- Член од
- 22 февруари 2009
- Мислења
- 746
- Поени од реакции
- 35
Кои се одредниците за членство во ЕУ?
Македонските граѓани многу малку знаат што е тоа „бенчмарк“, кои се и колку се на број, покажа анкетата што Би-Би-Си ја направи на улиците во Скопје.
Терминот кој што во превод значи одредница или патоказ, го популаризираше Европската комисија во март 2008 кога испорача список на реформи кои треба да ги спроведат македонските власти за да добијат датум за почеток на преговорите за членство во Унијата.
БиБиСи ги праша граѓаните дали знаат што се тоа „бенчмаркови“?
-„Бенчмаркови, имам слушнато.“
-„Не сум навлегол во тоа.“
-„Бенчмаркови, мислам дека....ќе треснам некоја најверојатно....крушка крива...“
-„Знаеме....оние за во Европа, така?“
-„Не.“
Терминот се појави на почетокот на 2008 и не важи само за Македонија туку и за другите земји кандидати или потенцијални кандидати, вели политикологот Ислам Јусуфи.
Тој оценува дека е дел од новиот пристап на Брисел кон проширувањето на Унијата:
-„Се појавија како еден израз на новата стратегија на Европската унија кон Балканот во смисла дека проширувањето има потреба од повеќе комуникација. Исто така имаше и одлука во новата стратегија на Европската комисија дека има потреба од поконкретни услови или нивоа на квалитети за пристапување на овие земји во Унијата. Претходно се зборуваше за услови. А кога се зборува за ’бенчмаркови’, тоа е нешто како по меко.“
Евро-амбасадорот Ерван Фуере оценува дека затворањето на одредниците е клучно за севкупниот напредок на Македонија:
-„Овие одредници се витални за иднината на земјата, за економскиот и социјалниот развој и исто така и за политичката стабилност. Дури и да не инсистираше ЕУ на нив поради членството, тие се важни за иднината на земјата“, изјави дипломатскиот претставник на ЕУ во Македонија.
Користењето на новата стратегија со одредници веќе ги дала ефектите, оценува политикологот Јусуфи:
-„Имаме повеќе пристап за тоа што треба да се направи од аспект на европските интеграции, поконкретни се работите, владите појасно знаат за тоа што треба да се направи.“
Лани во април евро-комесарот за проширување Оли Рен ја донесе листата со одредници.
Квалитетен политички дијалог, ефекти од законот за полиција, резултати од судските реформи и од антикорупциското законодавство, деполитизација на администрацијата, намалување на невработеноста зајакнување на деловната клима и фер и демократски избори.
Ова се условите кои Македонија треба да ги задоволи за да ги почне преговорите за членство.
Во спротивно, ќе додаде уште една година од кандидатскиот стаж кој што го доби во декември 2005.

:helou: