Кочани - Пекинг со велосипед

  • Креатор на темата Креатор на темата CafeDelMar
  • Време на започнување Време на започнување
Честитки за човечето. Да се надеваме дека и во Македонија (кога ке се врати) ке има пречек како што заслужува.
Не верувам! Половина од спонзорите му откажале, родителите на Манс бараа помош, за остварување на идејата на Манс. Не видов на некоја телевизија да кажаа за замислата и подвигот на Манс, така да не верувам дека ќе има нешто повеќе.
 
Му се има исполнето животниот сон.
Секоја чест.Ме радува што постојат вакви луѓе,заслужно го дишат воздухот.
 
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]КОЧАНЧАНЕЦОТ ШТО СО ВЕЛОСИПЕД СТИГНА ДО КИНА СЕ ВРАТИ ДОМА[/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]"Научив како се јадат кикиритки со стапчиња" [/FONT]
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]За четири месеци на велосипед, ослабнав само четири килограми и не сум уморен. Повеќе ми пречи временската разлика помеѓу Кина каде воздухот е со голема влажност и овде кај нас", им рече популарниот Манс на другарите.[/FONT]

%7B824FCE13-E580-4CA1-BDF4-3FEC5E0E6537%7D_image=2.jpg
[FONT=Arial, Helvetica, sans-serif]
Маријан Ѓорѓиев завчера вечер пред полноќ се врати во Кочани од Пекинг со авион, откако претходно истата релација од 11 800 километри ја совлада со својот велосипед за 115 дена, што ги помина низ десет држави.
"За четири месеци на велосипед, ослабнав само четири килограми и не сум уморен. Повеќе ми пречи временската разлика помеѓу Кина каде воздухот е со голема влажност и овде кај нас", им рече популарниот Манс на другарите.
Мобилниот телефон го загубил во Пекинг. На него имал околу двеста фотографии што ги направил таму, па пред родителите и другарите немаше што да покаже. Извади кинеска ракија и благи прсти од кокошка кои во Кина биле специјалитет, по што демонстрираше како се јадат кикиритки со кинеските стапчиња што си ги донел од таму.
"По пат јадев се што и мештаните. Морав да се прилагодувам на нивната кујна. На пример, во Казахстан луѓето пијат млеко од кобила и тоа многу им е слатко", раскажа 34-годишниот инжинер по неоргаска хемија, кој, инаку, велосипед вози само рекреативно во последните десетина години. Никогаш не бил натпреварувач.
Од државите низ кои поминал и кои претежно се муслимански, најмногу му се допаднал Узбекистан. Најубави девојки сретнал во Туркменистан, а во Киргистан се уплашил дека ќе го вратат во Македонија, кога му рекле дека ќе го депортираат оти во хотелот каде што пренокил пропуштиле да го пријават во месната полиција. Му барале 200 долари казна и кога им рекол дека неможе да плати, го депортирале ама во Узбекистан, со забрана една година да неможе да влезе во Киргистан.
Мала непријатност имал кога влегол во Кина. Наишол на неосветлен тунел долг 3 километри во кој паднал во канализационен канал. Го искршил предното тркало, но не се повредил.
Во Кина, на 1500 километри пред Пекинг со него стапил во контакт македонскиот амбасадор. Кај него бил на вечера, заедно со останатите олимпијци од Македонија.
Во Олимпиското село бил само еднаш. На подигнувањето на нашето знаме. Останатите две недели, престојувал во хотел што сам си го платил. Неможел ниту во живо да го следи свеченото отворање на Игрите на 8 август, бидејќи немало да се купи билет, па останал надвор од стадионот.
Ѓорѓиев тргна од Кочани за Пекинг на 10 април, сам со својот велосипед и ја оствари поставената цел-стаса пред отварањето на Игрите на 1 јули, седум дена порано. Тогаш рече дека намерата му е да ја афирмира Македонија и цврстината и издржливоста на нашиот народ.


Уште еднаш секоја чест.
[/FONT]
 
"Мајка Тереза" и "7ми септември" за Марјан Ѓорѓиев



По повод патувањето од Кочани до Пекинг со велосипед за Олимписките Игри, Марјан Ѓорѓиев доби две значајни награди на 5ти и 7ми септември.
На 5ти септември, во МАНУ на манифестацијата во спомен на „Мајка Тереза“ му беше врачена статуетка и благодарница за неговиот храбар подвиг. Секоја година на 5ти септември - денот на упокојувањето на Мајка Тереза се одржува оваа манифестација, а тој оваа година ја имаше таа чест да го добие ова почесно признание.

mtereza5.jpg



На 7ми септември во салата на Мултикултурниот Центар, по повод денот на ослободувањето на Кочани, се одржа свечена манифестација.

Манифестацијата имаше богата и интересна програма. Градоначалникот Љубомир Јанев се обрати кон присутните гости и зборуваше за остварувањата на Општина Кочани и што ќе се случува во иднина. Се презентираше документарен видео запис за манастирот Добра Вода и следуваше музички настап на нашите познати флејтистки Ангелина Катмерова и проф. м-р Златка Митева.



7sept3.jpg
 
pa alal da mu e. Treba navsitina hrarost da soberes da trgnes na vakva avantura.
Sreken mu pat :D
 
pa alal da mu e. Treba navsitina hrarost da soberes da trgnes na vakva avantura.
Sreken mu pat :D

Добро,читате вие или само насловот на темата ?

Ама нека му е среќен пат ако никаде друго барем на работа кога оди секој ден.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom