Кој фудбалер ве нервира?

  • Креатор на темата Креатор на темата Гижо
  • Време на започнување Време на започнување
Мене лично не ме нервира никој фудбалер,а оние што се против Роналдо мислам дека намерно зборат против него,бидејќи во своите омилени клубови немаат играч од негов калибар:smir::smir::smir:
 
K. Ronaldo. гомно од фудбалер. Никогаш нема да биде тоа што беа Марадона, Роналдо, Роналдињо па и идниот најдобар Меси. Сите овие фудбалери никогаш ниту глумеле ниту се карале ниту се противеле на некој друг играч или судија. Едноставо играат фудбал. Тоа ги прави најдобри на светот. Кристијано можеби е славен ама никогаш нема да го постигне тоа што овие фудбалери го постигнаа. :salut:
Засега се постигна. што треба уште?
 
инзаги гзарот само чека напред, нешто како панчев втор дел
 
Е такви фудбалери кои стојат напред и чекаат топка од секогаш сум ги мразел,дури не знам дали можат и да се наречат фудбалери:toe:
 
Рунииииии.Не можам да го поднесам човеков,толку ми е антипатичееееееннн.:tapp:
 
Начин на однесување како врвен фудбалер. А не како глумец.

Епа сега играта и карактерот се различни поими...има и полоши фудбалери од него како на пример Матераци...дечкото ја промашил кариерата,крше нозе,провоцира...а никој не го спомнува него...а некој рече дека не може Роналдо да биде како Меси...еј дечки Роналдо ги освои сите можни индивидуални награди,што сакате повеке да стане не разбирам...а што е па Меси нешто повеке од Роналдо?да не е магепсник,да не е Господ или нешто друго?па да не може да го достигне него...имаше една изјава од бивш член на Барселона,не му го запаметив името...да не беше продаден Роналдињо Меси немаше да биде тоа што е сега,зашто наводно Роналдињо му попречувал во развојот на Меси...ако го најдам тој извадок ке го постирам...веке кажав кој ме нервира а тоа е Матераци.
 
Епа сега играта и карактерот се различни поими...има и полоши фудбалери од него како на пример Матераци...

Играта и карактерот се најважните работи во фудбалот. Криситјано Роналдо не само што е омразен кај сите можни навивачи во Англија туку и во поголемиот дел од светот, заради карактерот. Тоа што му доделуваат награди уште повеќе ги нервира другите фанови. Едно е да го мразиш човек а друго е да навиваш против него и неговиот клуб. Зошто за Стивен Џерард или Роналдо или Роналдињо или Торес или Меси, не кажал никој лош збор ? Замисли ејјјјј што изјави Раул, дека Меси е најдобриот играч моментално на планетата. Некој од Реал да го каже тоа на најголемиот ривал во шпанската лига. Јас тотално се согласувам со него. Дали некој ке го каже тоа истото за Кристијано Роналдо. Тешко. Во фудбалот се мерат силите, желбата и духот на натпреварувачите да победат во таа игра, но не по секоја цена. Посебно не кога те гледаат повеќе од милијарда луѓе на планетата.
 
. Дали некој ке го каже тоа истото за Кристијано Роналдо.


Дали си сигурен дека никој не рече дека Роналдо е најдобар во свет?

Торес:Роналдо е без конкуренција
Меси:Роналдо е најдобар во свет
Лампард:Кристијано Роналдо е најдобар

Зар овие изјави ти не си ги прочитал...Роналдо газеше минатата сезона и никој не сакаше да прифати дека ја земал наградата,дека заслужил...a карактерот е друго...доколку збориме за карактерот има и полоши од него...Гатузо провокатор,Матераци само стартови знае да праве и ништо друго...Никој не ви е крив што немате таков одличен фудбалер во своите клубови...треба само играта да се гледа...па нели и Марадона беше одличен фудбалер па подлегна на дрогата...исто така и Роналдињо постојано одење во нокните клубови...а сите траете за тоа.А медиумите чекаат некоја грешка на Роналдо и веднаш да го критикуват...Нормално дека другите фанови кои се против Манутд ке го мразат зашто полни мрежи и сите награди ги зема заслужено...а другите фанови се заслепени од љубомора што нивните идоли не се наогале на тоа место како Роналдо...А ако си приметил Роналдо во последно време не како порано да се буни со судиите и противничките играчи.

А тоа за репрезентацијата да успее нешто со неа...па не е тој крив што немат добар тренер,и ако е најдобар во светот сите да очекуват од него.
 
А тоа за репрезентацијата да успее нешто со неа...па не е тој крив што немат добар тренер,и ако е најдобар во светот сите да очекуват од него.

Сколари слаб репрезентативен тренер (селектор де) да не беше? Квеироз не го бива, точно. :)
Крив не крив, Роналдо буквално беше просечен на последното СП и ЕП. Не да се очекува од него чуда, ама како најдобар светски играч (и годините пред нас ако не најдобар, тогаш меѓу најдобрите пет) сигурно се очекува да биди предводник на тимот. Сепак, млад е, има време, веќе за една и пол година има нова прилика.

Јас не видов, некој претходно споредувал Роналдо со Марадона, Пеле, Меси...па добро бе, Меси има 21 година ебаго, како го споредувате со Марадона и Пеле? Шо не ќе види чоек значи...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom