Абе народов не можам да го разберам, остајте тоа што тие што работат и се корумпирани, ама народов е крив, друго е кога фунционер те уценува, ние имаме проблем со тоа кога народот дава кога не е уценуван.
Се сеќавам ова кога полагав за кола, сега не знам како е, ама тогаш имаше обичај кога ќе положиш да го почастиш инструкторот со коњак или слично. За што бе, дека си му дал еден куп пари додека си учел ? Како и да, одам на полагање, јас возев одлично, возев често и без возачка, не ми ни требаше инструктор, али ајде, земам тоа посраното југо од инструкторот и возиме, застанав на семафор, и колку да тргнам, тој ебаниот мењач, тредаше со багер да го туркаш, наместо во прва се закачил во трета, и ме паднаа одма, одам втор пат си ја земам мојата кола, не знам како, уште не почнат едно од позиција светла не работеше, не знам како баш тогаш си еба мајката, ме паднаа уште не тргнат, одам трет пат пак со мојата кола, извозав одлично, онака рутински, комотно и немаше за што да се фатат, ме пуштија, доаѓа инструкторов "Браво, честитки", му враќам "Фала", не помина ни 30 секунди, пак истото, јас пак исто Фала и се спремам за бегање, тој упорно пак "Браво, честитки" ( чека коњак, виски) јас по трет пат, фала пријатно, и си заминав, си викам ќе ти ебам матер, синки без пари ме учеше или колата ми е даде.