Е вака сега. Јас пред тебе ти покажувам фудбалска топка, ти ми велиш не е тоа топка, туку е тенџере за варење манџа (со компири). Јас ти велам тоа не е точно, грешиш. Ти упорен, тенџере било (а гледаш дека не е). И кој има овде проблем со егото? Ние што ти укажуваме на грешките или ти?
Значи, нешто што е чиста глупост, заслужува да биде исмеано. Поарно овде да те предупредиме, отколку да се изглупираш пред други, пред професор, пред девојка и тн. За нас не се секирај ти. Ти си оној кој ќе има проблеми понатаму, доколку продолжиш со такво его и тврдоглавост.
Уствари, што има да ти смета тебе нашето мислење!? Форум е ова, не е инкубатор за испрани мозоци. Логочно е да има луѓе со различно мислење од твоето.