Класична Гитара !

  • Креатор на темата Креатор на темата џо!
  • Време на започнување Време на започнување

џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Не најдов тема за Класична Гитара па отворив една за да се збогати форумов.:smir:

-Темава е за Класична Гитара(читај наслов бре) , нејзината историја , употреба , и разни блаблабла и штобило...Ама за Класична Гитара !

-Друга интенција за отварање на темава беше за јас лично да се збогатам со знаење и совети од полето на Класичната Гитара од (се надевам) останатите членови на драгава ни Кајгана.А на тој начин ќе можете и вие,да се збогатите со знаење , информации и совети.

-Свирам класична гитара 2 ипол години на една фино изработена но неправилно користена(те цела со гребаници) Јамаха Ц40 , тако звана Јама.Омилените композиции што ги свирам се напишани од Фернандо Сор , Бах(претежно транскрипции) , Тарега(ма кого лажам , не сум толкав фраер) , Матео Каркаси , Паскал Роч , Дионисио Агуадо и такодаље.Сите фини и достојни ликови.Почнав неодамна и Регтајм да свирам -претежно од Скот Џоплин , те пред 7 месеци , со летна пауза од 3 месеци , а надежно ќе свирам и Џез набргу(чим му фати сеирот на даскалот).

И то...

...Вие?:wink:
 
Дома имам класична гитара ама не свирим класична музика. Освен Fur Elise не знам ништо друго :D
 
-Свирам класична гитара 2 ипол години на една фино изработена но неправилно користена(те цела со гребаници) Јамаха Ц40 , тако звана Јама.Омилените композиции што ги свирам се напишани од Фернандо Сор , Бах(претежно транскрипции) , Тарега(ма кого лажам , не сум толкав фраер) , Матео Каркаси , Паскал Роч , Дионисио Агуадо и такодаље.Сите фини и достојни ликови.Почнав неодамна и Регтајм да свирам -претежно од Скот Џоплин , те пред 7 месеци , со летна пауза од 3 месеци , а надежно ќе свирам и Џез набргу(чим му фати сеирот на даскалот)

Убава тема :wink:.

Сите што ги наброја сум ги свирел порано иако веќе години неам пипнато класична композиција ама сакам пак да се вратам у форма (и јас две години учев).

Ме интересира каде учиш, по која метода и колку си задоволен?

Јас имав 5 книги од Сеговија и кај првиот учител по нив одев а кај вториот почнавме од едни други 2 книги.

Пс. Тогаш паѓав во несвест на Алхамбра и Астуријас (не дека сеа би било поинаку :))
 
Глуп сум, па некој да ми ја објасни разликата меѓу класична гитара, и другите акустични? Не е смешно, сериозен сум, а баш ме интересира.
 
Глуп сум, па некој да ми ја објасни разликата меѓу класична гитара, и другите акустични? Не е смешно, сериозен сум, а баш ме интересира.

Класичната има поширок врат и најлонски жици , i најчесто се свири со прстите (те не се користи плектрум/трзалица) во зависност од композицијата и начинот на кој што се свири има 2 основни техники - апојандо(со јагодицата-врвот на прстот) и тирандо(со ноктите на десната рака-ако си десњак нормално).

classical-guitar-anatomy.jpg

Западно-Акустичната има потенок(потесен) врат и има челични жици(најчесто-постојат и од никел итн.) , најчесто се свири со плектрум/трзалица но има и жанр во кој се свири со прсти те истоимената техника Bluegrass.

acoustic-guitar2.jpg
 
Убава тема :wink:.

Сите што ги наброја сум ги свирел порано иако веќе години неам пипнато класична композиција ама сакам пак да се вратам у форма (и јас две години учев).

Ме интересира каде учиш, по која метода и колку си задоволен?

Јас имав 5 книги од Сеговија и кај првиот учител по нив одев а кај вториот почнавме од едни други 2 книги.

Пс. Тогаш паѓав во несвест на Алхамбра и Астуријас (не дека сеа би било поинаку :))

Ми предава еден стар скопски џезер може го знаеш по псевдоним Цефка(не давам целосно име-забрането е).Иако имам уште 2 наставника со коишто повремено работам.
Учев по Skola Gitare 1 и 2 од Jovan Jovicic , 20те Етуди од Fernando Sor ги работам (поголемиот дел сработени се) , и имам една нова книга од Vjekoslav Andree што е феноменална и има огромен број на композциии (со правилно напишан прстомет и други музички потписи) , научив една Регтајм композиција од Scott Jopplin што е почетокот од учењето Џез музика.
Е вака , учев во Луј (државното) 3 години завршив таму (првата година ја завршив за 2 месеца/имаше административна грешка па покасно најдов наставник) . Сега бидејќи учам гимназија , поретко се гледам со професорот , а кога неможам да се видам со Цефка идам кај еден пријател кој што ми предава приватно(но само класична музика) .
И то...и јас паѓам у несвест од Алхамбра и Астуријас...и сега планирам Капричо Арабе да го скинам , кога ќе ме охрабри професоров. :pipi:
 
и јас имам да ти казам гитара ама не ја користам :))))
 
Јас кај два професора имам одено еден беше во Мичурин а другиот во Аеродром само на вториот веќе не му знам адреса а супер метода имаше.

Инаку преска што ти реков Сеговија беше грешка, на Јовичиќ мислев, јас стигнав до четвртата книга и тука престанав иако викаат дека е најтешко првите 3 да ги поминеш.

Можеш ли да ми препорачаш некој од професорите (ти кај што идеш) и да ми кажеш како идат просечно цените сеа од саат, одамна не сум прашал така да неам поим колку се сменети.

Пс. си пробал со две или три гитари нешто, многу е јако :wink:.
 
Еве баш пред два дена си купив, незнаејки каква е, класична гитара :) Имам поранешно искуство од 1 месец, па се потцетувам и не свирам класична музика :) Не сум пробал али мора и тоа да биде :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom