Колку сте искрени со партнерот/ката?

  • Креатор на темата Креатор на темата Никола
  • Време на започнување Време на започнување

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Знаеме дека се дупите ко фоки или моржови (не знам од каде споредбава, се дупи ко фока, ама да кажеш се дупи ко свиња може е навредливо), но кога доаѓа моментот кога се опуштате потполно и му кажувате се од своето минато на избраниот/а?

Дали сте си кул и во мир со себе и чувствувате дека можете да се опуштите и да можете да си кажете се`, ама се` кое ви лежи на душа..
Дали некои работи треба да останат само за вас.. Дали не заслужува тој/таа со која што сте да знае се, да се изнакажите што имате, да си се разберете и бидете спокојни..
Сте биле ли во ваква дилема и ако се двоумеете да бидете наполно искрени, дали тоа можеби значи дека сепак, сеуште не сте подготвени да бидете што знам, за сериозно заедно , што и тоа да значи.
 
Го прескокнувам првиот дел, па одам на вториот.
Значи, за воопшто да можам да водам љубов со некого, мора да сум опуштена, да му верувам, да го сакам и сл. Но, тоа секако не значи дека целиот живот можам веднаш да му го раскажам, иако не би ми било проблем, кога веќе го чувствувам близок. Секако треба време и добро е постепено да се запознаваме, за да не направиме се` во еден ден де.:)
А дали баш сите работи би ги споделила? Па не верувам дека има таков човек, иако не сум одбила до сега да кажам нешто, што ми изгледало дека му е важно да партнерот. Јасно, секогаш има работи кои ако другиот не ги знае, не знае ни како да праша за нив, а тие, ако ни се посебни или ептен интимни, остануваат само за нас дефинитивно.
На крај се сведува на тоа дека никој за никого никогаш не знае се`, што најверојатно е и нормално.
 
За 90% од работите сум искрен со секоја ... Али има теми на кои што избегнувам одговор или лажам .
со време научив дека некои ТЕМИ што и кажиш ке има последици ...
Накратко еве ги .
Например никогаш на девојка која нема многу сексуално искуство не и кажувам колку такво јас имам ... Пробвам да ја избегнам темата најчесто али ако нема излез лажам.
Исто важи и за прашањето :„ Колку си имал пред мене “ , момци ова е како совет ... НИкогаш ама никогаш немојте то прашање да го одговарате искрено . Ако пред неа се малку ке почне да се понаша ко да е божество , ако се многу ке и ја падните самодовербата и ке си имате мака .
Истото така избегнувајте да го изразвате своето мислење за нејзините другарки ... никогаш не завршува добро тоа .

И да бидиме сериозни независно дали е правата или ... секој врска си има мали лаги , дали ке се бели лаги како моиве , или ке се избегнувања на вистината ... секогаш ги има . Зато јас си имам разработен систем на превентивни потези како овие горе . Недај боже да се деси да кажам а типката да е стварно некоја со која сакам да го поминам животот ... па после заради то кое го кажав цел живот да си имам мака .
 
по поголем дел од времето поминати заедно и блискоста која ја чуствувам за партнерот и се осеќам сигурна со него во секој поглед кога ми дава до знаење дека ме сака и му значам тогаш сум отворена зашто да не и разговарам често со него за работи од минатот шо уште ми оставиле лузни кога животот ми се загорчил ... потполно ме разбира за све и ми дава подршка во секој поглед но сепак неможе да знае све просто не е можно тоа ни па јас за него
 
Како личност, во генетиката ми е вродено да сум премногу искрена со луѓето, иако најчесто тоа не се цени.
Така и со партнерот, да, потполно искрена во секој поглед, отворено разговарам за се и споделувам се, всушност тоа е обострано :)
 
Отворен сум колку што сметам дека е потребно... Не можам на пример подеднакво отворено да зборувам со девојка со која одам два месеци, и со друга со која одам 2 години на пример. Со тек на време, како што се зближувам со неа, се' повеќе ја упатувам и запознавам со сите (ситни) детали до моето секојдневие.
 
Знаеме дека се дупите ко фоки или моржови (не знам од каде споредбава, се дупи ко фока, ама да кажеш се дупи ко свиња може е навредливо), но кога доаѓа моментот кога се опуштате потполно и му кажувате се од своето минато на избраниот/а?

Дали сте си кул и во мир со себе и чувствувате дека можете да се опуштите и да можете да си кажете се`, ама се` кое ви лежи на душа..
Дали некои работи треба да останат само за вас.. Дали не заслужува тој/таа со која што сте да знае се, да се изнакажите што имате, да си се разберете и бидете спокојни..
Сте биле ли во ваква дилема и ако се двоумеете да бидете наполно искрени, дали тоа можеби значи дека сепак, сеуште не сте подготвени да бидете што знам, за сериозно заедно , што и тоа да значи.
Мразам мажи со големо сексуално минато и никогаш не би легнала со таков, така што не би ни дошло до ова да ми раскажува дешавки од минати случки у кревет.
Иначе ако се замислам у оваква ситуација хипотетички би помислила дека типот ми се фали и дека сака да остави впечаток на јебо ,,машка курветинка,, промискуитетен фраер и позади фалењето секогаш стојат одредени фрустрации така што би помислила дека запараво типот не ужива во самиот сексуален чин со различните девојки што ги легнува туку ужива во рецките над кревет и фалењето пред друштво со снимките од сексот што демек го имал, а може еднаш годишно легнувал по една женска и демек јак јебо се праи, некој дечко у сериозна врска секој ден си добива секс а не се фали со тоа а овој ќе се испофали само за еднаш годишно со рандом курва што ја собрал по пат и патем закачил рандом вирус.
 
Мразам мажи со големо сексуално минато и никогаш не би легнала со таков, така што не би ни дошло до ова да ми раскажува дешавки од минати случки у кревет.

Освен ако не живееш во село со 300 жители, кај што секој знае кој со кого се „почитува/л“, немаш многу големи шанси да знаеш колкаво сексуално минато имал момакот. А и не ја гледам поентата на мразење (или недопаѓање, ако зборот мразење сепак увидиш дека е пресилен) на некој поради тоа со колку се има плеснто...

он: Дозирам. Во принцип кажувам извадоци од минатото, па он ќе си увиди за што станува збор... Со тоа што, после доволно време, од сите тие моменти за кои ќе знае, би можел да си ја изгради целата слика... Ама не - од старт на никој не му раскажувам сè за мене, нема потреба.
 
се бе се кажува....да знаеме како и шо до подобро взаемно задоволство:toe:
 
Секогаш сум искрена, не само во врска со партнерот, туку во се. Доколку би криела нешто од него не би се чувствувала добро:toe:
 
Например никогаш на девојка која нема многу сексуално искуство не и кажувам колку такво јас имам ... Пробвам да ја избегнам темата најчесто али ако нема излез лажам.
Исто важи и за прашањето :„ Колку си имал пред мене “ , момци ова е како совет ... НИкогаш ама никогаш немојте то прашање да го одговарате искрено . Ако пред неа се малку ке почне да се понаша ко да е божество , ако се многу ке и ја падните самодовербата и ке си имате мака .
Истото така избегнувајте да го изразвате своето мислење за нејзините другарки ... никогаш не завршува добро тоа .

Без разлика дали си одговорил искрено или не , искусната женска сама ќе примети дали ти си искусен или не, колку ти умееш да ја задоволиш и како реагираш додека сте во кревет

Тоа одма се осеќа, уште кога ќе ја налегнеш :wink:
 
И да не кажам, живеам во мало место, ќе си дознае сам што го интересира, затоа поарно е да си кажам сама (не се, али 90% би кажала) и да речам тоа е се, за после и да дознае некој податок плус да кажам дека тоа се само муабети и дека што имало за кажување сум кажала.
 
Најискрено и кажувам дека нема да одговарам на такви прашања за моето минато, исто така несакам ни она да ми кажува за нејзиното минато. Можда кога бев мал кажував и лажев и правев како што мислев дека е правилно за да изгледам како фраер. Во последните 5-6 години не одговарам на многу прашања што се однесува до мене и моето минато.
 
Na devojka da i kazuvam za bivsite, cuvaj boze nema sansi toa.....inaku za iskrenost so segasnava sum iskren barem vo 99% od vremeto, zatoa sto mislam deka go zasluzuva toa, ne ja varam zatoa sto ne bi mozel da ja povredam , i normalno si mislam deka e vistinskata i taka natamu....vazno iskrenost pred se za stabilna vrska ( i dobar sex normalno) :music3:
 
Најискрен сум. Ја ценам нашата врска. Знаеме се еден за друг. Досега сме имале многу расправии кои не ја разнишали ни најмалку нашата врска туку само ја зацврстиле. ТИе караници и разговори со расправии не учат што не треба да правиме за да не с еповредуваме. Сакам да кажам дека ДОвербата и искреноста сее најважното нешто за добра врска.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom