, наведете и примери во кои сте се покажале како креативни души. :):):)
 
обични пишувам некои прозни состави или некоја поезија
друго нешто да сум направила ретко....знам дека еднаш на мајка ми за 8ми Март и направив домашно поклонче ситница...иако не беше нешто нај мене ми се допаѓаше сепак беше мое дело :P
 
Многу сум креативен особено кога сакам да исмеам нешто(понекогаш се надминувам самиот себе:pos2:). Во средно имав еден професор што многу ми беше смешен и заедно со еден другар направивме песно, но не ни ја објавија во алманахот зашто беше премногу смешна.
 
Кога имам инспирација креативен сум и тоа како...
 
Можам да кажам дека сум доста креативен.Се бавам со копаничарство,а покрај тоа изработувам и други сувенири,цртам,сликам,пишувам поезија.Некогаш има периоди кога ме фаќа мрза и немам инспирација за ништо,но тоа ретко ми се случува.Секогаш се нешто ми текнува и додека не го направам тоа само ми се вртка низ глава.
 
Неам креативност кога неам слобода. Не сум креативен кога сум на рок, под притисок или кога треба да правам нешто што не ми е по ќеиф.
Во спротивност, сум прилично креативен.
Ипак, ја губам креативноста на големо во последниве година дена. Не знам зошто, ама си ја сакам назад!
 
Признавам ич, ама работам на случајот полека.
 
Себеси си се сметам за креативна личност...сакам да пишувам книги и не мислам со денови што да пишувам за да не погрешам туку самите миу доагаат зборовите и користејки ја својата фантазија пишувам без престан.Веке имам две дебели испишани книги...

Ова не е којзнае што но почнав да го пишувам изминативе денови.

...што носеше таа во своите мисли...Дали звукот на музичката кутија која ја слушна од мистериозната соба?или пак за исчезнувањето на својот најмил Џони...Таа нок постојано и поминуваа мислите низ глава,се превртуваше и не можеше да склопи очи,кога одеднаж слушна силен крик од собата на Моник.Се упати таму и сите ја прашаа што се случило а таа со блед лик и треперење рече тивко:Сонував гаден кошмар...или сепак не.Таа вечер сите останаа со нејзе,а Николас нежно ја милуваше по косата...
Следното утро не ја најдоа во својата розева постела...

Не е којзнае што и мислам да го преправам па ке видам:)
 
Не би знаел да се проценам.
Често фантазирам,имам day-dreams си замислувам сценарија и често имам некои литературни искри :)
Од мал играм игрици,читам книги и такви ствари и претпоставка ми е дека тие активности поттикнале нешто.
 
Креативност колку сакаш... за правење глупости. Не џабе со еден другар не викаа “зијано и бељата“ кога ќе седневме заедно...

За озбилни работи сум креативен, мада не е нешто премногу. Недај боже некој да ме натера да напишам есеј или состав.
 
2 години правам електронска музика па се сметам за доста креативен..има моменти кога ќе ти застане мозокот па шо сакаш праи нема да бидеш креативен..најдобро решение батали цртање/рипање,скокање/играње/музицирање тогаш..зошто ќе си набиеш комплекс дека не те бива а усвари денот ти е тиња зошто ти стаиле кец.
 
Креативна сум за пишување состави, а и тогаш зависи.Има денови кога не можам една реченица да склопам, има денови кога без проблеми пишувам состави.А за цртање не сум креативна.И тоа што ми текне во моментот не сум способна да го нацртам.
 
Креативност, што е тоа!?? Ич, нула, зиро... во мојот мозок не постои ниту една клетка што се занимава со такво нешто...
ама пак кога станува збор за планирање и организирање е тогаш е сосема спротивно
 
Ми се случило еднаш или два пати, ама сега сум добар, фала богу
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom