Koлку ни е “бел образот“?

  • Креатор на темата Креатор на темата The_Red1
  • Време на започнување Време на започнување

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Посоодветно име не ми текнуваше, битно суштината е таа.

Имено, станува збор за следнава ситуација.

Најпрвин замислете дека форумов и кајгана ги нема. Значи нема каде да не читаат, нема каде да кажуваме колку сме ние паметни, совесни, добронамерни, среќни, луѓе со она човечкото во нас и златца на тато и принцезички на мама. Едноставно нема каде врз основа на нашата 'човечност' да ни лепат лајкчиња и допаѓања. Форумов и се што е поврзано со него ги нема.

Идеме сега на главната ситуација:
Влегуваме во продавница, дали за спортска оригинална опрема, дали некоја за технологија налик Сет, Нептун, Амц итн итн и си разгледувате што има, како има, како се движат цените, што е ново, што е најново.

Тука ке ставам две ситуации, за нели, ако сме премногу добродушни да се вадиме на втората.

Прва ситуација: Треба да го почекате другарот, пријателот, партнерот или колегата од работа па додека го чекате влегувате да разгледате, не планирате ништо да купите, туку да “убиете“ време.

Втора ситуација: Сте отишле со намера да ги потрошите парите што (хипотетички) 4 месеци сте ги штеделе или пак сте се откажале од одмор, некоја сума од 300, 400, 500 евра па нагоре за оригинал патики, професионален апарат, скап објектив, ајпад, лаптоп, најмодерен телефон, или пак во продавница за часовници за некој скап часовник. Било што.

Главното:
Додека разгледувате ви се приближува човек што прв пат го гледате, не знаете ни кој е, ни што е (битно не е вработен!) и почнува муабет со вас. Целта му е да ви го (дипломатски кажано) “продаде“ производот за кој сте заинтересирани т.е. да го (улично кажано) украде производот за вас.

Настрана ставете ги следниве работи:
-Он не е вработен, не се сомневате во тоа.
-Вас не ви е битно како он ќе успее да го украде производот, битно ќе го украде.
-Производот ви го нуди на пола цена (само без кутија и без гаранција).
-После предавањето на производот никогаш повеќе нема да се видите.
Значи станува збор за 100% сигурно завршена работа, а како? - Воопшто не не интересира.

Клучното прашање ми е:

Што ќе направите и како ќе реагирате ако ова ви се случи токму вас?
Потпрашање: Дали би го пријавиле крадецот? (Продавницата не дава бакшиш за пријавување крадец!)

п.с. Ќе ве замолам да не ми мудрувате за часовниците, знам дека во B-watch има 50% попуст со секоја 10ка во индекс до крај на Јуни. :P

п.п.с. Истото се однесува и на лаптопите и телефоните, знам дека може веднаш после тоа да ве најдат ама идеме по претпоставка дека освен вие и крадецот никој друг нема да знае за украдениот производ.

------------------------------
Како што е редот да си кажам прво јас. Ќе почнам со втората варијанта.

Ситуација 2:
50% “попуст“ за нешто што сум решил да го купам, а воедно ќе ми направи убава дупка во џебот или картичката, не е воопшто мала сума. Со самото тоа што знам дека он ја брка цела работа, јас не сум вмешан во тоа, он ќе успее и нема потреба да се плашам за понатамошни проблеми - би прифатил. Вака кога размислувам, кога не ми се случило сеуште такво нешто (таква понуда) - да, би прифатил. Мада боде очи тоа што поради мојот кејф некој може да остане без работа, ама пак жешко е...мора да се иде на одмор и да се сликам со профи апарат.

Ситуација 1:
Зависно од цената. Најбитно тука би ми било убаво да размислам колку вистински ми треба тоа нешто и колку ми е неопходно. Ако имам таблет и ми нуди таблет не би прифатил дефинитивно. Ако имам телефон со Андроид 2.3 а ми ја нуди новата С5-ка хмм...би прифатил и тоа, добра зделка паѓа. А пак ако се работи за цена од 200 евра да речеме и да го земам за 100 на такви околности...мислам дека не би прифатил, ама пак и ниту би го пријавил.

Сума сумарум образот ваљда сив ми е. Ај да го видиме и вашиот.
 
Ситуација 2 -Дил.
Кој не би прифатил ? освен ако има фазла пари за фрлање тоа е веќе друго.
 
И во дветте ситуации само ќе гледам културно да го откачам и да излезам од продавницата, потоа ќе го чекам и он да излезе, ќе го начекам позади некој ќош и рекет и ќе му отиде украдениот производ. Он неможе да пријави ништо бидејќи производот он го украл, и јас ќе си земам нешто без да потрошам пара. Svet je lep kada sanjamo
 
Еее таман ја ко што бев нарекуван квази-моралист од одредени членови. ко за мене ова напраено.

Значи се подразбира дека ова е универзум каде што ја сум сигурен дека доколку успее ова, нема да бидам откриен.

Прва работа што би ми паднала на памет во двата случаи е дека сум ставен на некој social experiment, или уште полошо, типот е некој вид цајкан (што по не е веројатно). Затоа би одбил у двата случаи.

АЛИ, ако сме у таков универзиум каде сум свесен дека понудата е сосема legit и не е лага, туку сум 100% сигурен дека ќе се исполни, тогаш правиме муабет.

Првата ситуација, не би прифатил. Да занемариме дека се работи за кражба, ја сум таков човек што доколку на некоја промоција "Купи за 100 нешто што вреди 200", не би го купил. Значи ако такво нешто видам за некоја работа што не планирам да ја купам, не би дал пари. Такада првата ситуација е не.

Втора ситуација: Прифаќам. Контра на претходната ситуација, баш таков човек сум, кога ми треба нешто, гледам да го земам поефтино. Овојпат сум сигурен дека нема да бидам обвинет за ништо и дека со сигурност ќе го добијам тоа, а ако типот е толку успешен, никој нема да наебе ни од продавницата пошто нема да се има доказ како се случила кражбата, при што нема можност некој да биде обвинет за кражба поради недостаток на докази. Секако, парите ги давам на крајот, не унапред. Јас заминувам со пола новчаник полн наместо целосно празен плус тоа што ми требало, типот е душевно исполнет пошто ми помогнал, а продавницата продолжува да постои.
 
2те ситуации би ги прифатил.
 
Првата ситуација ми се случи вчера, околу 18 и 30 часот во продавницата на Нептун во Струмица.
Влегов онака... да изгубам време, не планирав ништо да купам, евентуално да видам како одат лаптопи...
И, гледам едно авто радио АКАИ, ретро дизајн, како од 90-тите, мало екранче, големо копче кое се врти, УСБ влез убаво замаскиран... Мислиш 1990 произведено, и си викам ова морам да го имам, на жената колата е таман од раните 90-ти, и убаво ќе легне внатре, таман period correct со колата наместо современото кое стои во неа...
Цената... 1830 денари, џабе - си велам во умот и веднаш го купив.
Звучници не ми требаат колата има солидни четири монтирано... супер поминав :)
Втора ситуација...
Звучи примамливо да имаш нешто така доста поефтино.
Но, познавајќи се себеси, сигурно нема да прифатам такво нешто бидејќи умот ќе ми отиде дека полиција еден ден ќе го фати, па ќе каже продал стварта, па ова она, па би ми го заплениле, а будала... може да каже дека крадени ствари ми продавал па да излезам соучесник... па докажувај се наоколу... Сепак, имам некаков углед во средината каде живеам, и воопшто не ми е во прилог да ризикувам, бидејќи во иднина би изгубил премногу.
Сепак, не би го пријавил ни во самата продавница, ниту во полиција. Културно, дискретно би го откачил, и тука би завршил муабетот.
 
Не би ги прифатила ни двете ситуации.

Прво, како што спомна погоре Рики, ќе помислам дека се работи за некоја превара, дека можеби е некој полицаец или слично.
Второ, ако веќе сум одвоила пари за да си купам нешто што ми треба или што го сакам, тогаш тие пари ми се испланирани за тоа. Секако дека би било добро ако легално го добијам производот за помалку пари, али во овој случај не би ризикувала.
Трето, ако производот ми е даден без гаранција, во случај да се расипе, ќе не можам да го заменам и наместо да „заштедам“, ќе останам без првично планираниот производ и ако ми е неопходен, ќе треба повторно да го купам истиот и ќе бидам во загуба „Сиромавиот дупло плаќа
Четврто, би го пријавила крадецот, бидејќи иако не учествувам во „продажбата“ свесна сум дека е нелегално и дека крадецот свесно и наштетува на продавницата, заедно со тој што ја прифаќа понудата.
 
Работата е во тоа што ако го фатат крадецот и го пронајдат украдениот предмет истиот ке биде одземен од вас и ке биде вратен на сопственикот така што ке си останеш ем без парите ем без предметот а настрана тоа што ако се утврди дека си знаел дека предметот е украден ке сносиш и кривична одговорност за помагање, прикривање, поттикнување...... така што во такви ситуации секогаш имајте на ум дека никогаш неможе да бидете сигурни како ке излеле работата, ништо не ви вреди тоа што парите ке ги дадете одкако ке ви биде даден предметот, секогаш може пандурите да ви позвонат на врата и да останете обелени во очите.
 
Не може не се прај паментен..вика 100 % си безбеден..

Иначе јас би прифатил во двете ситуации...единствена шанса да не прифатам би имало ако сум милионерче :D....ЦРН ОБРАЗ ама полн стомак (y)
 
Темава буди дилеми...
Али јас сепак би одбил во било која ситуација, затоа што знам дека ќе имам грижа на совест и знам дека ќе се превртувам навечер заради нешто за кое сум имал доловлно пари да го купам, за мене ова не вреди...
Човекот не би го поткажал, зашто незнам на каква мака е, али културно би му рекол дека I'm not the right man for this job....
И ја верувам дека секој има грижа на совест, али доживувањето на истата е различна кај секој.
 
И во дветте ситуации само ќе гледам културно да го откачам и да излезам од продавницата, потоа ќе го чекам и он да излезе, ќе го начекам позади некој ќош и рекет и ќе му отиде украдениот производ. Он неможе да пријави ништо бидејќи производот он го украл, и јас ќе си земам нешто без да потрошам пара. Svet je lep kada sanjamo
\
Да. Баш свет је леп када сањамо.
Проблемот настанува тогаш кога 'едниот крадец' (не ти!) е посилен од 'другот крадец' (сега ТИ!).
У оваа ситуација би дошла народната Ни волците сити, ни офците на број.

Првата ситуација ми се случи вчера, околу 18 и 30 часот во продавницата на Нептун во Струмица.
Влегов онака... да изгубам време, не планирав ништо да купам, евентуално да видам како одат лаптопи...
И, гледам едно авто радио АКАИ, ретро дизајн, како од 90-тите, мало екранче, големо копче кое се врти, УСБ влез убаво замаскиран... Мислиш 1990 произведено, и си викам ова морам да го имам, на жената колата е таман од раните 90-ти, и убаво ќе легне внатре, таман period correct со колата наместо современото кое стои во неа...
Цената... 1830 денари, џабе - си велам во умот и веднаш го купив.
Звучници не ми требаат колата има солидни четири монтирано... супер поминав :)
Втора ситуација...
Звучи примамливо да имаш нешто така доста поефтино.
Но, познавајќи се себеси, сигурно нема да прифатам такво нешто бидејќи умот ќе ми отиде дека полиција еден ден ќе го фати, па ќе каже продал стварта, па ова она, па би ми го заплениле, а будала... може да каже дека крадени ствари ми продавал па да излезам соучесник... па докажувај се наоколу... Сепак, имам некаков углед во средината каде живеам, и воопшто не ми е во прилог да ризикувам, бидејќи во иднина би изгубил премногу.
Сепак, не би го пријавил ни во самата продавница, ниту во полиција. Културно, дискретно би го откачил, и тука би завршил муабетот.
Не е баш иста ситуација ама нејсе.
За болдираното - ме немаш сфатено целосно. Ти викам ете, знаеш дека нема да бидеш фатен, нема полиција, нема докажување, нема соучеснишгво. Тоа за кое си штедел 4-5 месеци го добиваш у пола цена и никој не дознава за истото, па ако сакаш ти курчи се низ маало.
Не би ги прифатила ни двете ситуации.

Прво, како што спомна погоре Рики, ќе помислам дека се работи за некоја превара, дека можеби е некој полицаец или слично.
Второ
, ако веќе сум одвоила пари за да си купам нешто што ми треба или што го сакам, тогаш тие пари ми се испланирани за тоа. Секако дека би било добро ако легално го добијам производот за помалку пари, али во овој случај не би ризикувала.
Трето, ако производот ми е даден без гаранција, во случај да се расипе, ќе не можам да го заменам и наместо да „заштедам“, ќе останам без првично планираниот производ и ако ми е неопходен, ќе треба повторно да го купам истиот и ќе бидам во загуба „Сиромавиот дупло плаќа
Четврто, би го пријавила крадецот, бидејќи иако не учествувам во „продажбата“ свесна сум дека е нелегално и дека крадецот свесно и наштетува на продавницата, заедно со тој што ја прифаќа понудата.
Прво, дали уопште ме прочита? Баш како Рики ама Рики најубаво има објаснето. Од две има извадено 4 варијанти. Значи Полицаец нема и нема да има. Уште помалце некој hidden prank.
Второ, си одвоила пари да го купиш ама мора да бираш - или нов мобилен од 500 евра и нема да имаш одмор, или 250 евра истиот мобилен, само што сеа ќе можеш да си дозволиш некој поскромен одмор. What now?
Tрето, мило ми е што “запознав“ малер поголем од мене. Баш ќе ти се расипе и нема да може да се поправи поефтино од сумата за која реално кошта.
Четврто, како побогу ти и наштетуваш на продавницата? Ти воопшто не си директно инволвирана во случувањето. Ти фугуративно купуваш производ на старо и тоа е тоа.

Работата е во тоа што ако го фатат крадецот и го пронајдат украдениот предмет истиот ке биде одземен од вас и ке биде вратен на сопственикот така што ке си останеш ем без парите ем без предметот а настрана тоа што ако се утврди дека си знаел дека предметот е украден ке сносиш и кривична одговорност за помагање, прикривање, поттикнување...... така што во такви ситуации секогаш имајте на ум дека никогаш неможе да бидете сигурни како ке излеле работата, ништо не ви вреди тоа што парите ке ги дадете одкако ке ви биде даден предметот, секогаш може пандурите да ви позвонат на врата и да останете обелени во очите.
Прочитај ме пак, можеби пропушти нешто битно во првиот пост.

Темава буди дилеми...
Али јас сепак би одбил во било која ситуација, затоа што знам дека ќе имам грижа на совест и знам дека ќе се превртувам навечер заради нешто за кое сум имал доловлно пари да го купам, за мене ова не вреди...
Човекот не би го поткажал, зашто незнам на каква мака е, али културно би му рекол дека I'm not the right man for this job....
И ја верувам дека секој има грижа на совест, али доживувањето на истата е различна кај секој.
Хмм...како што кажав погоре - тоа ти е исто како да купуваш зачуван производ на старо. Фактот дека он го украл постои ама ти не си поврзан со него.0
Ако не си ти ќе биде наредниот, ако не биде наредниот ќе биде тој после него. Он сака да најде сигурен купувач и да си ја заврши својата работа а “муштеријата“ да му биде задоволен.

У реду е луѓе, не ви наметнувам мислење туку со цитирањево ви сугерирам на некои детали што сте ги испуштиле. Пис.
 
@The_Red1 Изгледа ти не ме разбираш...фактот дека јас знам дека некој украл нешто со моја согласност и со намера да ми го продаде мене за пола цена е она што мене ќе ме прогонува и ите како ме поврзува. Така да јас нема да бидам тој, ако рики влезе после мене и си напраи диал со батката онда тоа е на негова совест, не моја така?
Ова ти е активен и пасивен крадец. Ја незнам како може некој толку свесно да се залаже со муабетов "абе он го укра, не јас"???
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom