Кинески гитари

  • Креатор на темата Креатор на темата The_Red1
  • Време на започнување Време на започнување

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Ај штом има тема кинески телефони мислам дека и ваква треба да се отвори.
Споделете искуства со кинески гитари, дали вреди да се купи за почеток, дали може да се научи да се свири на гитара а да се почне со кинеска...?? Има ли некој кинеска гитара и како му трае?? Јас лично немам ама ми викаат дека биле мн мн лоши и се отштимувале на 5 мин. Еве тема па кажувајте:smir:
 
A шо не отворите една тема "Kинеска стока", и таму коментирајте за кинески телефони, гитари, точкови, мотори, компјутери и др. Поедноставно е така.:)
 
епа тоа на почетокот требаше а не сега да се дава идеја...туку ај да не бегаме од темата туку ако имаш искуство кажи :)
 
Мојата многу брзо напука! Слаб кватилет, ама па ефтини се. Инаку за почетници е добра според мене. Ако сакаш да продолжиш повеќе, ке ти треба нова гитара!
 
Прајме муабет за електрична или акустична?

Сеедно, далеку се поевтини од остатокот. Цимерот мој има и таква и таква. Акустичната не е нешто посебно, мада за 20-30 евра шо сакаш? Битно засега е цела, вратот не е крив и жиците се на пристојна висина.

Електричната е башка прикаска, 100 евра се некаде сосе појачало, и се копија на Фендер, да неречам исто изгледаат. Се на се, електричната е далеку подобар избор.
 
за акустична е зборот....па јас сега сакам да купам па не знам дали е добра само да се научам малку па после ке гледам како иде и дали сум за гитара или воопшто не сум
 
За гитари сум апла почетник, разгледував во јамаха,смешко и гитар хаус. Можеби токму поради што пред смешко влегов во јамаха и се двоумев дали да земам таква или кинеска кога влегов во смешко се разочарав..можеби за почетници се океј но набрзо ќе сакаш да ја смениш, подобро е да се земе нешто повредно и да се користи подолго време, и колку што ги запамтив цените 1700,2000 и 6000,7000 за озвучена се премалку за гитара. Мојот избор беше yamaha c30m 6500 денари е, ти ја препорачувам јас а и долго време пред да ја земам скоро сите ми ја препорачаа како за почетник.
 
Јас почнав на кинеска гитара.
2300 ја земав од смешко...и не , не ја препорачувам.
Над мене имаш добар совет Јамаха ц30.
Јас си купив Ц40 , кога почнав професионално да се занимавам.
За класични гитари ептен се добри јамите.
А за западно-акустична мислам дека најдобри се Вошбурн и Мартин.:pipi:-Мада поскапи се , ама трајат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom