Fortune
шодаенешчо
- Член од
- 9 мај 2005
- Мислења
- 12.493
- Поени од реакции
- 183
Еј, колку пати сум прочитала низ Љубов и секс слични изјави, како кај љубовните проблеми и совети така и по други теми. Многу од форумџиите се согласуваат со ова.
Ајде една посебна тема во врска со ова и да видиме секој посебно шо си мисли.
Знаеме дека секој ќе си мисли прво за себе, а после за другиот, но дали е во ред? Дали умееме да се ставиме на туѓо место и да замислиме како би ни било доколку некој не` искористи за да заборави некого? Во ред, може да излезе таквата врска да биде најпрекрасна врска, но ајде да се сконцентрираме на периодот додека се трудиш да го заборавиш претходниот партнер. Си раскинал врска, уште имаш чувства, не си ги средил во глава мислите, а почнуваш нова врска за да заборавиш на претходниот. А актуелниот абер нема зошто си со него.
И тоа префрлување на чувства е чест случај. Го сакаш партнерот, раскинувате, почнуваш врска со друг и оп чувствата кои си ги имал претходно ги префрлаш на новиот. Колку е ова можно според вас? Барем мене ми е несфатливо, неприфатливо. Кога се градат чувства кон една личност, според мене тоа треба да е заради нејзе самата, заради нејзините квалитети, да се почне од нула чувство па полека да се засилуваат, а не само од желба да се продолжи чувството кон бившиот.
Значи, дали сте од оние кои скокаат од врска во врска за полесно да заборават или од оние кои чекаат да си расчистат со себеси и ослободено да се впуштат во нова?
Имам уште некои прашања, но ајде понатаму
Повелете