Кој е најдобриот гол што го имате видено во историјата на фудбалот? (Објасни зошто)

  • Креатор на темата Креатор на темата Kobe Bryant 24
  • Време на започнување Време на започнување

Можит не најдобар гол, ама финтава е една од најдобрите во модерниот фудбал.
 
Убаво голче. Не е најдобар, ама ми се допадна и затоа го објавив. Инаку скоро секој викенд паѓа ваков гол, ама пошто е во Дерби дела Мадонина, има посебно значење.
 
Мал милион вакви/слични голови има постигнато Арсенал,барем ја од кога гледам:))
Пиши на јутуб .
Исто така поминување низ пола/цел терен и давање гол доста често го гледав од Тити. ...
.


Но голот на Беркамп,еден и единствен,тешко кој може некој да го повтори тоа.
Заборавив да го ставам и голот на Томас против Ливерпул 89та/заради важноста,не убавината.На Арсенал му треба победа од 0-2 за да стане шампион.Незамисливо беше тогаш на Енфилд некој да победи со таков резултат.Но,во продолжението....
"Thomas, charging through the midfield... it's up for grabs now... Thomas, right at the end!"
:cuc:
И на Анри не е лош.:)))
 
Какво сака шут нека биде, неможе да се спореди со дриблинг (акција) против 4/5 и повеќе играчи!
 
Каков сака гол нека биде не може да се спореди со голот на аргентина против србија со 25 безгрешни паса и на крајот асистенција со пета за да се постигне гол..едноставно ваков гол паѓа еднаш на 10 години..совршенство....а голови од 35-40 метра ги има колку сакаш но ова е нешто невидено!....а дриблинзи исто така колку сакаш има..потсетете се на голот на графите против баерн...4-5 души ги падна на газ и на крајот со пета...но голот на камбиасо е еден и единствен!
зборовите на коментаторот после постигнатиот гол кажуваат се!
 
Јок, тој на Роналдо вс Компостела е врвот :)
 
Јок, тој на Роналдо вс Компостела е врвот :)

Гигс против Арсенал, Меси против Гетафе, Веа против "заборавив кој", Марадона против Англија и уште мал милион. Искрено мене на Гигс ми е најдобар.
 
Ти не го гледаш голот на ист начин како мене, јас од друга страна гледам. Роналдо таа година е дебитант у Барса, има само 20 години со топка е, влечен надвор од баланс, падна скоро на земја пак стана и успеа да ги помине сите и да даде гол, Тоа со оглед на околностите (физички) е неизводливо. Да голот на Меси е исто така многу добар или на Марадона, но во нив нема воопшто физички контакт...што ги прави релативно полесни за постигнување. Види го само Боби Робсон што прави, за глава се фаќа.
 
Точно, но една работа забораваш, Марадона го даде голот на Светско против една Англија, Гигс против Арсенал, а Роналдо против новиот прволигаш Компостела. Затоа на Марадона голот на векот има поголема тежина и е ценет повеќе од голот на Меси против Гетафе (ненормално слични голови), иако Меси помина 6 играчи (еден играч повеќе од Диего), и побрзо стигна до голот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom