Koj Linux го преферирате?

  • Креатор на темата Креатор на темата Police
  • Време на започнување Време на започнување

Koj Linux go preferirate?

  • Вкупно гласачи
    170
Кој е најдобар?
Кој е најдобар за што? Затоа и постои толку голем избор... (скоро) сите имаат целна група на корисници.

Дебиан се царој заради пакет менаѓмент ситемот
Откако прв пат тестирав Дебиан дистрибуција, не можам да ти опишам колкава одбивност имам спрема било што што користи РПМ.

Сусе заради усер интерфејс
Ок, веројатно алудираш на уаѕт... им значи многу на оние кои што не скаат да конфигурираат било што преку конзола :)
Мислам дека на Сусе поголема предност му е интероперабилноста со МЅ. Ако не се лажам му нема рамен во тој сегмент. Неам пробано на своја рака, додуша.... само од статии и рекла - казала :)

Мандрива ( да бидиме сериозни мандрак ко беа , стварно беа подобри ) се нај усер френдли
Мандрива лузер френдли? Хмм... Како тоа? Што ги прави толку лузер френдли?

а слаквер и генто ја имат предноста шо можиш се на нив да напраиш по твој терк под услов доволно да разбираш . Ред хат дрвото најпоке си го бива за серверски па и за то најчесто го користат .

Особено Gentoо... Комбинацијата од компајлирање на се, со флаговите ти дава шанса да подесиш и оптимизираш се до посерување :)
А ред хат... што знам.. никад не ми биле омилени. Ќе се дрзнам да кажам дека на стара слава се вадат веќе.

SLAX ( Slackware based ) , Sabayon ( gento based )

Јасно ми е која ти е идејата и е ок... али за новајлија не би препорачал нешто што е базирано на slack или gentoo.

многу напишав изгледа ? ај ако
ахам :)
 
Не сватив шо врска има дебиан со рпм ... дебиан е на деб пакети ( систем шо убунту го наследи од дебиан ). Освен шо беше спас од таканаречениот RPM Hell шо го нудеа рпм дистрата .

За Сусе ... па најубо мени имат имат дотерано многу добар контрол центар итн инт .

Мандрак ( Мандрива наследи од нив ) заради urpmi и некои ситници во усер интерфејсот беа топ дистро едно време ... сусе крадеше од нив порано .

Иначе во однос на генто и слак .. па дистрата шо се базирани на нив во последно времe се мрднати многу ... Сабајонот на пример е ептен дотеран за корисник шо пресно префрла на лин .
Има Entropy и други алатки шо го прат да можиш да го користиш без конзола да помислиш да отвориш . А слакс мислам дека веке го имат напраено да работи со синаптик подесен за слак пакети , пошто знам дека се трудеа на таја тема .
 
Не сватив шо врска има дебиан со рпм ... дебиан е на деб пакети ( систем шо убунту го наследи од дебиан ). Освен шо беше спас од таканаречениот RPM Hell шо го нудеа рпм дистрата .
Обратно го мислев... Во позитивна смисла за дебианот :) Баш како спас од РПМ-то :)

Мандрак ( Мандрива наследи од нив ) заради urpmi и некои ситници во усер интерфејсот беа топ дистро едно време ... сусе крадеше од нив порано .

Што знам.. никогаш не ми легна, веројатно. Башка.. рпм користи :)

Иначе во однос на генто и слак .. па дистрата шо се базирани на нив во последно времe се мрднати многу ... Сабајонот на пример е ептен дотеран за корисник шо пресно префрла на лин .
Има Entropy и други алатки шо го прат да можиш да го користиш без конзола да помислиш да отвориш . А слакс мислам дека веке го имат напраено да работи со синаптик подесен за слак пакети , пошто знам дека се трудеа на таја тема .

Да..да.. ги знам сите тие ствари. Али, реално, што корист има нов корисник од Gentoo или Slackware филозофијата и начинот на работа? Да му речеш на офис работник дека треба да си го искомпајлира програмот, иако станува збор за два клика, или 5 букви и ентер ќе се извади од памет, ти текнува? :)
 
Па да бидиме сериозни на убунтуто му е то предноста ... али ако треба да бирам меѓу синаптик и
Entropy ... шознам Entropy -то стварно ептен солидно дури и ме натера да размислам дали да префрлам бар една масшина дома на сабајон . А сепак е генто база .
 
Не мислев во таа смисла, сепак можите со то да си се тешите :helou:

Немам причина да се тешам, а имам причина да те исмејувам :helou:

Според она што го кажа, можам да заклучам дека не распознаваш оперативни системи односно дистрибуции. :pos:

Или па можеби Windows 7 стварно станал Linux дистрибуција. :pos:
 
Да бе брат, најпаметен си .
 
Неее... грешка си друже, јас не користам Windows 7 Linux дистро за да бидам најак. :pos:

Најаки се тие што го преферираат Linux-от Windows 7 :icon_lol:
 
Неее... грешка си друже, јас не користам Windows 7 Linux дистро за да бидам најак. :pos:

Најаки се тие што го преферираат Linux-от Windows 7 :icon_lol:

бравос се израдва, те мислев за попаметен ама...
 
Ама ја не користам Windows 7 Linux дистрибуција бе друже :pos: :pos: :pos:

Мавај сеа глава од ѕид дур ти се смеам на твојата интелигенција (или па можеби неинтелигенција) :toe:

Толку од мене :helou:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom