Кое средно школо има смер за јазици?

Член од
28 февруари 2013
Мислења
2
Поени од реакции
0
Возраст
35
Ако може да ми кажете во кои средни училишта во Скопје има смер за јазици и (ако знаете дали треба да се биде одличен или многу добар за запишување)... Зошто не знам :( и секој одговор е добредојден!

Поздрав :)
 
Смер-Насока.

Првин македонски после странски.

А во врска со темата не знам не сум од Скопје.
 
Ако може да ми кажете во кои средни училишта во Скопје има смер за јазици и (ако знаете дали треба да се биде одличен или многу добар за запишување)... Зошто не знам :( и секој одговор е добредојден!

Поздрав :)
Во Корчагин имаш билингвална паралелка по француски, односно после 2 година некои предмети ги учиш на француски, ама ништо страшно скоро исто како и другите класови во гимназијата. За запишување во Корчагин конкретно треба да бидеш одличен ама може и мн добар да те примат се зависи од тоа колку ке се пријават и со каков успех. Имам завршено во билингвална па ако те интересира уште нешто прашај :). Инаку има и Орце исто билингвална по англиски, за други школи незнам.
 
Запиши се општа гимназија и во трета година ќе одбереш Јазично подрачје под А. Тамо се учи македонски, англиски, германски, француски и латински. Слично на ова или со повеќе јазици само на курс ќе најдеш.
 
Ако може да ми кажете во кои средни училишта во Скопје има смер за јазици и (ако знаете дали треба да се биде одличен или многу добар за запишување)... Зошто не знам :( и секој одговор е добредојден!

Поздрав :)
Секоја гимназија има јазичен смер. Прва и втора година сите гимназии имаат општи паралелки, во трета година се определуваш за смерот.
Зависи колку сакаш да учиш и која гимназија ти е поблиску, можеш да се запишеш во Орце, Јосип Броз, Карев...
 
Во Корчагин имаш билингвална паралелка по француски, односно после 2 година некои предмети ги учиш на француски, ама ништо страшно скоро исто како и другите класови во гимназијата. За запишување во Корчагин конкретно треба да бидеш одличен ама може и мн добар да те примат се зависи од тоа колку ке се пријават и со каков успех. Имам завршено во билингвална па ако те интересира уште нешто прашај :). Инаку има и Орце исто билингвална по англиски, за други школи незнам.

Во Орце има и француска билингвална, и е многу подобра од англиската...Тие што беа во француската стварно скоро се работеа на француски, што не беше случај со англиските...Барем до пред некоја година така беше...Сега ако има некои промени, не знам...
 
Не е билингвална во ЈБТ за германски таа, специјална е, не учиш предмети на германски туку имаш 6 часа неделно германски со Германец.
 
Ако не нека иде во обична гимназија, нека учи две години и после во трета нека бира Јазично-Уметничко А подрачје.
 
Билингвални имаш во следниве средни
-Орце Николов-англиска и француска
-Корчагин-Француска
-Георги Димитров и ЈБТ германска паралеалка
а во сите гимназии имаш јазичен смер во трета година е сега ако сакаш препорака за билингвалните во орце(конкретно јас сум таму) се океј, не се учи нешто посебно на англиски(англиска сум) само физика хемија и биологија спомнуваме нешто(пред тоа се правеа планчиња и такви ствари) а француската имаат многу добра страна а тоа е што секоја година идат во франција а за во горги и јбт билингвалните тапа се, а корчагин исто така шета по франција
 
Орце Николов, Корчагин и ЈБТ имаат билингвални програми.
Незнам за другите школи али у Орце(англиска и француска), билингвалната нема везе, само еден професор ми предаа на англиски(хемија). За другиве школи неам појма.

Ако мислиш на смер, а не на паралелка, сите гимназии имаат по два јазично-уметнички смера, почнувајќи од 3та година.
 
Абе не ширете дезинформации не е во ЈБТ таа билингвална пишав погоре, специјална е, 6 часа германски имаш неделно а не дека учиш предмети на германски, прајте разлика мајку му
 
не мислев на каде што сите предмети се на странски јазик, туку каде што има јазици повеќе странски на таков смер (насока) :D
 
не мислев на каде што сите предмети се на странски јазик, туку каде што има јазици повеќе странски на таков смер (насока) :D

У повеќето гимназии имаш Јазично-уметнички смер. Таму се учат освен македонски,англиски и француски + уше еден.Зависи у кое школо си.
Куде нас у Орце имаш + италијански.
--- надополнето: 28 февруари 2013 во 22:24 ---
не мислев на каде што сите предмети се на странски јазик, туку каде што има јазици повеќе странски на таков смер (насока) :D

У повеќето гимназии имаш Јазично-уметнички смер. Таму се учат освен македонски,англиски и француски + уше еден.Зависи у кое школо си.
Куде нас у Орце имаш + италијански.
 
Кај и да се запишеш , изучи ги 4 години , па крај краева имаш после средното факултет за јазици. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom