Кога ќе почнеме да се цениме?

Видете вака, убаво е да се цениме како народ и све тоа, али за која цел? Власта ни е корумпирана; Повеќето државни институции се исполитизирани максимално; Чесните се бројат на прсти; Македонците убедливо стануваат малцинство во сопствената држава и тоа со ништо не пробува да се спречи (освен песни за трето дете), туку наместо тоа пробуваме да ја правиме државава туристичка атракција, што реално никогаш нема да успее пошто ретко кој сака да доаѓа на балканов, камоли у земја со три езера и многу планини. Мислам нашите си идат од државата, а владата пробува да носи луѓе од странство за да опстане. Тотално утната логика; Секој трет кој го познавам се здобил со некаква неправда од голем карактер, најчесто политички, непотистички или дискриминирачки.

И сега ја, или било кој што размислува како мене, како ја да ја ставам нацијава толку високо, како да се борам за нешто, да фатам јас да развивам свест, кога дури и јас, простата маса, да се борам за ова наместо високите државни органи, за на крај доколку им одговара на едната страна да ме прогласат за патриот и да ме искористат за нивни цели, или пак друга страна да ме прогласа за предавник, и да бидам запамтен неправедно по лошо од народот. Историски ние имаме голема вредност, али денеска јас насекаде околу мене гледам луѓе кои би ги искористиле моите патриотски размислувања и национална свест (доколку ги имав) за свои цели. Се ценам како Македонец. Али исто толку ќе се ценев и ако бев Бугар, Србин, Грк, Албанец, Германец, Американец, Вануатанец, Абориџини или Сан Маринец, ако не и повеќе. Зошто? Бидејќи тој што треба да ме убеди во вакво размислување, тој на кого работа му е да се бори за доброто за државата, тој се бори за лични цели, сопствена слава и финансиска поткрепа за неговите внуци, не на внуците на Македонците.

If you want a change? - Start from the top.
 
Во која држава од соседниве нема корумпирана власт?
Во која држава од соседниве држави државните институции не се исполитизирани?
Во која од соседниве држави нема национализам(поточно фашизам има кај нив ама ај, во ЕУ се повеќето, таму фашизмот е нормална работа)?

Само изгледа ние сме најпаметни и го гледаме тоа, додека народите во останатите држави се прости...
 
Јас мислев на обичниот народ, а тие што се во политиката се обични гомна, нечии пиони.

,,На полувремето додека играчите си викаа еден на друг, им реков дека ми изгледаат како обични македонски граѓани. Барав од нив да веруваат повеќе во себе и дека ѕвездите на другата страна ќе почнат да грешат. Ги погоди кога им реков во лице ,,Вие, Македонците, вредите многу повеќе отколку што мислите! Кога би верувале малку повеќе во себе, би го победиле ПСЖ”. После победата капитенот на екипата кажа дека тој говор дополнително ги мотивирал”, изјави Лино Червар и потоа најави дека постои можност да го напушти скопскиот тим по крајот на сезоната.
 
Во која држава од соседниве нема корумпирана власт?
Во која држава од соседниве држави државните институции не се исполитизирани?
Во која од соседниве држави нема национализам(поточно фашизам има кај нив ама ај, во ЕУ се повеќето, таму фашизмот е нормална работа)?

Само изгледа ние сме најпаметни и го гледаме тоа, додека народот во останатите држави е прост...
Ги кажуваш само работите што се исти. Секаде има корупција бе, не само во околината, и подалеку. Не викам не. А кажи ми у која соседна држава етничкиот народ својствен за истата е во драстично опаѓање? Која држава им дава толкави права на малцинствата? И сакаш да ми кажеш дека у соседните држави мора партиска книшка да имаш за да влагаш кај сакаш? Немој молим те. Сите околу нас идат напред, а ние заглавивме максимално у речиси секоја област која треба да биде послободна за да се движиме напред. Не знам за тебе брат, али ја засега не гледам некој да се труди да го поправа тоа, наместо тоа сите се фокусирани во комплетна друга насока. Ја би сакал да се одглавиме, уф и тоа како сакам да унапредиме како земја и да бидеме еднакви со другите. Али дека го заслужуваме тоа, и дека треба ја да почнам свест да развивам? Тоа мало сутра...
 
Каков народ, таква држава...
Изгледа "простите народи" подобри се од нас, како може тоа да биде?
 
Ги кажуваш само работите што се исти. Секаде има корупција бе, не само во околината, и подалеку. Не викам не. А кажи ми у која соседна држава етничкиот народ својствен за истата е во драстично опаѓање? Која држава им дава толкави права на малцинствата? И сакаш да ми кажеш дека у соседните држави мора партиска книшка да имаш за да влагаш кај сакаш? Немој молим те. Сите околу нас идат напред, а ние заглавивме максимално у речиси секоја област која треба да биде послободна за да се движиме напред. Не знам за тебе брат, али ја засега не гледам некој да се труди да го поправа тоа, наместо тоа сите се фокусирани во комплетна друга насока. Ја би сакал да се одглавиме, уф и тоа како сакам да унапредиме како земја и да бидеме еднакви со другите. Али дека го заслужуваме тоа, и дека треба ја да почнам свест да развивам? Тоа мало сутра...
Јас многу различно размислувам. 1. Не се идентификувам како Македонец бидејќи е беспредметна таа поделба. 2. Дури и ако би се идентификувал како таков не гледам никаква поврзаност со политичката и економска ситуација во Македонија.
Идентификувањето е лична работа и нема врска со пари партии итн.
 
Добро ајде, да пробаме вака. Според вас што треба да направиме за да ја подобриме работата? Еве кажете ми што треба јас да направам за да ги подобрам работите, ако сте во право ќе го прифатам и одма ќе почнам да го споведувам, се додека тоа не ме загрози мене како индивидуална личност на било кој начин. Не пробувам да докажам поента, озбилно би сакал да сослушам нечие размислување и се надевам дека ќе биде рационално и ќе го прифатам. Засега сеуште такво нешто не се десило. Повелете :)
--- надополнето: 22 октомври 2013 во 19:42 ---
Јас многу различно размислувам. 1. Не се идентификувам како Македонец бидејќи е беспредметна таа поделба. 2. Дури и ако би се идентификувал како таков не гледам никаква поврзаност со политичката и економска ситуација во Македонија.
Идентификувањето е лична работа и нема врска со пари партии итн.
Тачно, многу тачно, све е ова на место. Али и ја се идентификувам како Македонец. И што со тоа? Како да се ценам повеќе? Тој дел стварно не го сфаќам...
 
Целта ми беше, врз основа на нашето минато да почнеме да се цениме самите себе како народ. А штом почнеш да се цениш, да сфатиш дека вредиш, да не ги делиш луѓето околу тебе по партии, клубови што ли јас знам одма ќе биде друга песна. Значи работава не е да градиме иднината со походот на Аце, Филип, со Павлле итн. Врз основа на нашето минато да почнеме да се ЦЕНИМЕ, а сите овие проблеми што ги имаме сега се благодарение на надворешните фактори кои преку свои пиони ја растураат нашава земја.
 
Ни јас не сваќам... што има тука да се цени повеќе или помалку некој како се идентификува. Дали некој повеќе вреди ако е ова или она. Тоа и мене не ми јасно.
 
А економија и тие работи поврзани со развој на една земја нема никаква врска со темава. Темата е "Кога ќе почнеме да се цениме?", кога ќе почнеме да се цениме тогаш можеме да збориме за развој државава.
 
Целта ми беше, врз основа на нашето минато да почнеме да се цениме самите себе како народ. А штом почнеш да се цениш, да сфатиш дека вредиш, да не ги делиш луѓето околу тебе по партии, клубови што ли јас знам одма ќе биде друга песна. Значи работава не е да градиме иднината со походот на Аце, Филип, со Павлле итн. Врз основа на нашето минато да почнеме да се ЦЕНИМЕ, а сите овие проблеми што ги имаме сега се благодарение на надворешните фактори кои преку свои пиони ја растураат нашава земја.
А економија и тие работи поврзани со развој на една земја нема никаква врска со темава. Темата е "Кога ќе почнеме да се цениме?", кога ќе почнеме да се цениме тогаш можеме да збориме за развој државава.

Али брат тие работи не можеш толку лесно да ги одвоиш, све е тоа поврзано. Едното произлегува од другото, така се врти кругот. Каков народ - таква држава кажа колегата погоре. Не знам каков бил народот кој ја избрал ваквата држава, али сега државата е таа што го прави народот каков што е. Еве уште нешто да додадам.

Тоа е многу тешко, да застанеш пред светот и гордо да речеш "Јас сум Македонец". Ја кога на едно место на интернетот пишав дека сум од Македонија, едни од Данска ме прашаа дали имаме интернет тука (приказ на туѓото, секојдневното гледиште од странците за Македонците). Мои другари еднаш беа истепани од навивачи од Комити пошто мислеа дека биле Албанци, а сите беа наши (приказ на слогата меѓу етничките Македонци). Пред година дена преовладуваше страв од луѓето да се возат по автобуси пошто се плашеа да не бидат истепани од Албанци (приказ на слогата помеѓу етничките групи во Македонија). Мои пријатели се присилени да глумат припадници на одредена политичка партија, бидејќи е единствениот начин да ја добијат и повеќе од заслужената работа (приказ на работните можности во Македонија).

И во кој од овие случаи ја би застанал гордо и би се ценел со тоа што сум, кога можеби токму за тоа што ќе го кажам би бил нападнат, наклеветен или исмејуван? Не ја гледам причината да се ценам. Горд сум на тоа што се случувало пред мене и пред моите родители, баби и дедовци и останати потомци. Али со ова што се дешава сега, јас немам гордост да застанам и да кажувам дека сум Македонец.
 
Јас мислам народот дека ја прави државата, нели е тоа логично?
Нели сега сме независна демократска држава?
Што значи нема повеќе диктатура, имаме голем избор на партии, можеме да си лаеме колку сакаме...
 
"Каков народ - таква држава", епа кога народот ќе почне да се цени, да не се дели по бои каква ќе биде државава?
 
Целта ми беше, врз основа на нашето минато да почнеме да се цениме самите себе како народ. А штом почнеш да се цениш, да сфатиш дека вредиш, да не ги делиш луѓето околу тебе по партии, клубови што ли јас знам одма ќе биде друга песна. Значи работава не е да градиме иднината со походот на Аце, Филип, со Павлле итн. Врз основа на нашето минато да почнеме да се ЦЕНИМЕ, а сите овие проблеми што ги имаме сега се благодарение на надворешните фактори кои преку свои пиони ја растураат нашава земја.
:pos:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom