- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Книги на македонски и на англиски јазик за егејската епопеја
Сведочењата на преживеаните за случувањата за време на Граѓанската војна во Егејска Македонија ќе се најдат во книги на македонски и на англиски јазик
Проектот чиј иницијатор е Сојузот на стопански комори, а носител Институтот за национална историја предвидува снимање и документирање на животните приказни на децата-бегалци, собирање фотографии со мотиви од Граѓанската војна во Грција и изработка на стебла на фамилиите на децата-бегалци. Тој сé уште е во подготвителна фаза, а неговата реализација зависи од тоа дали ќе добијат пари од Министерството за култура каде што ќе конкурираат со проектот.
Снимањето на сеќавањата на сведоците и учесниците во некој важен историски настан како доказ на тоа што навистина се случило во минатото е честа практика во светот.
Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја, вели дека сега е периодот во кој таквиот начин треба да се искористи и за документирање на сведочењата на преживеаните од Граѓанската војна во Грција.
- Луѓето што учествувале во таа војна сега се во години и треба да ја искористиме можноста да ги документираме нивните сведочења. Сите нивни искази ќе бидат ставени во архивите, а потоа ќе бидат објавени и во книги- вели Чепреганов.
Целта на разговорите, со околу 500 учесници во војната е преку нивните сведочења да се остави доказ за тогашните случувања.
- Треба да се документира она што го доживеале за идните генерации да не се прашуваат дали е вистина тоа што им се случувало - вели Чепреганов.
Дел соговорници на историчарите ќе им ги обезбедува „Незаборав“, здружение на децата-бегалци од егејскиот дел на Македонија.
- Ние можеме само да лелекаме за тоа што ни се случуваше. Но, со помош на историчарите и на Сојузот на стопанските комори маките на Македонците што учествувале во Граѓанската војна и биле протерани ќе се овековечат. Сите знаеме за случувањата на пример во Јајце, но не и за случувањата во Грамос - вели Ѓорги Доневски, претседател на Здружението.
Токму фактот што малку се знае за судбината на тие луѓе бил мотивот за започнувањето на овој проект велат од Сојузот на стопански комори. Во оваа фаза тие се само иницијатори на проектот, а подоцна е можно да бидат и координатори.
Во меѓувреме додека од Сојузот повеќе детали најавуваат за неколку недели, Доневски вели дека нивното здружение ќе иницира и нови проекти.
- На 60-годишнината од трагичното завршување на Граѓанската војна ќе иницираме изградба на спомен-парк во Катланово, каде што се лекувале над 6.000 жртви од војната, имаме идеја и за нова поставка во историскиот музеј, снимање документарен филм, објавување едиција на книги - вели Доневски.
Според процените, по завршувањето на Граѓанската војна во Грција околу 50.000 Македонци биле протерани, а на околу 35.000 им биле одземени имотите.
Автор: Фросина Цветковска
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6179101050471&id=9&setIzdanie=21714
Прекрасна ВЕСТ....
Мислам дека вакви книги ни се и повеќе од потребни , светот премалку е запознат со страдањата на Македонците...
Се надевам дека наскоро ќе се реализира и проект за ФИЛМ на оваа тема, за вакви инвестиции не треба да се жалат средства...