Кој ќе биде виновен?

Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Веб-сајт
www.tj-hosting.com
Власта полека (ќе) станува свесна дека нејзините лаги в'теле, в'теле и на крај избиле како шило, и сакале или не, ќе мора да признаат дека преродбата што ја ветуваа, не се остварила... Ќе признаат дека економијата доживеала фијаско, а проектите од типот на 'Инвестирајте во Македонија' биле утка... АРНО АМА, за сето тоа виновен ќе биде НЕКОЈ ДРУГ!
Потпомогната од разни Латасовци, Томиќи итн. ќе преминат во таа следна фаза, а тоа е за секоја нивна грешка да биде обвинет некој друг... Тоа ќе бидат Бранко, Заев, СДСМ, Грција, Фуере, фак ЕУ, фак НАТО, Уставен суд, новинари, невладини организации итн. итн.
Виновници ќе има насекаде, ама тоа никако нема да биде власта... А најголема помош ќе имаат од нивните поданици кои што по форуми и блогови ќе го посочуваат за предавник и за немакедонец секој оној што ќе се дрзне да укаже на некаква грешка на актуелната власт...
А следејќи ги муабетиве на разни теми (и на овој и на сите други форуми) тој процес изгледа дека веќе почнал, но и веќе длабоко метастазирал!
 
Ауууу штанцање.
Овака фабриките на Бранко и Бучко да произведуваа нешто друго освен перење мозок.
 
Овака фабриките на Бранко и Бучко да произведуваа нешто друго освен перење мозок.
Тој филм не го гледаш. Оние кои и ставија крст над гробот на македонската економија, сега им сметаат кампањи за привлекување на странски инвестиции.

Име продадоа, ја скурцаа целата економија, наместо демократија владее олигарсија, го обезличија овој народ и кој е виновен? Грујо.

Моронштина дебилна недосукана простачка дилетантска.
 
А да ве прашам дали знае некој, кој сега му го мери на премиерот?



Рејтингот мислев...
 
Што сакаме ние?

Автор: Мирка Велиновска

Јас никако не можам логички да ги помирам нашите декларирани определби за влез во ЕУ и практичното однесување во секој дел од општествениот живот што ги подрива тие наши желбовни приоритети. Сакаме чисти улици, ама не прифаќаме рестрикциите на нашата слобода да фрламе ѓубре каде што сакаме. Бараме еколошки чиста средина, но ни пречи ограничувањето на слободата да пазариме во пластични кеси. Сакаме да работиме, ама и мразиме некој да ни ги мери ефектите од учинокот. Сакаме да бидеме Европејци, ама и да си ги задржиме сите наши традиции и навики.

Како да сме внатрешно растргнати од две спротивставени сили, кои влечат на своја страна.

Како е можно да форсирате брз влез во ЕУ, а да ги дочекувате на нож сите обиди за реформи што објективно ве приближуваат до целта? Од 18 години независност, практично сè до 2001 година, не е направена ама баш ниту една реформа на претходниот систем и никој во општеството не дигна галама заради тоа. Одеднаш, во последниве три години кога допрва се зафативме со средување на катастарот, со регулирање на даночната сфера, со внатрешно системско поврзување на државните институции, со реорганизирањето на земјоделскиот сектор, воспоставување функционален здравствен систем, со средување на судството, со видоизменување на образовниот систем, со раздвижувањето на културата, почна заглушлива галама, која и бара и не дава.

Бројот на реформи што се започнати во последниве неколку години покажува дека како да бевме решиле суштински сè да си остане како што било некогаш. Оти, од потпишувањето на Пактот за стабилизација и асоцијација, повеќе време трошиме на отстранување секакви политички сопки што во меѓусебната игра за моќ си ги подметнуваат партиите отколку на оживотворувањето на реформските закони.

Навистина, зошто сакаме да бидеме дел од ЕУ? Затоа што така полесно ќе доаѓаме до парите на европските фондови, зашто ќе можеме да доаѓаме до работа, зашто на поголем отворен пазар полесно ќе ги продаваме своите производи, зашто делиме исти вредности?

Арно ама, за да добиваме пари од европските фондови треба да бидеме способни да вклучиме компјутер, да отвориме сајт, да пополниме некои формулари, да ги исполниме бирократско–техничките предуслови. За беља, нашето население е технолошки неписмено. Кој и што направи во изминативе години тој хендикеп да се ублажи? Реформите во образованието, компјутеризацијата на училиштата, обврзноста на средното образование, дисперзијата на факултетите, сè, ама баш сè, беше оценето како непотребно, ненавремено и расипничко трошење на народните пари.

Зошто и по 18 години наш заклучок е дека стопанството ни е неконкурентно, односно дека немаме производ што по своите својства може да се продаде на европските пазари. А зошто немаме?

Ако на графикон се обидеме да ги сместиме точките на интерес за дебата на нашите проминентни економски експерти, ќе забележиме теоретска какофонија и мисловна конфузија, која е благо речено дисквалификувачка за македонската економска памет. Имено, од барањето владите да не се мешаат во регулирањето на капитал-интересите, до инсистирање токму владите да го преземат менаџментот во приватните компании, некогаш не поминува ни еден месец. Летово видовме како приватните производители на мед пропуштија златна можност за глобална промоција на сопствениот производ на Олимписките игри во Кина, само зашто Владата не им платила авионски карти. Доживеавме и тоа приватен производител на ајвар, демек менаџер од нов ков, да бара од Владата да го ослободи од царина за увоз на пиперки, зашто самиот не знаел ни толку дека тој е должен да го организира и планира производствениот процес на сопствениот бизнис. Ги одживеавме востанијата на тезгеџиите против фискализација, бунтот на угостителите против ХАСАП-стандардите. И никогаш не слушнавме ни збор критика против ваквото „лудистичко“ поведение.

Критиката дека во Македонија се води политика на затвореност кон странските инвестиции, се замени со критика дека не ги форсира домашните фирми да инвестираат во производство. Иако сите тврдиме дека бизнисот во Македонија е тесно поврзан со политичките партии, па аналогно, за нашите бизнисмени не е никаков проблем да ги реализираат сопствените производствени амбиции со помош на извршната и судската власт, сепак, тие не сакаат да инвестираат во производство. На нашите капиталисти повеќе им лежи шпекулацијата, услужната дејност и трговијата, оти носат брз профит со малку напори. Во услови на светска криза, токму оние што до вчера сакаа либерални услови за стопанисување, денес инсистираат на заборавање на категориите побарувачка и потрошувачка, кои му обезбедуваа динамичност и развој на пазарот.

Од либерализам во најшироката смисла на зборот, ете, се враќаме кон протекционизмот во најтесната смисла на зборот. Имам впечаток дека сегашниот светски хаос кај нас се третира како профитна трговска операција за брза заработувачка на неколкумина за сметка на долгорочните државни интереси. А не гледам на повидок ни иницијатива за наоѓање средна линија помеѓу Таки Фити и Абдулменаф Беџети, кои во мал прст ја имаат економската практика на самоуправниот и плански социјализам, и Трајко Славевски и Зоран Ставревски, кои во мал прст ги имаат знаењата за функционирањето на либералниот капитализам.

Ако делиме исти вредности со поголемиот дел од Европа, зошто го губиме времето на изговори и постојана потрага по вистинскиот момент нешто да сториме. Ако сакаме правна држава, зошто упорно ја опструираме со дневнополитичка аргументација. Ако сме се определиле за пазарна економија, зошто постојано настапуваме со социјалистичко–планска аргументација. Ма, што всушност сакаме ние, артикулирано преку устите на таканаречените експертско-политички – НВО-медиумски гласноговорници?

Во време кога во целиот свет се води дебата за природата на кризата и секоја држава е сконцентрирана на наоѓање автономни формули за ублажување на последиците, кај нас доминантна политичка тема е нашиот идентитет. Наместо активизам и динамика на економската, социолошката и историската наука, наместо иницијатива за форсирање на науката и иновацијата во обезбедување евтина обновлива енергија, зголемено производство на храна, наместо стратегија за пласман на нашето производство на светските пазари, ние гледаме дневнополитикантска режија на пролупани и дезориентирани репродуктивци, кои го критикуваат она што до вчера го промовирале како вербален стандард.

http://www.novamakedonija.com.mk/Des...rticleID=17382
 
Значи Мирка му го мери сега а? Лошо е, до кај стигнал човеков оваа исфрустриранава да му го мери :pos2:
 
И Бранко и Шејкерка и Крадимарули и Ушло оф пардон Бучко и Заев и Тигрицата(челичната лејди) и останата родбина.

UCK i Ali Baba vojvoda gi zaboravate kaj dpBne? Ili dpBne ne koalicira so teroristi?
 
ај да се множат антивладино-комуњарски теми на чело со стрелец, овај што беше из србија и компанија :tapp:
 
UCK i Ali Baba vojvoda gi zaboravate kaj dpBne? Ili dpBne ne koalicira so teroristi?

А без Али-Баба и 2000разбојници не никаде.Не знам како ги заборавив.Ако добро ме служи памтењето после војната први што изјавија дека нема да коалицираат со ДУИ беа СЕДЕСЕ.Па уште незавршени изборите поитаја да се фатат во коалиција да не му ги земе некој.Значи дволичност има и кај едните и кај другите.Кога политиката е во прашање сее можно.Па нели сега вие од седесе ќе му помагате на кандидатот на ВЕМЕРО во Струга.Ја знајш Струга?Кај шо ги дупнавте луѓето од ќотек.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom