Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
И на ФИНКИ има прашања на заокружување кај некој професори и тоа знаат и неколку сесии по ред истите прашања да ги даваат само различно формулирани а второ со тежината претерувате.Ако имаш кој да ти објасни како се студира уште од прва ќе поминеш многу лесно.
ама скоро сите такви тестови носат негативни поени за згрешено прашање + се полага одделно ЗАДАЧИ за истиот предмет, и да како што кажа проблемот е што неможеш од прва да го лоцираш точниот проблем кои ти е зададен и губиш премногу време на негово разработување.. али како и да е да не бегам од темава мислам дека ЛАВОТ е тешко ранет со двоцефка а куршумот на далеку се слушна.. секоја чест :bravobe::cujte:
 
Само да ве поправам, ФИНКИ нема официјално став, деканот Трајанов рекол дека шпекулации се тоа од Нова сајтот. (не викам дека нема ништо, но да се држиме до објективноста)
 
Само да ве поправам, ФИНКИ нема официјално став, деканот Трајанов рекол дека шпекулации се тоа од Нова сајтот. (не викам дека нема ништо, но да се држиме до објективноста)
Случајно се најдов во просторија во која дискутираа професорите после состанокот и сите кажаа дека се изјасниле негативно. Ама Трајанов колку што знам е долгогодишен партиски активист на вмро и тука запнува работата.
Иначе имаше студенти од техничките науки на протестите бе. Од финки пред мене измаршираа десеткаши. Малце во помал број сме од кгф пошо учат децата, напнато е али тука сме :D
 
Убеден сум дека да дојде некој од ФИНКИ и да му дадат готови прашања од економски, ако потроши 3-4 дена на учење на истите, ќе си го положи државниот за друг факултет.
?
А ако дојде некој од правен/филозофски нема?
На ФИНКИ се најпаметните? Или се водиш по погрешна претпоставка дека сличен материјал има... математиките?
ОТВОРEНО ПИСМО НА ПРОФЕСОРОТ МАЛЧЕСКИ ДО МИНИСТЕРОТ АДЕМИ
http://fokus.mk/otvoreno-pismo-na-profesorot-malcheski-do-ministerot-ademi/
Овој па, сега се јави за екстерното. Ми беше професор, интересен беше ама се знае дека математиките се учат со асистентките. Тоа што жена му ја казнија пошо се покажаа големи остатпки во нејзините оценки и оценките од екстерно е случајност :D
Менталната двојки става кога реално заслужуваш 4ка.
Инаку, не, конкретно мислев за Иванка Додовска.
Што си мислел ти за дада ми?????????????
 
?
А ако дојде некој од правен/филозофски нема?
На ФИНКИ се најпаметните? Или се водиш по погрешна претпоставка дека сличен материјал има... математиките?
:facepalm: Пример земав.

Ако дојде некој од Медицински на Филозофски - ќе положи;
Ако дојде некој од Правен на ФЕИТ - ќе положи;
Ако дојде некој од ПМФ на Филолошки - ќе положи;
Ако дојде некој од Педагошки на Земјоделски - ќе положи.

Во ред е вака?
 
Благодарност до МОН и Владата што сега ни дадоа уште еден повод плус, ние студентите, да излеземе на протест - „државен испит“ и за магистранти и докторанти. :bravobe::bravobe:

Сега не гледам причина за нови изјави на Адеми и Груевски: „Не знам зошто протестираат“. Како беше она? Шах мат? :P
 
Случајно се најдов во просторија во која дискутираа професорите после состанокот и сите кажаа дека се изјасниле негативно. Ама Трајанов колку што знам е долгогодишен партиски активист на вмро и тука запнува работата.
Иначе имаше студенти од техничките науки на протестите бе. Од финки пред мене измаршираа десеткаши. Малце во помал број сме од кгф пошо учат децата, напнато е али тука сме :D
Му завршува мандатот ако не се лажам годинава на Трајанов, така да мора да се очекуваат такви ствари :)
 
:facepalm: Пример земав.

Ако дојде некој од Медицински на Филозофски - ќе положи;
Ако дојде некој од Правен на ФЕИТ - ќе положи;
Ако дојде некој од ПМФ на Филолошки - ќе положи;
Ако дојде некој од Педагошки на Земјоделски - ќе положи.

Во ред е вака?
не, вака има премногу информации
моеше да кажеш кој било од кој било факултет да полага економски државен испит, ќе положи :D
 
не, вака има премногу информации
моеше да кажеш кој било од кој било факултет да полага економски државен испит, ќе положи :D
Кој било од кој било факултет да полага економски државен испит, ќе положи.
 
не, вака има премногу информации
моеше да кажеш кој било од кој било факултет да полага економски државен испит, ќе положи :D

dzabe ke go polozis koa so sredno nekoj ke raboti...ti ke se cesas zaso si go polagal
 
Денес ги читам реакциите од протестот. Луѓе излегувале од работа на улица да ве поздрават и да ви се поклонат. Имаше и една добра реченица: Деца вие не сте свесни каква моќ имате!
Млади речиси 10 години немало протест од овој калибар, со оваа сила и сплотеност. Изгледате како нереален филм, партиските тролови се запрепастени верглаат лево десно фатени во расчекор од бројката и силата која ја презентиравте. Баталети ги партиските мочковци, они никогаш нема да бидат дел од масата, они никогаш нема да го почувствуваат тој дух на праведност. И ако некогаш се направат промени во државата: Обесете ги ве молам.
 
@ElNinho

И со Иванка исто, одлично искуство, беше асистентка уште јас кога студирав, ептен беше фина.
 
Кој било од кој било факултет да полага економски државен испит, ќе положи.
Добро ама го едитираше првобитниот пост? Ќе ги збуниш другите глупи како мене.
 
@Kocka
Не мешај кози и комшии, далеку од тоа беше муабетот. Како и да е, ете, и да не се воведе испит, сепак мора нешто да се промени, и тоа под итно. Ова што се случува моментално во образованието, нема смисла, ги поминува сите граници. Врски ќе има секогаш. На тој принцип ни функционира државата. Затоа сме вукојебина.

Дознав вчера вечерта кој е со транспарентов, не сум го приметил уште таму на фаца. Заебант е иначе гласно го поддржува протестов и на лице место и на фб.
Ѕвер е Калин. :D
 
?
А ако дојде некој од правен/филозофски нема?


Што си мислел ти за дада ми?????????????

Oh god, затоа не пишувам имиња. :D

Дада ти беше најголем хејтер на режимов ко што она го викаше, за да прекуноќ (откако зет ти (?) премина во коалиција) стане нивни главен гласноговорник рамо до Каракамишева.

Инаку како асистентка беше коректна и искочаше во пресрет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom