Која е форумџиката? :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.551
Поени од реакции
35.667
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
НОВА МАКЕДОНИЈА: Интернет, тригонометрија и секс-совети

Професорот ги пишува задачите на табла, а тие ги решаваат. Прво во тетратките, па потоа резултатот го проверуваат на калкулаторите на компјутерите. Секој потег што го прави професорот на својот компјутер се отсликува на компјутерите на сите ученици. Сите гледаат што прави тој, па потоа решаваат самите. Нема пасивни ученици, сите еднакво се активни на часот.

Вака изгледаше вчера часот по математика во скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“. Учениците во трета година учеа за врските меѓу тригонометриските функции. Часот на кој сите користат компјутер беше продуктивен и ефикасен. Но имаше и ученици што секој момент го користеа за да посурфаат на Интернет.

- Колку е тангенс од 31? Прво одговори на табла, Стамен, потоа пресметај на компјутер - им зборуваше професорот по математика и информатика, м-р Митруш Петрушев, кој смета дека компјутери во наставата требаше да се донесат и користат одамна, зашто тие им ја олеснуваат работата.

Учениците велат дека е супер што користат компјутер додека траат часовите по математика.

- Штета е што сè уште не сме почнале да ги користиме и на часовите по другите предмети. Наставата ни е олеснета. Сè на компјутерот е на македонски јазик, така што не е многу тешко да се научи да се работи со програмите и апликациите - вели Ристе Гулевски, ученик во трета година во „Раде Јовчевски-Корчагин“.

На часот по математика учениците и професорот ги користеа калкулаторот и програмата „Опен офис“. Во оваа програма на крајот од часот учениците ги запишаа и меморираа задачите што професорот ги запиша на табла.

Во училиштата се користи бесплатниот оперативен систем „Линукс“, односно верзијата „Едубунту“. Работната околина е приспособена и преведена на македонски јазик. На секој компјутер има и програми за филм, музика и за фотографии, а имаат и игри.

Додека учениците на часот по математика во гимназијата внимателно го слушаа професорот и ги решаваа задачите, една ученичка читаше „Корисни совети за орал-почетници“ на веб-страницата на „Кајгана“. „Бакнежи, секс, заведување според хороскоп“, „Педофилија“, „Контрацепција“, се само дел од темите што таа ги читаше на овој сајт. Друг ученик се допишуваше со пријателка, а разговорот се одвиваше вака:

- Еј, шо праиш?

- Еве дома.

- Минатиот пат се изгасив, ѕвонеше. На час бев и сега сум на час.

- Еј, у саботата беше јако у „Вулкан“.

- Требаше да дојдам со една другарка, она беше... итн.

Овие разговори учениците ги прават преку страницата њњњ.меебо.цом, која е замена за сите програми за комуникација, како што се ѕахоо и мсн мессенгер, скѕпе, г-талк и слично. Ова покажува дека многу страници сепак им се достапни на учениците на часовите и тие ги користат. Забранети веб-страници има, а такви се „Јутјуб“, „Хајфајв“, „Фејсбук“ и други страници што се користат за забава.

Обуките за професорите од 15 ноември

До 15 ноември треба да се локализираат едукативните апликации во сите училишта, па потоа ќе почнат обуките за наставниците и професорите, информираа од Министерството за информатичко општество.

Засега во повеќето училишта во земјава професорите по информатика се во функција на обучувачи, кои ги подучуваат другите професори како да ги користат компјутерите во наставата. Многу училишта сè уште не почнале да користат компјутери во наставата.

Од Министерството информираа и дека е подготвена тендерската документација за набавка на компјутери за две третини од основните училишта во земјава. Реализацијата на проектот „Компјутер за секое дете“ е планирано да заврши идната година.

Извор: Нова Македонија
 
Ахахах....закон :pos::pos::pos::pos::pos:
Јако јако...се бара форумџиката-корчагинка!!!
 
Некоја си учела финти како боље да сиса :)
Закон закон

И сеа порно филмот иде вака одприлика

Доаѓа крај на час и Митруш ги прашува што научивте на часот и сите одговараат тригонометрија ау кур се стресе и доаѓа извесната форумџика и ученичка и му клекнува на професорот и почнува да си работи според советите.
Браво форумџике 5ка

Кајгана Конектинг пипл
 
И јас би сакал да знам која е форумџиката :pos:
само едно не ми е јасно иако ученициве знаат дека преку компјутерот на професорот можат да се контролираат сите останати компјутери во училницата тие сепак ги користат за се и сешто.
е да а всушност за да се објават вакви информации од логови, е-пошта бла бла бла и слично не треба посеба дозвола од мвр за следење на податоци, прислушкување или како и да беше тоа :vozbud:
 
професорот може да гледа само што прави моментално ученикот како СЛИКА во СЛИКА (нешто слично како на ТВ) така да учениците чепкаат секаде низ нет најчесто кога професорите се станати од катедра, пишуваат на табла и сл.
сепак РЕСПЕКТ за ФОРУМЏИКАТА:vozbud:
 
И јас би сакал да знам која е форумџиката :pos:
само едно не ми е јасно иако ученициве знаат дека преку компјутерот на професорот можат да се контролираат сите останати компјутери во училницата тие сепак ги користат за се и сешто.
е да а всушност за да се објават вакви информации од логови, е-пошта бла бла бла и слично не треба посеба дозвола од мвр за следење на податоци, прислушкување или како и да беше тоа :vozbud:

ако го извадеш мрежниот кабел од компјутерот на професорот ништо нема да се гледа:icon_lol:
 
ако го извадеш мрежниот кабел од компјутерот на професорот ништо нема да се гледа:icon_lol:
A како ке чита од интернет после? Преку ваздух?
македонче93 напиша:
Кај нас професорите не користат интернет,немаме криза:)
ај да не забегуваме офтопик
не не...како дотичната кајганџика ке чита од форумот ми беше прашањето...:) али заеби
 
Јас мислам дека ученичката многу повеќе научила од другите :)
Треба да се воведе предмет - Орално задоволување:icon_lol:
 
хаахахаахахх ЈАКОООООООООО хахахахахахха форумџиката нека си се прјави... а професорот може да глеа шо праиш... ама и да ти превземе контрола на маусот и да ти изгаси тоа шо имаш од кај него...
 
Партали...:vozbud:

Незнам што ке им е нет кога се поврзани мрежно, и се што ке „работат“ на компјутерите нема врска со барање на нет и сл.

Деца, зимајте Квејк 3 за линукс...и бикете се на часови. :)))
 
Е како не, нема врска дека читала тоа. Од кај мене од ЈБТ цел подфорум (значи ниедна тема) од Љ и С не ми ја отвора затоа што ставиле забрана за порнографија, Данс Гвардијан, како и да се викаше тоа... Еднаш не ми отвораше Дерби д`Италија затоа што некој член имаше напишано дека Балотели бил пичка.
Новинаров што ја пишувал статијава изгледа чита тоа па сега вметнал во статија :)
 
Кај нас отвара...пошо сменивме DNS...:kesa: А птт сме...така да корчагинците не се нешто поглупи да го направат истото :)
 
П.С. Не се забранети Јутјуб, Фејсбук и другите. На хемија на Јутјуб, Том и Џери си ги гледав. Само Фејсбук беше забранет едно 3-4 дена ама збеснаа децава и го вратија :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom