Коцкање или дрога - кое е полошо?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mar-Teen
  • Време на започнување Време на започнување
Наркоманите барем признаваат дека имаат проблем. Оди со коцкар убеди се. Ќе ти вика дека се е во ред. Во секој случај се работи за лабилни луѓе (коцкари и наркоси) кои имаат некои проблеми во животот и наместо да се справат со нив решиле на овој начин да се уништуваат себеси и сите околу нив.
 
Шо знам, мене пак, двете заедно ми изгледаат како добитна комбинација (како кога два минуса прават плус, а никој не може да рече дека математичарите грешат со тие работи).
Кога се дрогираш ти си у екстаза, забрзано созерцаваш и опуштено комуницираш со сите, па и со оние за кои досега абер си немал дека биле тука некаде, а посебно не во фиоката. Свеста ти е на едно сосем друго ниво. Многу свети луѓе по години и години контемплација не успеале да остварат контакт со виша сила, а ти без проблем си праиш муабет со Света Злата Мегленска (и со неа и со целиот хор у ствари). Дури и кајсијата во дворот на комшиите чувствува дека е должна нешто да ти соопшти. Башка си среќен, задоволен, а ако си дебел може и да ослабиш некое кило. Секојдневно еволуираш и се ослободуваш од непотребни делови од телото, кои отпаѓаат пошто немаш потреба од нив, за разлика од полумајмуните околу тебе. Зрачиш со енергија и сила и никој неќе да си има работа со тебе пошто изгледаш како заебан и моќен лик.
Од друга страна коцката си има свои убавини. И таму стекнуваш нови познанства. Срдечни и дарежливи пријатели и згодни расположени девојки се борат за твоето внимание додека ти лукаво смислуваш стратегии околу покерот или рулетот. Секогаш има кој да прослави со тебе. Секогаш кога ќе согориш има некој да те воскресне како феникс од гомната, како Џон од снегот. Во тие моменти исто така се осеќаш семоќен, ти се чини дека и Македонија ќе ја извадиш од долгови, па и за Грчка нешто ќе остане. За дома и онака си имаш.
А што би се десило кога би отишол, онака, духовно издигнат, со ширум отворени чакри (за свеста ич не праиме муабет) да направиш лом у казиното? Одма леѓенда стануваш и сите со децении зборат за тебе. Може и у весник да завршиш.
 
Тоа е еден начин на гледање на овие два пороци :-)
 
И за првите и за вторите лекот се наоѓа во манастирот ``Црна Река`` во Србија:

Може тука и Библијата да ја уфрлиме
Богатството, спечалено на среќа/без труд, се намалува, а кој собира со труд, го зголемува.
 
И за првите и за вторите лекот се наоѓа во манастирот ``Црна Река`` во Србија:

Црквата отсекогаш се обидувала, служејќи се со разни методи и техники, да се справи со конкуренцијата.
Пристапот на видео-снимката е само еден од нив и е прилично застарен. Денес нема потреба од посетување на сомнителни манастири и дружење со матни ликови за решавање вакви работи, кога истите може човек уште подобро да ги прави и дома, каде целото семејство (и пошироката фамилија, комшиите, случајните минувачи) ќе да даде огромен придонес во лечењето на комарџијата/дрогашот.
Со помош на современи орудија и малку креативност, терапијата може временски да се скрати, а посакуваните ефекти да се дуплираат. Којзнае, за поуспешните може и да следува умерена субвенција, позитивна тв репортажа и гратис носач на звук потпишан од Канго химселф.
 
Со молење ,убедување и слични методи мислам дека тешко ќе се разубеди коцкар или алкохоличар да престанат со тоа. Секој од нас па и јас познава премногу такви случаи, и навистина е премногу тешко да се постигнат некои резултати. Пред многу години јас изгубив близок роднина кој од премногу пиење почина неколку денови после неговиот 40-ти роденден. Све пробавме, и мислам колку све повеќе се трудевме, само допринесувавме за спортивен ефект.

Во мојата блиска околина имам еден коцкар и еден алкохоличар, изаедничко за двајцата е што цел живот биле мамими мази. Тато носи мама меси и нему само пороците му останале да ги прави.

Такви размазани типови, со молење и убедување само ги стимулираш. Тој комшијата што пие, прво му избега жената со ќерката. Продолжи да пие уште повеќе. Ги умре мајка му у татко му. Со нив се караше по цели денови. Сега остана сам со синот, и интересно истите каранаци ги пренесе врз него. истите зборови. А син му е млад човек, се вработи штотуку дипломиран. И наместо детето да живее живот, овој пијандурата му го зема и неговиот живот.

Можеби оваа лопатава и не е заслужува....дури и куршумот е скап во споредба со неговиот живот. Чекан од 9 кг и по глава за такви и фрлање на депонија:popce:
 
Препорачливо е чеканот, ако веќе се користи, да не биде толку тежок. Но, зошто воопшто чекан, па дури и депонија? Тоа е залудно трошење на човечки ресурси (добро, наркоманско/алкохоличарски ресурси). Не треба така. Последниве години, на пример, е модерен Waterboarding - от. Водата уште не е премногу поскапена, а доста се користи во овој метод (значи, хигиена). Башка третманот давал резултати, бил доста едноставен за учење и душа дал за повеќекратна примена.
Се разбира, секогаш можеме да експериментираме со струјата. Но таа е поскапа, бара одредено ниво умешност и стручна оспособеност.
Во игра се и разни остри и тапи предмети, кои, за среќа, ги има во секое семејство и чија умерена употреба има за цел да го о(не)свести заблуденото лице и да го изведе на вистинската улица, како би станал општествен пример.
И јас се сложувам дека вербалната комуникација сама по себе не дава ефекти, но во комбинација со гореспоменативе техники на убедување може да даде благонадежни резултати.
На крајот би сакал да истакнам дека на секој треба даму се даде некоја шанса повеќе кога станува збор за борбата со овие чуми на 21 век.
 
Зависи која дрога, ако e да речеме хашиш онда коцката е полош порок ако е хероин онда дрогата e.
 
Зависно од карактерот на личноста, дрогата (општо) прави физичка криза , додека коцкањето психичка .Во секој случај дрогата е полошо ако веке е заглавено со неа .
 
Последно уредено од модератор:
Od licno iskustvo kocka e polos porok, najlos.
 
Зависно од карактерот на личноста, дрогата (општо) прави физичка криза , додека коцкањето психичка .Во секој случај дрогата е полошо ако веке е заглавено со неа .

Јас мислам дека потешко е да ја излечиш психата отколку физички телото да си го исчистиш.
Некои ќе речат отиди на психолог и ќе те опорави. Не е така како што се мисли. Имам познаници што се коцкаат, едните изгубија се живо и диво, уште да застанат да просат. А другите тек сега почнуваат и нема одвикнување.

Така да јас мислам дека коцкањето е полошо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom