Колку сте искрени?

  • Креатор на темата Креатор на темата Маwечко
  • Време на започнување Време на започнување
Скоро секогаш :)
 
искреноста има вои граници, не постои човек кој е целосно икрен.....некад има ситуации кога не треба да се биде искрен со цел да се одбегне некоја непријатна ситуација или пак коа сакам нешто да си го зачувам за себе си па ќе кажам друго.....
 
Почнувам одпрвин да ја вртам работата од околу, ама ако тоа трае повеќе од 20 секунди, почнувам апла да кажувам се. Дури и работи кои не треба да се кажат јас апла ги кажувам. Или поинку речено : у фаца им ги лепам, ама сепак сум искрен. :)
 
па со тие шо ми значат нешо сум искрен , а во 95% од случаите и со останатите ... е сеа некогаш мора да се лажи, некогаш за мое добро некогаш за добро на останатите
 
85% од постовите ми се искрени, е сеа знам и да лажам како и секој обичен човек :)
 
Се што кажувам на форумов е вистина, за ништо не лажам, немам причина за тоа :toe:
 
Не верувам дека никој ништо не излажал до сега.... околу 80% искрени одговори..
 
Се што сум напишал досега на форумот е вистина. :smir:
 
На форумот секогаш ја прикажувам вистинската слика за мене, едноставно од причина што никој не ме знае и не ме гледа додека го пишувам ова,а и затоа што нема да постигнам апсолутно ништо ако постирам лаги.А и кого би лажела себеси?
Во реалноста сум искрена во 95 % од ситуациите и обично лажам за некои ситни нешта, а оние кои ме познаваат знаат дека не можам да лажам подолго од една минута,затоа што почнувам да се смеам...
Единствената личност која што најмногу ја имам излажано -сум јас самата(секогаш кога сум се разочарала во некој-всушност сум се разочарала од себеси)
 
100% само дозволувам да бидам сфатена како што сака тој што ме чита/слуша..
Епа ако си го сконта другачие муабетот соговорникот.. Не е дека лажам..
Тоест да речеме..
Иам навика да преќутувам само.. Или да не довршувам.. *Направи сам*
 
Па сум искрен , признавам за нешто што сум направил , а лажам само за заебанции,или понекогаш да се заштитам.
 
Премногу искрена дури може да ми се нарече и како маана.Едноставно тоа што го мислам и чувствувам веднаш и го кажувам без влакна на јазикот сум директна максимално:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom