- Член од
- 18 јули 2008
- Мислења
- 192
- Поени од реакции
- 10
Никој нема мандат да преговара за името на Република Македонија, ниту влада, ниту василакис, ниту Б.Ц. ниту пак имаме право ние 2.000.000 граѓани на Република Македонија. Луѓе биле колени, бесени, живи со масло полевани само затоа што не се одрекувале дека биле Македонци, а сега ние да се откажиме од Македонија само за да влезиме во НАТО и ЕУ (кој со оваа динамика нема да постојат можеби по 50 години) или пак за некому да се кренеле акциите на берза. Нека ги соберат сите Македонци по светот, нека ги вратат од мртвите оние кои загинале нашиот идентитет кој го имаме денес па тогаш ќе правие референдум за името, дотогаш сме Република Македонија. Па денес ги имаме сите услови за живот би било лудост и врвно предавство ако направие нешто такво. Македонија опстојала и во многу потешки времиња ќе опстои и сега. Мој предлог да се прекинат сите преговори за тоа што не може да се преговара, да и се понуди на Грција најдобронамерно добрососедство, културна и економска соработка (Македонското срце е големо), но во секој случај да се бара и признавање на македноското малцинство во Грција и нивните права.