Кој побрзо би се прилагодил?

  • Креатор на темата Креатор на темата Devilish Angel
  • Време на започнување Време на започнување

Devilish Angel

Лошотија по потреба
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Значи имаме ситуација кога запознавате дечко/девојка кои биле во долга врска, но ете таа врска завршила, јасно дека на тие личности им треба време да излезат од емоционалното растројство во кое нормално западнале, да си ги средат емоциите, да си ги средат мислите, општо да се средат самите себе за да можат да продолжат нормално со животот.
Е сега од друга страна имаме дечко/девојка кои биле подолго време сингл ... значи се навикнале да живеат сами, се навикнале да прават што сакаат и кога сакаат, да не полагаат сметки за нивното слободно време и за тоа што прават и како прават, и на ваквите луѓе им треба време да се привикнат дека имаат некој со кој треба барем дел од денот да го поминат и да споделат нешто со него.

Значи во двата случаи на партнерот/ката им треба време да се прилагодат на новонастанатите ситуации ... прашањето ми е со кого би било полесно да се излезе на крај? Кој би се прилагодил побрзо на новонастанатата ситуација?

Па повелете :helou:
 
Pa verojatno spored mene polesno bi iblo da se prilagdi na onoj sto podolgo vreme bil sam.Trgnuvam od taa tocka sto nikoj ne moze da bide sma i na sekoj mu treba nekoj da saka i da biden sakan,pa spored toa verojtano bi mu godi mozebi taa promena.
Od druga strana na onoj sto bil dolgo vreme vo vrska verojatno bi mu bilo potesko,mozebi seuste nekoj nastani ili slucki bi go potsekale na prethodnata...Ili nekoi raboti bi mu falele.
 
Сеедно ми е. Дали сум бил во долга врска или пак сум бил на долгогодишен одмор не ми прави некоја разлика. Секогаш можам да се прилагодам на средината како камелеон сум :)
 
Одговорот е едноставен ... побрзо би се прилагодил тој што ќе се заљуби во новиот партнер.:toe:
 
Машко кое било сингл долго ама и живеел сам , си има свој ред , свој навики и ритуни. Кога ке му се рашириш по дома со сшинки , облека , пола купатило го окупираш а си само таму на гости , е тогас му се ствара гушење. А и обратно , иди тука не симиња капак од вц . Ама ако има многу љубов и толеранција , се ќе е ок
 
Devilish Angel напиша:
Значи имаме ситуација кога запознавате дечко/девојка кои биле во долга врска, но ете таа врска завршила, јасно дека на тие личности им треба време да излезат од емоционалното растројство во кое нормално западнале, да си ги средат емоциите, да си ги средат мислите, општо да се средат самите себе за да можат да продолжат нормално со животот.
Toa време на прилагодување на новата ситуација никој не може да знае до кога ќе трае. На секој различно му треба простор. Можеби ќе се појавиш во периодот од животот на таква личност кога скоро е прекината врската. А исто така зависи и зошто е прекината. Можеби брзо ќе тргне напред, а можеби и ќе си земе повеќе време. Има луѓе на кои после врска им е потребна слобода, не сакаат веднаш да се врзат. Секако дека има и такви кои веднаш ќе се одлучат на тоа да најдат нов партнер. Се` зависи од човекот.
Devilish Angel напиша:
Е сега од друга страна имаме дечко/девојка кои биле подолго време сингл ... значи се навикнале да живеат сами, се навикнале да прават што сакаат и кога сакаат, да не полагаат сметки за нивното слободно време и за тоа што прават и како прават, и на ваквите луѓе им треба време да се привикнат дека имаат некој со кој треба барем дел од денот да го поминат и да споделат нешто со него.
Секој има потреба да сподели слободно време (и не само тоа) со некој, јас не верувам дека има такви кои не сакаат. Само, со какви луѓе сакаат да споделат? Ако на некој му одговара да биде сингл, значи таа личност е повеќе свртена кон авантурите и уште не почувствувала дека сака да го насочи своето внимание само кон една личност. Кога еден човек, како во вториот пример, би сакал да се смени таа состојба, тој ќе ја смени. И, да, секако дека треба време.
Devilish Angel напиша:
Значи во двата случаи на партнерот/ката им треба време да се прилагодат на новонастанатите ситуации ... прашањето ми е со кого би било полесно да се излезе на крај? Кој би се прилагодил побрзо на новонастанатата ситуација?
И во двата случаи е потешко да се излезе на крај. Потребно е да се даде време, но и простор за да се одлучи што сака. Во спротивно - едниот ќе мислиш дека те смета за резерва да му висиш додека се среди, а вториот за зврц потреба.

Треба сам да размислиш пред да се зафатиш со некоја од овие две ситуации, да имаш предвид како последиците би се одразиле на тебе. Па ако си подготвен да се сносиш со тоа, тогаш обидувај се колку сакаш. И - ако било кој од овие двајца/две има (пројави) некакви чувства (но, докаже дека ги има), тогаш лесно е да се излезе на крај.
И нема тука упорност, демек биди упорен. Не е се` во упорноста. Секој треба да ја почувствува границата, до каде може да се оди, за да не се стане досаден.
ragazza напиша:
Машко кое било сингл долго ама и живеел сам , си има свој ред , свој навики и ритуни. Кога ке му се рашириш по дома со сшинки , облека , пола купатило го окупираш а си само таму на гости , е тогас му се ствара гушење. А и обратно , иди тука не симиња капак од вц . Ама ако има многу љубов и толеранција , се ќе е ок
Има нешто што не разбрав. Зборуваш во случај двајцата да живеат во различно место, па ти му одиш на гости? Бидејќи не ми е логично да се расфрлаш со облека и шминки (претпоставувам дека сшинки тоа значи) ако одиш онака.
И тој човек некогаш треба да навикне дека некогаш нема да живее сам.
 
Fortune напиша:
Има нешто што не разбрав. Зборуваш во случај двајцата да живеат во различно место, па ти му одиш на гости? Бидејќи не ми е логично да се расфрлаш со облека и шминки (претпоставувам дека сшинки тоа значи) ако одиш онака.
И тој човек некогаш треба да навикне дека некогаш нема да живее сам.
Да де не живееш таму ама си често кај него , спиеш таму , нормлано е да имаш облека , шминки , парфеми , свој лични ствари . Оставаш четка за заби , окупираш пола купатило , ама да сите сме различни и различно многу место земаме . Сепак ми беше поенот дека тие особи кој живееле долго сами , и имаат свој рутини и свој начин на живеење потешко се пролагодват на новитети.
Дека треба да се навикни секако дека треба ама му оди малце потешко , и јас сум слична , имам ред дома кога некој го крши ми смета ептен , а и повекето во моја близина живееат сами и прилагодувањето потешко оди сега отколку порано
 
Ако постои обострана привлечност, разбирање, сваќање, искри, приближност на карактери.... се друго е релативна работа и не менува многу... (од искуство:wub:)
 
Првата ситуација- излегол од врска, тешко му е да се прилагоди сам... Зависи. Ако врската не завршила по негова желба и вина, ако траела долго, ако била силна и стабилна, и што е најважно, ако он сеуште има чувства спрема бившата... Тогаш тешко ќе се прилагоди. Целиот ритам ќе му се смени, навика на живеење, да, не е врската само чувства, ќе ја снема одеднаш (слатката) обврска, ќе нема на кој да се јави пред спиење, крај кој да се разбуди сабајле... Ќе му треба време да се среди на емоционален план... Искрено, не би сакала да имам нешто со некој штотуку излезен од таква некоја долга емотивна врска. Таквите мажи се тешки за справување, бараат посебен третман :) И во главном, барем на почетокот, те третираат како начин да ја преболат бившата.

Вторава ситуација- дечко што подолго време бил сам... Добро, нормално дека не можеме нон-стоп да бидеме со некого, имаме периоди кога сакаме, мораме да бидеме сами, само кога трае тоа подолго, се стекнуваат некои навики што не можат да се сменат откако ќе стапи во врска. Тешко ќе им падне обврската која иде заедно со врската, ќе ги гуши на почеток, ќе им пречи постојано да го трошат слободното време на партнерката, ќе почне да ги притиска тоа што мораат да и се јавуваат на партнерката постојано, да излегуваат со неа почесто отколку со другарите, самиот факт што имаат обврска да и бидат верни на една жена, за која се врзани... И со ваквите не е лесно да се справиш :)

Станува збор за дневна рутина, секојдневие на кое сме навикнале... Ама секако дека кога ќе дојдат поразлични ситуации, што се неизбежни, мораме да се прилагодиме... Пошто прашањето е во која ситуација од двеве полесно се прилагодуваме, јас би рекла во првата потешко. Многу е полесно да се приспособиш на нешто што си го немал, отколку да се приспособиш на нешто што си го имал, па си го изгубил. :)
 
Оној што бил во долга врска знае како се одржува една врска и може да се прилагоди бргу, ако сака.. Но има многу, што после долга врска, сакаат повеќе да се слободни и без обврски.
Оние што биле сингл, можеби ќе им смета сето она што си бара една врска (бидејќи не се навикнати). Од друга страна ако сакаат да им успее врската, ке се залагаат максимално да биде се во ред.
Значи нема врска дали некој бил сингл или во подолга врска. Ако некој сака, ќе успее без разлика на се.
 
Мн интересна тема за дебата..Искрено од мое лично искуство ќе ви кажам - сум неколку месеци сингл а имав долга врска .Меѓутоа откога се скарав не сум способна да влезам во нова врска..На почетокот имав таква желба да бидам со друг само за да го преболам и од што имав навика.Меѓутоа размислив добро два пати дали можам да стапам.И нормално мислам дека секој нов почеток на врска понатаки малце би ми бил потежок,затоа одлучив да бидам малце синг еден период.
А имам и друг пример каде мојата другарка е синг скоро од многу одамна и немала сериозна врска и таа е навикната ...Меѓутоа кога би си компарирала со неа би рекла дека мене ми е потешко пошто сеуште носам спомени и чуства за екс а таа немала толку длабока љубов или толку време одено со некого..На секого му тешко да стапи во врска и да промени навики меѓутоа во случај од долга врска после во врска секогаш оди потешко
 
од сингл у врска е стопати полесно и подобро да се прилагодиш.. едноставно ти годи полн си со енергија те обземаат чуства на љубов на исполнетост среќа и слично.. а у обратна ситуација е ептен заебано па дури и болно.. си имал се и од еднаш ти се руши се за еден момент! имаш некоја празнина длабоко во себе чуствуваш осаменост на некој начин не ти се мисли разочараност чуствуваш....

поубаво е чуството кога нешто почнуваш да градиш почнувајки од 0 отколку да видиш нешто што ти се руши во еден миг до темел дносно до 0!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom