Кој беше човеков?

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Ми се има случено, ама позаебано е ако го препознаам со грбот свртен па му одам плес по грб кај си бе да ти.... Се врти гледам не е тој :pos::pos::pos::pos::pos:, и сега не ќе се објаснувам што како си продолжувам бош муабет, а човекот не ме ни познава и не оддава никаква реакција на лице т.е. сигурен е дека ме знае ама не знае од каде, а уствари поим нема кој сум.
Ова вистински ми се има случено.
 
Лелеј... колку пати ми се има случувано некој да ме поздрави на сред улица а јас да не го знам..или па не го памтам од некаде ако сум седел и да сум пиел со него а после да го заборавам :pos: :pos: :pos:
 
Ретко кога ми се има случено нешто вакво ..
најчесто ми се случува да препознаам некој на улица ама да не ми текнува на неговото име бидејќи не паметам баш многу многу имиња.
 
Памтам лица, но не секогаш и имиња. Многу често ми се случува да правам муабет со некој а да не знам како се вика, и премногу е идиотско по милионити пат да го гледаш некого и да го прашаш "а чекај, како ти беше тебе името?". Или пак, ми се случува некој да не ми одговара за некое име и константно да го викам по друго име, ко на пример, две другарки од клас. Името на едната одговара на другата, а тоа на другата одговара на првата, и секогаш ми доаѓа да им се обратам со различно име.
 
Фаци памтам, ама имиња не. На имињата се влечам со *кај си бе брат*, и не забележуваат дека не им ги знам имињата. :D
 
баш ми се случи за викендов. еден човек ми вика кај си бе Даре колку си пораснал, не те познав бла бла....јас го гледам, се смешкам и му се чудам. :toe: и уште не можам да се сетам кој беше човекот. дома им го опишував и на нив не им текнува..кој знае кој бил :jaj: ме нервира кога не можамда се сетам, се трудам да заборавам дека воопшто сум го сретнал ама ме потсети темава:nesvest:
 
Dobro pamtam lica i iminja i do sea samo ednas mi se sluci da ne poznaam osoba, ali posle 5 minuti muabet koa pocna da me prasuva nekoi raboti mi tekna koja e i od kaj a znam.
 
Често ми се дешаваат вакви работи ... Баш денес, по 3-ти пат се запознавав со ист чоек
... летово, се "запознав" со братучед ми, кого го немав видено година дена ... (а порано мн често се гледавме)
... Пред некој ден, некој, помина до мене, и ме викна по име .. а,ја ко првпат да го глеам ... :toe:
 
Пред извесен период се среќавам со една жена.
И ми правеше муабет ми правеше-се знаеше за мене,кај сум учела,каков ученик сум била,па и во која клупа сум седела,а мене уште не ми текнуваше која е.
И кога си отиде"ми светна".:uvo:
"Леле,па тоа беше мојата професорка по психологија"
Не можам да се начудам колку беше изменета.
 
Ми се имаше случено пред извесно време. Бев на една дипломска забава кај една другарка, имаше полно луѓе и испив малку повеќе алкохол. Утредента се ми беше како низ магла(половина од вечерта не се ни сеќавам што се случувало), но знам дека се разбудив покрај една девојка во кола(која не беше моја) на паркинг. Таа сеуште спиеше, па излегов од колата и прво нешто што направив беше тоа што го извадив мобилниот телефон од мојот џеб и му се јавив на брат ми. Тој ми кажа што се се случувало вечерта. Да бидам искрен некои работи ме изненадија, но во позитивна смисла. По разговорот со него се вратив во колата, ја разбудив девојката, таа почна да ме гали, мене ми се уарни(иако дотогаш не сум ја видел во животот и не знаев како се вика) и...Потоа, низ општ разговор дознав како сме се запознале вечерта( екстремно откачена ситуација:) ) и по мој предлог отидовме на кафе во ТЦ Беверли Хилс. Таму го продолживме муабетот и после околу саат време се разделивме и секој си тргна по својот пат. Имено, многу ми беше чудно тоа што во наредните денови сретнав многу луѓе што беа таа вечер и повеќето од нив ми се обраќаа со "Легендо". Стварно луда работа.
 
Дури и само еднаш да видам некој човек следниот пат кога ќе го сретнам веднаш ќе го препознаам.Можеби нема да ми текне на името, но на ситуацијата во која сме се запознале секако дека ќе се сетам:)
На мене многу почесто ми се има случувано јас некого да препознаам, а тој/таа мене не.
 
мн грдо е ејј... ми се има десено да му попраам муабет на некој и да ми рече а извини која беше ти.? и онака смешно ми паѓа не се лутам зашо и мене може да ми се деси тоа. А онака фаци шо на поминување ми се познати а не ми текиња кои се точно глеам да ги избегнам... хах
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom