Кинезите пронајдоа вакцина против ХИВ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.485
Поени од реакции
35.419
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
ina_aids_vaccine.jpg




На последниот ден од меѓународната конференција за сида во Торонто, кинеските стручњаци ја здрмаа светската јавност со изјавата дека се на прагот на откритието на лекот за една од најголемите напасти на нашето време.


Имено, првите тестови од вакцината покажале дека таа е ефикасна во заштитата од ХИВ. Тестовите ги спроведувале научници од Државното министерство за храна и лекови, а според нивните извештаи, никој од луѓето на кои биле вршени тестирањата по 180 дена немале последици штетни по здравјето, додека кај некои веќе по 15 дена од примањето на вакцината се појавил имунитет на заразата од ХИВ.


"Ова е прв показател дека вакцината е ефикасна во стимулирањето на телесниот имунитет" - стои во извештајот.
Научниците сеуште детално ги анализираат резултатите од првите тестови, по што треба да донесат конечна одлука дали и на кој начин ќе се продолжи со испитувањата.
Kong Wei, водич на истражувачкиот тим од универзитетот Jiin, за China Daily изјави дека првите резултати се охрабрувачки, но дека сеуште е ризично да се објави целосен успех.


Тестирањата извршени на 49 здрави мажи и жени започнале во март минатата година во Кина. Доброволците ја примиле вакцината, а потоа биле заразени со фрагменти од вирусот ХИВ-1. Повеќето развиле имунитет кон ХИВ, а скоро никој не добил знаци на нус-појави.

Министерството за наука и технологија тврди дека во втората фаза од истражувањето ќе мора да изврши тестови врз уште 800 доброволци. Според најновите податоци, само во Кина има околу 650.000 луѓе заразени со вирусот на ХИВ.



Извор.
 
Па и време беше да откријат вакцина против ХИВ. Само што сега ќе се појави друга болест осеќам...да немојш на раат без презервативи бре?!
 
Па не е само сидата полова болест. Нема везе. Дај боже, побрзо да биде достапна за сите
 
Acid напиша:
Тестирањата извршени на 49 здрави мажи и жени започнале во март минатата година во Кина. Доброволците ја примиле вакцината, а потоа биле заразени со фрагменти од вирусот ХИВ-1. Повеќето развиле имунитет кон ХИВ, а скоро никој не добил знаци на нус-појави.

Што да се каже за доброволциве...само нездрав Кинез може нешто вакво да напраи. Поштујем,поштујем:)
 
скептичен сум малку за ова, дури не видам докази не верувам, и порано имало најави дека се на пат да најдат лек за сида па ништо не испаданало
 
asterix_m напиша:
скептичен сум малку за ова, дури не видам докази не верувам, и порано имало најави дека се на пат да најдат лек за сида па ништо не испаданало

istoto go mislam, onaka nekako ne mi stima ovaa izvestuvanje, ama sepak, ako ima dokazi, blaze si im na lugeto
 
Се надевам дека е вистина ова, и дека вакцината ќе биде успешна...
 
Ako e tocno ova, bravo za kinezine, svaka im 4ast. A be od daleku si se poznavat koj imat um
 
Алал да им е..ако не измислат Кинезите нема на кој да се надеваме друг дека ке измисли...
 
Браво, секоја чест.:aplauz: И нормално дека ќе измислат Кинезите или Јапонците. Само затоа што тие не спијат! Така е Еко?:pos:
 
jas sepak mislam deka sme uste daleku od otkrivanje na vakcina protiv SIDA
 
:aplauz::aplauz: за кинезиве, ај па како што им тргнало може ќе најдат и лекови за други неизлечливи болести...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom