CafeDelMar
Luminance
МАРЈАН ЃОРЃИЕВ: КЕ ВОЗАМ БЕЗ ПРИДРУЖБА !
Онака како што им ветивме на читателите на „Комарец“ пред неколку дена тоа и го остваривме. „Комарц“ е првиот медиум што директно, изворно ќе напише за авантурата што си ја постави нашиот сограѓанин Марјан Ѓорѓиев. Разговорот со храбриот но преди се многу скромниот Марјан го направивме каде на друго место ако не во некој спортски објект, го направивме во една од просториите на Спортската сала.
„Најпрвин сакам да кажам дека велосипед возам рекреативно. Инаку желбата да присуствувам на Летните олимписки игри „Пекинг-2008“ ја почувствував уште минатата година. Сега кога веќе се во завршна фаза можам да ви пренесам дека поаѓам од Кочани на 5.април а за местото на поаѓање медиумите дополнително ќе ги известам. Инаку рутата која ја имам утврдено е Македонија, Бугарија, Турција, Ерменија, Азербејџан, Туркменистан, Узбекистан, Киргистан, Казахстан и Кина во должина околу 11800-12000км. Планирам да возам дневно од 80-100 км. максимум и тоа 120 дена. Како би можел на 8. август, ако имам среќа и нешто порано стигнам на зацртаната цел, Пекинг. Во големите градови како што се Истанбул, Баку, Ашкабат, Ташкенд ќе се одмарам, исто како и во попатните хостели и други некои места каде имам веќе испланирано, а кои навистина нудат добри услови за одмор“.
„Се надевам дека временските услови ќе ми бидат наклонети. Патиштата по кои ќе возам се магистрални и регионални и се асфалтирани со незначителни земјени делови. Убеден сум дека нема да имам никави проблеми на моето патување. Единствено со брод ќе ја поминам релацијата Баку – Туркенбаши од каде пак до Ашкабат ќе возам низ полупустина што ќе преставува извесен проблем исто како и возењето низ Киргистан каде не е најбезбедно моментно. Сепак се надевам дека успешно ќе ги поминам и тие делници и дека без проблеми ќе стигнам до Кина. Деновиве од кинеската амбасада очекувам да добијам документ со кој ја подрежуваат мојата авантура, напишан на кинески што и те како би ми помогнал додека возам низ нивната земја. Реков дека се надевам дека на 8,август ќе бидам во Пекинг, но искрено чувствувам дека тоа ќе биде и некој ден порано бидејќи токму на денот на отворањето на игрите поради присуството на големиот број државници тешко дека ќе можам да се пробијам до отворањето на игрите“.
„За моето патување со велосипед до Пекинг ги информирав Премиерот, МНР, АМС, МОК и кинеската амбасада, но по чекање и од три недели од никого не добив никаков одговор. Морав со помош на неколку луѓе да почнам да ги воспоставувам контактите. Дознав дека повратни одговори немав добиено бидејќи речиси сите мислеле дека е шега. Од АМС добив поддршка околу вадењето на визи кои ги добив со помош на МНР, а финансиска помош не добив од никого, па морам сам да се снаоѓам. Инаку мој генерален спонзор ми е Руен“.
„Знам дека ќе биде тешко и напорно. Ќе има ветрови, лошо време, малку спиење, проблеми со исхраната но сепак менталната сила која е на прво место верувам дека ќе ме одведе до посакуваната цел, Пекинг. Инаку психички сум подготвен да ги надминам сите потешкотии“.
„Комарец“ се надева дека Марјан ќе стигне на посакуваната цел неколку дена пред отварањето на игрите, впрочем тоа го заклучивме преку разговорот со овој храбар човек инаку дипломиран инженер технолог вработен во „Неметали“ – од Чешиново.
Голем поздрав до дечкото и му посакувам најбезбедно да пристигне во Пекинг преставувајќи ја Македонија.