Мистичен
Човек
Од осамостојувањето на Македонија до денес, во Судскиот регистар се евидентирани 139 политички партии, од кои 78 се активни. Оваа бројка пред парламентарните избори ќе биде и над 80, бидејќи веќе е најавено формирањето на три нови партии. Вчера беше промовирана Партијата за економска обнова, а пратеникот Тито Петковски на 30 ноември ќе одржи основачко собрание на својата нова партија. И неговата колешка Лилјана Поповска најави дека ќе создаде нов субјект позициониран во центарот.
Незадоволството и безнадежната состојба на граѓаните, најавите за голема апстиненција на претстојните парламентарни избори и отсуството на демократија кај постојните политички партии се главните причини за фрагментирање на партискиот систем и за создавање нови мали политички субјекти, тврдат експертите.
Анета Јовевска од Институтот за социолошки и политичкоправни истражувања, вели дека во Македонија се јавува ефектот на "супермаркет", кога има многу партии, но нема квалитетна понуда.
- Иако е тешко прецизно да се одредат причините за масовното создавање нови партии, сметам дека пресудна е акумулацијата на незадоволство кај граѓаните. Тие се разочарани од состојбата во која живеат, а вината за тоа ја префрлаат на постојните партии. Во таква ситуација се јавува висока апстиненција, што од друга страна претставува мотив за новите партии да успеат да ги привлечат неопределените. Најчесто овие избирачи се целна група на новите субјекти - вели Јовевска.
Таа смета дека создавањето нови партии се случува и поради процесите во сегашните партии, кои се мошне централизирани, без демократија и без можност за фракционерско дејствување во нив.
Според Јовевска, помалите партии се појавуваат преку ноќ и исто така исчезнуваат. Нивната улога единствено може да се зголеми само ако имаат капацитет да коалираат со некого.
Според политичкиот аналитичар Мерсел Биљали, Македонија е една од најдемократските држави, бидејќи во неа има повеќе од 70 активни политички партии.
- Тоа е доказ дека се уште не е дефинирана политичката сцена во Македонија, но и гласачкото тело. Програмите речиси на сите партии се исти и не нудат ништо ново. Новите партии се резултат на лични несогласувања на самите политичари, од кои повеќето биле дел од постојни партии. Се работи за борба за власт и желба да се обезбеди пратеничко место - вели Биљали.
Тој додава дека појавата на многу партии е штетна за државата и навестува дека ќе има тешкотии при составувањето и функционирањето на новата Влада. Биљали потсетува дека и најстарите демократии во светот функционираат со три или четири партии.