Колку сте искрени?

  • Креатор на темата Креатор на темата Маwечко
  • Време на започнување Време на започнување
Sekogas i sekade pisuvam i zboruvam toa sto iskreno mislam...:toe: nema potreba od lazenje ili izmisluvanje...:pipi:
 
Секогаш се трудам да бидам искрен, без разлика на изопаченоста на етичко моралниот кодекс во ова современо општетство и непочитувањето од страна на човекот.
За жал ретко се наоѓа вистински пријател денес.
 
ДА но се случува да згрешам па поправките се добредојдени.
 
ништо не е точно! јас чим куцнам некој бајт на форумв да знаете дека ништо не е вистина - (дури и ова:)) ама во секој случај поубаво да живеете во лага одколку во болна вистина.

ок, тоа што не кажуваш вистина си е твое право.мада не знам зашто имаш потреба да лежеш на форум.ама нема врска како си сакаш,така.
а за тоа што викаш дека е поубаво да се живее во лага отколку во болна вистина не се согласувам.глупаво е да се лажеме, зашто еден ден ќе мора да се соочиме со болната вистина, сакајќи или не.

сеа за мене да кажам.се согласувам со повеќето, нема зашто да се лаже на форум, ако не сакаш да кажеш тоа што мислиш, не мораш воопшто да се регистрираш.не глеам причина да пишуваш нешто што не мислиш на форум.
 
70% од тоа што го пишувам е точно 30% лага..
 
До сега не сум излажал на форумов ништо 100% сум си искрен и се што си имам дирекнтно си кажувам
 
Искрена сум секогаш и на форумов а и секаде на друго место. Не гледам причина зошто не би била искрена, посебно на форум. Ако нешто не сакам да кажам тогаш воопшто и не го пишувам, немам потреба од лажење.
 
не знам .. тоа други треба да кажат . ама ако си си давам од 1 до пет отцена едно 4 ќе си ставам =)

П.С. ми тргна со четворкиве :tapp:
 
хх... незнам...искрен сум, но неретко се случило да излажам за некои ствари, сите ние лажеме, така?
 
Сите лажат.И ја лажам:).Лажам таму кај што треба а нелажам кај што нетреба.Не си играм со тие работи лажги и слично едноставно се плескам у фаца па ако треба и тепачка нека има(дека му е криво на тој што му кажувам).Лажам од заебанција ретко,многу ретко од потреба.
 
Да, дефинитивно сум искрена..Немам причина да лажам или да измислувам некои работи..
Доколку не сум компетентна да одговорам на некоја тема не одговарам..:toe:
 
Некогаш и преискрена, та постовите кои ќе си ги препрочитам ми делуваат малку предиректни, пренападни, сурови можеби. Затоа се трудам да пишувам во некоја скратена метафора, за да не изгледа мојот пишан израз толку директен. Инаку, многу се почитувам себеси, до толку што сакам да си имам чиста совест која не ми дозволува за посериозни работи директно да лажам. Инаку, се случува напати да ја задскријам вистината или пак минимално да ја преформулирам во моја полза. Тоа го правам со комбинацијата на зборови која може да е поблага или понервозна.
 
Колку што ми дозволува моментот да бидам искрена, толку.
 
Искрен сум до коска :icon_lol:, или колку што можам а да не биди невкусно.
 
Колку што ми дозволува моментот да бидам искрена, толку.

Моментот е само една точка од твојот живот...Сепак се согласувам дека постојат моменти во кои не можеме да бидеме искрени.Постојат такви моменти во кои вистината е рамна на самоубиство и сепак тие се упростени.Но лажење само за да му се наштети на некој друг е нешто подмолно и најнавредливо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom