L
.Lost Angel.
Гостин

Согласно новиот тарифник за надоместици за користење фонограми и изведби предвидено е гробиштата и крематориумите да плаќаат такса за пуштената музика додека покојниот е изложен во капелата, објави денешен Вест.
Парите од таксата ќе ги зема организацијата на македонската музичка индустрија ММИ во која членуваат продуценти и музички изведувачи.
Во тарифиникот стои дека фирмите кои стопанисуваат со гробиштата се обврзани да плаќаат месечен надомест кој изнесува 10 бода по капела. Вредност на еден бод е 60 денари, што пресметно во пари излегува 600 денари по капела.
Раководството на најголемите гробишта во државата, “АД Бутел“ за Вест изјави дека не сакаат уште давачки зошто веќе му плаќаат на ЗАМП за изведбите во живо на погребалниот оркестар. Од “АД Бутел“ велат дека не можат да си дозволат да плаќаат такса за сите седум капели со кои располагаат, бидејќи многу често семејстават на починатите бараат да има музика. Тие тоа барање им го исполнувале со пуштање на црковна музика од манастриот Свети Јован Бигорски.
Сакајќи да им излезат во пресртет на погребалнините друштва, од ММИ велат дека можат да им дадат некој попуст.
Покрај музиката во капелите, тарифиникот за користење снимени песни важи и за сите веселби како крштевки,свадби, сунети и други веселби кои ќе се одржуваат во угостителски објекти, дворови, шатори и саеми. За нив надоместокот изнесува 1.200 денари по веселба.
И клубовите за фитнес и аеробик, кои користат музика ќе треба да плаќаат по 6.000 денари месечно.
Тарифникот за надоместоци за користење фонограми и изведби стапи во сила пред два дена од кога беше објавен во Службен весник.
--- надополнето: 15 ноември 2012 во 16:40 ---
Ај некој ќе плаќа али не верувам дека овие што ќе прават сунети дека ќе платат али тоа ти е Македонија нашта чудесна земја каде што има и од пиле млеко ...

