Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
На пеџа му реплицирав не тебе.
Затоа е приемниот испит, на екстра талентираните и надарени студенти би им овозможил бесплатен смештај во студентски домови. Исто и бесплатен превоз.
Поентата ми е дека треба селекција, богат сиромав денес во секој град секој студира. Со посветена работа може да се изберат најдобрите и на истите да им се дадат овластувањата што погоре ги споменав.

Држи вода ова, но сеуште не можам да сфатам зошто да ги укинат. Можат и на дисперзирани студии да учат и да ги имаат овие бенефиции.
 
Не е способна Македонија да има доволно подготвени кадри за на двете места. Ниту е способна истите да ги плаќа. На дисперзираните факултети претежно предаваат партиски скапаници со дискутабилни докторски дезертации. Впрочем и Македонија како мала земја нема потреба од секој да е факултетски образован. Презистеност има од непотребни и неспособни факултетски образовани луѓе. Треба директно да се контролира и бројката на слободни места. Што ќе му се на Македонија 2000 правници или економисти секоја година?!
Меѓутоа овие прашања повлекуваат и други, мислам се манипулира со бројки на невработени, не студенти и слично. Цел систем е кон лошо тргнат и го има заедно со себе земено и образованието. Затоа на Македонија и требаат болни реформи кои мислам не е никој способен да ги направи, а ако се најде некој таков веднаш би бил класифициран во предавник. Според мене скоро и да е загубена борбата.
 
Па можеле и на тоалетна да ги напишат... Шо е ова, ко деца од основно, не знаат да искуцаат еден текст ?

Да се затворат дисперизираните? Што само за оние што се во Ск и тие што можат да плаќаат кирија заслужуват да студираат?
Оваа прича знам дека од партија ви ја кажале во врска со финансиите за студирање во Скопје. Размисли како е во светот, во САД на пример зимаат студентски кредити кои потоа ги враќаат речиси целиот живот за да студираат, зошто не земеш ваков кредит и дојдеш во Скопје да студираш медицина ако си сигурен дека го поседуваш капацитетот за после да се вработиш и да го отплатиш, доколку не си сигурен дека ќе се вработиш тогаш си сигурен дека ПРОБЛЕМ е преголемиот кадар односно премногу студенти во мала држава и треба да се превземе нешто бидејќи се повеќе ќе се трупаат како резултат на приватните и дисперзираните . Ти ако имаш повеќе слободно време на УГД Медицински браво за тебе што успеваш да го искористиш останатото време во штаб ама некој нема време да се замара со дополнителни небитни испити како државниот.
Исто е и во Велес на Техничкиот факултет кои имаат 1 предавање неделно и тоа без вежби што е смешно, не дека државните цветаат ама факт е дека минимум еден степен се повисоки од останативе.

btw гледам добро ти одеа портпаролскиве работи на форумов ама откако те пронајдоа се откажа некако или се лажам?
Немај гајле не е сега нарушување на приватност бидејќи навремено си интервенирал да се прикрие - браво ;)

Не ми е јасно зошто никој не спомнува нешто за приемните испити ? Зошто не се воведува приемни испити ? Па потоа многу лесно ќе се знае кој е за факултет а кој не..:toe:

А инаку јас мислам дека студентите треба да побараат 2 работи од Владата:

1- Приемни испити, за да нема дилеми дека секој се запишува на факултет
2- Да се воведе повеќе пракса во високото образование

Со два потези може да се реши проблемот во високото образование.
 
Последно уредено:
Не ми е јасно зошто никој не спомнува нешто за приемните испити ? Зошто не се воведува приемни испити ? Па потоа многу лесно ќе се знае кој е за факултет а кој не..:toe:

Мене приемниот испит ми е баш како задолжително пред да се запишеш на факултет да се запознаеш со материјалот и што се однесува до мене палец горе за приемен. Мада и да е поинаков од ова како што мислам јас...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: oon
Јао, сте се фатиле за сликава со барањата, а не мислите дека барањата, кога се бараат официјално, на друг начин се пишуваат. Сигурно во официјално барање нема да пишеш УМС или тоалетен фонд, бесплатно скијање итн итн. Официјалните барања си идат преку соопштение на Фејсбук страната и сајтот.
 
Оваа прича знам дека од партија ви ја кажале во врска со финансиите за студирање во Скопје. Размисли како е во светот, во САД на пример зимаат студентски кредити кои потоа ги враќаат речиси целиот живот за да студираат, зошто не земеш ваков кредит и дојдеш во Скопје да студираш медицина ако си сигурен дека го поседуваш капацитетот за после да се вработиш и да го отплатиш, доколку не си сигурен дека ќе се вработиш тогаш си сигурен дека ПРОБЛЕМ е преголемиот кадар односно премногу студенти во мала држава и треба да се превземе нешто бидејќи се повеќе ќе се трупаат како резултат на приватните и дисперзираните . Ти ако имаш повеќе слободно време на УГД Медицински браво за тебе што успеваш да го искористиш останатото време во штаб ама некој нема време да се замара со дополнителни небитни испити како државниот.
Исто е и во Велес на Техничкиот факултет кои имаат 1 предавање неделно и тоа без вежби што е смешно, не дека државните цветаат ама факт е дека минимум еден степен се повисоки од останативе.

btw гледам добро ти одеа портпаролскиве работи на форумов ама откако те пронајдоа се откажа некако или се лажам?
Немај гајле не е сега нарушување на приватност бидејќи навремено си интервенирал да се прикрие - браво ;)

Да бе, од партија ме пратија нели знаеш, секој ден со Гвујо се слушам, најбољи другари сме.
Да, си интервенирав, пошо нема потреба секој да ме знае кој сум и шо сум, пошо гледам многу ви иде добро лепењето етикети.
Пошо според вас, секој шо не го подржува пленумот мора да е вмро.
 
Јао, сте се фатиле за сликава со барањата, а не мислите дека барањата, кога се бараат официјално, на друг начин се пишуваат. Сигурно во официјално барање нема да пишеш УМС или тоалетен фонд, бесплатно скијање итн итн. Официјалните барања си идат преку соопштение на Фејсбук страната и сајтот.

Владата постојано вели дека мора да се воведе некои механизми кој колку знае, а јас вака мислам,наместо државни испити,најубаво би било Студентскиот Пленум да побара од владата приемните испити да се вратат во високото образование како што беше во времето,само со многу по строги критериуми, и готово. Чим Владата сака предлози и се залага за квалитетот на високото образование еве го предлогот, наместо ткн државни испити,нека се вратат приемните испити..
 
Последно уредено:
Владата постојано вели дека мора да се воведе некои механизми кој колку знае, а јас вака мислам,наместо државни испити,најубаво би било Студентскиот Пленум да побара од владата приемните испити да се вратат во високото образование како што беше во времето,само со многу по строги критериуми, и готово. Чим Владата сака предлози ево ти предлок, наместо државни испити,нека се вратат приемните испити..
Не викам дали треба или не треба да има, немало ни дискусија некоја во државава за евентуално враќање на приемните. Зборев за тоа што некои се фатија како се напишани, други за тоа дека некои барања не се добри, бла бла.
Официјалните барања засега, беа кажани во средата.
 
Па и очигледно е дека на никој не му текнало нешто да спомнува за приемните испити, а со тоа многу лесно можат да се решат проблемите во високото образование..
 
Оваа прича знам дека од партија ви ја кажале во врска со финансиите за студирање во Скопје. Размисли како е во светот, во САД на пример зимаат студентски кредити кои потоа ги враќаат речиси целиот живот за да студираат, зошто не земеш ваков кредит и дојдеш во Скопје да студираш медицина ако си сигурен дека го поседуваш капацитетот за после да се вработиш и да го отплатиш, доколку не си сигурен дека ќе се вработиш тогаш си сигурен дека ПРОБЛЕМ е преголемиот кадар односно премногу студенти во мала држава и треба да се превземе нешто бидејќи се повеќе ќе се трупаат како резултат на приватните и дисперзираните . Ти ако имаш повеќе слободно време на УГД Медицински браво за тебе што успеваш да го искористиш останатото време во штаб ама некој нема време да се замара со дополнителни небитни испити како државниот.
Исто е и во Велес на Техничкиот факултет кои имаат 1 предавање неделно и тоа без вежби што е смешно, не дека државните цветаат ама факт е дека минимум еден степен се повисоки од останативе.
олку глупости во еден пост немам прочитано одмна... толку одамна што веќе 6 месеци немам пишано нешто, ама сега морав да ти реплицирам. Ако ти си дел од пленумот тогаш за вас не државен испит туку и приемен за на работа треба.
Резиме на твојот пост „Сите што не учите на УКИМ сте глупи, сте дел од умс и ич не одите на факултет и после од вмро че ви дадат дипломи.“
 
Од сите лоши аргументи што ги дадовте зошто требало да се укине задолжителното средно, најјак ми е оној „зошто во средно се запишуваат неписмени“ :facepalm::facepalm:
Извинете генијалци, ама последен пат кога проверував, средното образование е баш за ова, за тој неписмен преку процесот на образование да се описмени и да се образува...
Да бевме сите образувани немаше ни да постојат институциите наречени училиште.
 
Нека се воведат приемните испити и готово крај на дилемите во високото образование.

Нема потреба толку генерализирања..
 
Препрочитај, ќе видиш дека зборам за средно образование, а не за високо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom