Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Ако не се лажам, Абдулаqим рече дека е потребно минимум 30000 (50%) студенти да излзеат за да биде важечки протестот. Значи според тоа, и овој протест ќе биде за џабе.
Менталниот да ми кажува колку треба да се собереме за да било успешно, а кој тоа брои колку сме? Па и за дебилите не гласа 50% од народот па лом прават во државата, тоа е тоа. Да не ја носиме темата накај политика, си играат мајтап со НАС студентите. Од промената на името од екстерно во државен испит, како да сме некој глупаци и демек толку ги излажавме. Па јавна дебата ќе имало, ќе се зборело ни ј ни д од јавна дебата. Па ќе се снимално и во живо ќе одело,а кој ја гледаше дебатата во влада во живо што одеше на МРТ уште пореволтиран е, на уличарски начин се смеат, се зафркаваат и ја кројат иднината на студентите. И Груевски вика, па ако некој се запишал економски и избрал изборен МУЗИЧКО, ооозбббиииииииилнооооооооооо брааааааааатттттт???? Не понижуваат, а тоа мора да престане.

И нека запомнат, друг може да дојде на власт, други млади и студенти во државата не можат да најдат :)
 
Последно уредено:
Од тие 8-9000 што беа минатиот пат, да бидеме реални речиси 90 посто една песна не слушнале од Бернајс и не слушаат таква музика, а и не отишле на концерт, туку на протест, што е најбитно.
Апсолутно сум против свирки на протест. И за Мартин Нешковски исто на еден од протестите имаше свирка и за тоа бев против.
Немам ништо против дечките, ги почитувам, ама зборувам сега на поглобално ниво.
Има милион песни од бендови што пејат против системот или кои имаат социјална тематика, а се поприфатливи и и попознати за поголема група на луѓе. Не сите слушаат алтернативна музика и може да се случи побрзо да си заминат. Ова е реалноста, не велам дека ми се допаѓа. Еве видете Рики како изреагира за Архангел, што се покултен бенд, а не па за Бернајс. Како Рики ќе бидат уште 3-4000.

Вие се организирате, вие си знаете, ама правите грешка.

Свирка на протест. Апсолутно погрешно и несериозно.
Ама не организирам јас, ниту се прашувам.
Немаше за Мартин зашто ја откажаа после силните негодувања, али најмногу се негодуваше дека детево умрело ти музика пушташ, не одеше ...
Иначе ја сум апла против хипи протести, за Мартин излагав секој ден, некад со другари некад сам али баш го терав она нивноно главно мото, секој ден, дур не се накурчив од хипстерајскиот хипи протест кој од ден на ден се помалце и помалце приврзаници имаше, така промени не се изнудуваат, поготово не против вакво секташко владеење кое се форсира во земјава со години.
Дечкиве од студентскиов пленум се апла интелигентни, тоа треба да се потенцира, до сега сум импресиониран од начинот на кој делуваат, од нивните излагања на тв, се гледа дека се '' деца '' со огромен капацитет, и треба да искалкулираат што може а што не може да изнуди промени, свирката не е решение, треба да се изнајдат други начини, се до оној краен стадиум кој сакал некој да признае или не, 90% од луѓево потајно се надеваат дека ќе дојде баш до тоа. riot.
 
Е*ењето во здрав мозок на сите оние кои што сеуште имаат храброст да живеат тука е во глупоста наречена последни промени во предлогот за испитот -

1. Од 70% праг, се спушти на 30% - нивото што треба да го потполниш за да го положиш испитот
2. Испитот се полага БЕЗБРОЈ пати (од кои 3 ГРАТИС, ко во супермаркет да сме)
3. Прашањата и одговорите на истите за испитот ќе бидат однапред дадени.

Јас се извинувам, но дали може некој од власта да ми каже како предложената мерка, односно веќе донесената мерка државен испит (кој што не е екстерен, ама е екстерен де) ќе го испита квалитетот на нашето образование - според 3те наведени точки?

Од старт ова е глупост невидена како идеја (испитот како испит), ама изгледа само глупите идеи поминуваат во Македонија. Џабе протест, џабе се'. ЏАБЕ!
 
1. Од 70% праг, се спушти на 30% - нивото што треба да го потполниш за да го положиш испитот
2. Испитот се полага БЕЗБРОЈ пати (од кои 3 ГРАТИС, ко во супермаркет да сме)
3. Прашањата и одговорите на истите за испитот ќе бидат однапред дадени.
Се во овие 3 точки ти е грешно (делумно или целосно)...
Немој вака, некој ќе помисли дека стварно сме манипулирани...
Значи вака е:
1. Од 70% се спушти на 60% зошто демек професорите (само кои професори зошто бар 80% од универзитетските професори го отфрлаат овој концепт уште пред да има и каква било дебата) им рекле 70% е за 7ца, а 60% за 6ка, а они сакале да си останат на зборот и да бараат минимум 6ка на тој испит.
2. Точно дека се полага безброј пати, ама само 2 пати ќе ти бидат гратис, а веќе од третиот пат оди со 1000 денари, па 6000 денари, па 12000 денари. Во однос на ова и се смени тоа да се полага по еднаш квартално туку тие 4 испити годишно ќе биле март, јули, август и септември (бар ја така разбрав од ова шо го пишуваа последниве денови), а се со цел нас да ни било демек полесно и да полагаме тогаш кога немаме други испити...
Еве им еден хинт, на Правен во март се полагаат колоквиуми, а јунската сесија трае и на почетокот на јули...
3. Само прашањата ќе ги давале, одговорите сам ќе се помачиш да ги најдеш или некој друг да ти ги најде :D
 
Мене уште не ми е јасно како ова ќе ги искорени купените дипломи, нели тоа беше првичната причина. Исто не ми е јасно како оваа мерка ќе ми го подобри квалитетот на образованието за кое плаќам. Еве нека ме убедат со анализи, аргументи и факти и не е проблем, ќе полагам државен испит.
 
Кај нас со мирен протест не се решава ништо реално овие малоумниве решиле ќе го воведат ако треба и све ке избркаат од факултет нивно ке вработат 2 пати бев и некако пасивно многу треба нешто по живо
 
Че го лежит Фрчко така ми изгледа мене :icon_lol:.

Затвор за одговорните на факултетите кои нема да го почитуваат Законот за високо образование
Објавено: 09:58, 24/12/2014 Прегледано: 1,383 пати.
zatvorResetki-600x320.jpeg


192 0
За спорните одредби во новиот Закон за високо образование, власта, без опозиција, ќе гласа во понеделник, во очи Нова година.

Законот, без дебата, како во сите демократии, ќе се „истурка“ на мускули. Не се зема предвид несогласувањето ниту на студентите ниту на професорите. А во него, доколку не се почитува некоја одредба, предвидени се драконски казни.



Глоба во износ од 10.000 до 30.000 евра во денарска противвредност и мерка забрана за вршење на високообразовна дејност ќе и се изрече на високообразовната установа која ќе издаде диплома за завршено високо образование на студент кој не положил државен испит или доколку на студентот му дозволи полагање на испити од трета година без претходно да го има положено државниот испит кој се полага по завршувањето на втората студиска година.



Одговорното лице на високобразовната установа, кое ќе постапи спротивно на овој закон, односно ќе издаде дилома за завршено високо образование на студент кој не положил државен испит или доколку на студентот му дозволи полагање на испити од трета година без претходно да го има положено државниот испит кој се полага по завршувањето на втората студиска година, ќе се казни со затвор од 1 до 3 години.



Казни се превидени и за студентите и за професорите, кои нема да ги почитуваат одредбите.

http://a1on.mk/wordpress/archives/427535
 
Казни се превидени и за студентите и за професорите, кои нема да ги почитуваат одредбите.

Ете ги небулозите што тек ќе доаѓаат на виделина. Полагањето ем мора да биде на компјутер, ем ќе се снима. И после некој од штабот (пардон Одборот за што и да е) ќе ги чешла тие снимки и ќе ги заокружува со црвено „препишувачите“. Препишувачот казна, тој што чувал испит (професор/асистент) казна што не го спречил препишувачот, факултетот казна што има препишувачи и нефаќачи на препишувачи, Деканот казна бидејќи вработените му дозволиле препишување и натаму до бескрајот, односно до Министерот кој нели е во право и за него нема казна.

Живо ме интересира како ќе инсталираат опрема на сите 200 факултети за снимање и како ќе обезбедат компјутери за спроведување на државниот испит. Или се подразбира дека услови за тоа ќе мора да обезбедат самите факултети/универзитети.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Ете ги небулозите што тек ќе доаѓаат на виделина. Полагањето ем мора да биде на компјутер, ем ќе се снима. И после некој од штабот (пардон Одборот за што и да е) ќе ги чешла тие снимки и ќе ги заокружува со црвено „препишувачите“. Препишувачот казна, тој што чувал испит (професор/асистент) казна што не го спречил препишувачот, факултетот казна што има препишувачи и нефаќачи на препишувачи, Деканот казна бидејќи вработените му дозволиле препишување и натаму до бескрајот, односно до Министерот кој нели е во право и за него нема казна.

Живо ме интересира како ќе инсталираат опрема на сите 200 факултети за снимање и како ќе обезбедат компјутери за спроведување на државниот испит. Или се подразбира дека услови за тоа ќе мора да обезбедат самите факултети/универзитети.

pa tuka ide be drugarce perenjeto na paricki tenderi za kompjuteri...tolku li ne razbiras sve si ima pozadina ova
 
Немаше за Мартин зашто ја откажаа после силните негодувања, али најмногу се негодуваше дека детево умрело ти музика пушташ, не одеше ...
.
Јас сум грешка тогаш. Знам дека се организираше и тоа баш во парк требаше да биде и јас не отидов, тогаш и на форумов исто дискутирав дека нема логика тоа што дете починало, а некој прави концерт/свирка, па веројатно по претпоставка си заклучив дека било одржано. :)
 
у четврток во екс би ту на плоштад сеа не знам како се вика имаат предновогодишна забава, да им се ставиме таму па на протест утредента :lolzz:

имам видено пародија акаунти со понормални твитови и фб објави отколку партискиве кај нас :cuc:
 
Ако не се лажам, Абдулаqим рече дека е потребно минимум 30000 (50%) студенти да излзеат за да биде важечки протестот. Значи според тоа, и овој протест ќе биде за џабе.

По таа логика и на вемеро тогаш му требаат 50% од цела популација у државава да гласа за нив за да бидат легитимни. Што би значело дека не се.
Добар хумор имаат цела постава од минстри до премиер до купениве медиуми мора да се признае, Монти Пајтон гомна да јадат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom