Колку деца би сакале да имате?

  • Креатор на темата Креатор на темата barbie
  • Време на започнување Време на започнување

Колку деца би сакале да имате?


  • Вкупно гласачи
    1.142
Колку ќе имам пари и нерви да ги издржувам, ама макс. 4. Појќе е претеризам. Дома ќе ми биде како детска градинка. Па тек кога ќе попораснат... вецето увек зафатено, телефонот увек зафатен. Мир дома - апстактна именка.
Убава работа се децата, ама стварно треба мнооогу нерви да се излезе на крај со сите нив.
 
абе лесно е да се каже сакам сакам

дојди направи го/ја
после 15 години храни го/ја ,нервирај се со него/неа ,тепај го/ја ако е не слуша
и уште милион други проблеми


сите сакаме деца ама само сакаме ама кој ке ги чува и пази :wink:
 
абе лесно е да се каже сакам сакам

дојди направи го/ја
после 15 години храни го/ја ,нервирај се со него/неа ,тепај го/ја ако е не слуша
и уште милион други проблеми


сите сакаме деца ама само сакаме ама кој ке ги чува и пази :wink:

Ти со госпожата. :wink: Исто како што некој тебе те пазел, мазел, бришел, хранел, тепал и воспитувал. :)
Тешки се за чување, ама затоа кога ќе ти насмее нема достојна цена чувството.
Врв на животна кариера ти е тоа, второстепено е се` што имаш постигнато и колку си успешен/на. Така што се` што следи како "жртва" додека се осамостои треба да се даде максимално од страна на родителите во рамките на нивните можности. :)
 
јас ке имам три деца
ако тие три се девојчиња ке продолжам да правам додека не го најдам теркот за машко
 
три--две женски и едно машко или пак две--едно машко и едно женско:pipi:.....али има време...ќе видиме:smir:
 
Па 2 деца се доволно за скромна фамилија. Инале за имиња... за женско Наталија ми е фаворит, а за машко ...... има време.
 
јас имам 2 деца,ама би сакал да имам најмалку 3.само со жена ми и двајцата се согласуваме дека е тешко да се издржи финансиски за да на тие деца им овозможиш еден среден живот.на среден живот мислам да можеш да им овозможиш школување,годишен одмор ...пристојно место за живеење
 
Јас исто така имам две дечиња , и сега за сега се таман, за понатака(или трето дете за пензија/паричен надомест) ќе размислиме со другава половина:smir:
 
едно машко и едно женско сакам да имам со сигурност.
а за трето/четврто ќе видиме, не можам сам да решавам ебаго:pipi:
 
Ако е со тој што го сакам ќе имам 3,ако е со друг едно или 2
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom