Абе ова све Каракамишева го има напраено. Овие и упаѓаат на предавање, она си ќути, пише порака на Грујо, Грујо ги решава во два потега, и овие сеа се смеат за да не плачат.
Не можеш бре да имаш едно огромно тело и никаква кординација. Банда без команда, и нешо ова она демек интерни, демек некои фаци што се анонимни и само они одлучуват што и како ќе се одвиваат одлуките на пленумот.
Треба организација и координација. Треба да се знае кои ќе бидат главни и да се знае дека се тотално и целосно ПОЛИТИЧКИ НЕОПРЕДЕЛЕНИ.
И ајде ви се молам, најголемиот проблем во оваа држава на студентите е некој ебен тест од 5 прашања?
Не се проблем студентските домови што се распаѓаат?
Не е проблем немањето на услови и читални?
Не е проблем немањето на простории па некои факултети се шетаат низ цел ебан град барајќи предавални?
Не е проблем немањето на лаборатории?
Не се проблем корумпираните асистенти, професори и фаците шо се со врски?
Не е проблем превозот на студентите кои патуваат, па даваат за месечни карти по неколку илјади денари?
Не е проблем немањето на литература?
Не е проблем немањето на пракса?
Не, тоа не е проблем. Очигледно најголемиот ебан проблем на сето студентско движење е некој ебан тест за кој уште ништо не се знае, ебан тест со кој наводно треба да се види дали некој има нешо во тиквата стаено во рок од тие години шо ги поминал на факс.
Тоа е најголемиот проблем?
И сега некои фаци се прогласуваат себе си за студентски водачи, обидувајќи се да добијат на поени за некоја идна политичка кариера.
Некои си високо интелектуални шупаци со просек од 10,00 шо неколку години студираат само за сите да им се 10ки и шо пред испити се праат дека нишо не знаат, на колоквиуми ко јазик да им е пресечен. Најсебичните и најарогантните суштества се кренале да бидат водачи?
И тие се бунат највеќе бидејќи им е страв дека го заборавиле бубаното па пак мора да бубаат.
Патетично е ако сето ова движење е само за еден ебан тест.