Кога чуствувам дека човекот ми е веќе близок, да, искрен сум и кажувам се (иако е ретко тоа). А вака со другите кажувам вистина но и многу кријам зашто неможам да се доверам на секого.
Не сум искрен. Едноставно, колку и да се трудам на крајот реченицата која ја произведувам е тотално лажна. Па ако ви кажам дека сте паметни и убави најверојатно ве лажам за да ве одведам во кревет.
Хм, дали пак за ова сега лажам? О нее... премногу мисли, gonna get a mental breakdown... :nesvest:
Мислам дека сум дозирано искрена личност . Кажувам онолку колку сметам дека треба да се каже. Најповеќе зависи од особата со која сум, дали ја има мојата целосна доверба .
Најискрен. Се почитувам себеси, и пред се го почитувам сопственото мислење и 100% стојам позади секоја кажана реченица. Знам да поддржам, но знам и да се спротиставам и навлезам во дискусија, кога доаѓа до судир на мислења. Со рационалните луѓе кои ме разбираат навлагам во културна дебата, ааа оние другитеее .. Они можат само да си хејтат и да си останат на тоа. Кога сметам дека сум право, едноставно терам до крај .. Ааа и тогаш кога не сум, шо има врска.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.