Колкава Плата?

  • Креатор на темата Креатор на темата m_donakov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
15 септември 2008
Мислења
39
Поени од реакции
0
Здраво јас сум нов на форумов, сега се зачленив а го читаам долго време. Ме интересира што мислите која би била пристојна плата за работа на пример во мало интернет кафе(12 компјутери)? Да земеме во предвид 2 смени од (10-18 и 18-02) од понеделник до сабота.
 
Зависи колку е фреквентно местото и какви услуги има освен интернет. Од многу работи зависи колкава е платата, од киријата ако плаќаш дали тебе ти се исплати да вработиш двајца и пак да имаш ќар дупло повеќе.
 
кај нас вработениот беше платен 200 ден имаше 6 компјутери, 3 покери ,сони ,пикадо, почнуваше покасно не од 10 ама па 2ра смена можеше и до сабајле да остане па види ти си знаеш сеа ако се само компјутери помалку промет ке има ама пак толку треба да биде платата 150-200 ден од смена:salut:
 
Не мене на ова прашање ме потикна следното, другар работи во интернет кафе со 12 компјутери, имаат принтање, скенирање, меѓународни разговори итн... местото е мирно ко библиотека нема деца нема галама само повозрасни луѓе што си седат на интернет. Он работи една недела прва смена значи од 10 сабајле до 18 и една недела втора смена од 18 до 02 по полноќ, не го тераат да чисти ништо освен да измие пепељари, чаши од кафе и нормално ако има пепел да забрише некоја масичка. Работи за дневница од 300 денари јас мислам не е лошо?? а он само се жали. И затоа ме интересира што вие мислите еве за тие услови
 
што му е него па што сака тој повеке кај нас галама имаше, требаше да чистиш ,покери кога има знаеш како е ,а тој само компјутери седнат од сервер ги гаси ги пушта и не му се свиѓало тоа е бомба бе
 
А да додадам заборавив, + пријавен и не му праат газдите проблеми коа сака може да земе слободен ден :salut:
 
Кажи му да ќути и да работи ако му се работи. :smir:
 
Абе за плата одреди од приходите колкави ти се и профитот. Све е бизнис како вика мојата професорка по бизнис.
 
А бе речи му на другар ти нека не работи повеќе од колу за 300 денари дено. Пошто тој е незадоволен оти му плаќаат 300 дено а тој работи за 400-500. Значи нек намали малце темпо, нек не бриши баш секоја масичка и не мије секоја чаша и не празни секоја пепељара, и нек не седи на работа повеќе од колку што треба за 300 денари денот.
Проблемот не е кај газдите, проблемот е кај другар ти зато што работи повеќе од колку што е платен.
 
Колкава плата земаат продавачите во Нептун-маркетите за техничка роба? Баш ме интересира,бидејќи ме викнаа на интервју и не знам дали да одам(бидејќи веќе работам нешто друго).А и поради тоа што работат и во сабота,што мене ми паѓа ептен тешко,однапред благодарам на искрените одговори!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom