Кој кажа дека сите тие работи треба да бидат во Струмица?
Претседателот, премиерот, некој министер? Или Вашиот градоначалник кој е нормално да зборува така? Штип уште од времето кога бил Естипион и Астибо бил центар на овој регион и бил град. Уште од времето на Југославија го има медицинскиот центар најголем во Источна Македонија. Уште од секогаш во владата имало голем број штипјани на важни фунцкии, како очекувате тие да градат важни институции во Струмица, а не во Штип? Како прво Штип и по површина и по број на жители е поголем од Струмица.
Луѓе не велам дека Струмица е село или дека не е убава, туку не бидете толку, али кога на темата и недостасува реални коментари тогаш трудете се да бидете реални во поглед на кадарот на градот. Во Струмица има многу убави работи како и во другите градови, но не мора да го правете Вашиот град над сите и сите други да ги понижувате, со тоа се создаваат и препукувања и се по ред, затоа и темите за градовите имаат по триста страници. Не сакам да застанувам на ничија страна во вакви расправии, но не трпам нешто што вреди да се понижува поради патриотските чувства на некој друг.