Во принцип ги чувам подалеку од мојата врска или од случувањата во неа, но сепак, јас сум многу блиска со мајка ми, често заборавам дека ми е мајка, ја доживувам како пријателка. Важни ми се нејзините мислења, но не и пресудни. Со татко ми и да сакам да зборувам, ќе ми рече, млада си, што си се закачила со овој, ајт таму пиј забавувај се

Така што, сериозен муабет со него на тема врски - нема

.
Мислам дека и самите не ни сакаат да ми се мешаат во љубовниот живот, од проста причина што и тие се навикнати никој да не им се меша. Иако баба ми (мајка на мајка ми) и зборувала на мајка ми дека татко ми е многу стар за неа (замисли, цели 7 години!) сепак, тука останало се.
Почесто се случува јас да побарам од нив совет, него тие да прашаат нешто. Пред некој месец гадно се скаравме со дечко ми, а моите не беа воопшто во Скопје. Јас и се јавив на мајка ми, само да ја слушнам, и да и поплачам малце. Не ме ни распрашуваше, и јас тоа го ценам многу.
Никогаш не ми се мешале во изборот, и знаат дека не би ни можеле да ми ,,забранат,,. Затоа и не се ни труделе до сега со таква тактика, едноставно знаат да кажат што е тоа што не им се допаѓа, па јас да си одлучам.