@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
ВЛАДИКАТА НАУМ ГО НАМЕСТИЛ ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ-ОА
Г.г. Стефан прими бугарски распоп
Од скопската епархија велат дека посетата на како што се претставиле, епископ Харалампиј и архимандритот Тимотеј Капсалис од Бугарија и Грција не била официјална, ниту насочена против некого, па затоа не треба да биде сфатена како непочитување на црковно-судски и други одлуки
На гафот на поглаварот на МПЦ-ОА најмногу се сити расколникот Јован, кој на утрешниот Сабор на Српската православна црква, според извори од МПЦ-ОА, ќе кажел дека се правела унија на расколници
Митрополитот струмички Наум го наместил поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан да прими бугарски распоп.
На 9 ноември, поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан ги примил, како што се претставиле, епископ Харалампиј и архимандритот Тимотеј Капсалис од Бугарија и Грција.
Поглаварот на МПЦ-ОА не ги познавал, но заради препораката од владиката Наум, тој ги удостоил со христијанско гостопримство, им дал ручек итн.
Епископот Харалампиј е распопен од Бугарската православна црква, и ова лето бил ненадејно ракоположен за епископ со титула анхеалски на старокалендарска секта во Грција.
"Архимандритот Тимотеј посочи дека неговата посета на Македонија била со благослов на Неговата Сесветост, вселенскиот патријарх г. Вартоломеј, и се должи првенствено на желбата изворно да ја запознае нашата земја и Македонската православна црква, и патем да се поклонат пред нашите светињи. :uvo::uvo:Гостите, покрај тоа, побараа да направат и интервју со Неговото блаженство и истото да биде објавено по неговото авторизирање", стои на сајтот на Скопската епархија.
Објаснувањето од Скопската епархија на МПЦ-ОА е дека приемот на овие лица "не бил официјален, ниту замислен или насочен против некого, па затоа истиот не треба да биде сфатен како непочитување на црковно-судски и други одлуки од некоја помесна православна црква и најмалку како провокација кон некого. Напротив, ваквиот настан и овој пат јасно покажа колку е нецелисходно информациското изолирање на Македонската православна црква - Охридска архиепископија во однос на случувањата и одлуките на помесните православни цркви".
Според бугарскиот сајт двери.бг, Харалампиј ги злоупотребил информациите од Бугарската православна црква за да го измами поглаварот Стефан дека тие се претставници на Бугарската и Грчката црква, а не распопови. Извори од Црквата велат дека од гафот на поглаварот на МПЦ-ОА најмногу се сити расколникот Јован, кој на утрешниот Сабор на Српската православна црква ќе кажел дека се правела унија на расколници, алудирајќи на официјалниот прием на бугарскиот и грчкиот распоп од страна на МПЦ-ОА.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=A9906BBBB495324E98FC2440EBA871BD&arc=1