Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Твое е како ќе ти влијае на понатамошниот живот (секако нема да ти влијае во позитивна насока), но твоето завршување на препис утре ќе влијае на некој ни крив ни должен.

Финтата е што некои воопшто не учат. И утре таквите ќе ти земат работно место, па после ќе се жалиме зошто ни го зеле, а немаат три чисти од професијата.

Но со овој концепт нема ништо да се промени. Ако виското образование е неквалитетно, тогаш нека се проверат професорите, нека се заострат критериумите за станување професер, нека се вратат приемните испити, нека се заостри отварањето на приватни факултети, во последниве години секакви типови станаа професори, пред се заради тоа што фалеше кадар заради многуте нови факултети, па како што падна квалитетот на студирање, така падна и квалитетот на професорскиот кадар воопшто.

А не да се прави „реформа“ на грбот на студeнтите, и тоа на сите, и на оние кои чесно и вистински си учат и на оние кои се шлепаат така, на сила.

Демек, на овој „испит“ нема да има препишување, протекции и врски? Ех, знаеме каде живееме и како функционираат тие работи.
 
Со овој концепт може да има некакви минимални промени, но ништо драстично. Недостигаат уште многу други реформи, од професори, па се до студенти. Ова со државниов испитов е пичкин дим, треба многу поригорозни мерки.

Јас лично сум против приемен испит. Претходното знаење на студентот, не треба да биде клучно за тоа дали некој студент ќе може да се запише на факултет или не.
 
Пак почнавте ваков испит, таков испит? Поради појавувањето на се повеќе "неко меџу нама није наш" и јасниот став на сегашните и ваљда идни студенти дека не смее да се воведе некаков испит, предлагам на темава да се објавува само што правиме и да се посочуваат кртовите во тоа правење. На тој начин нема да постои можност за маневрирање на дотичните во правец што на нив им одговара.
 
Зошто се нарушува автономијата на универзитетот.
Член 46
На универзитетот му се гарантира автономија. Условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот, се уредуваат со закон.

Значи со закон можат да му уредат на универзитетот да мора да спроведува стандардизирани испити (кои ќе ги стандардизира некое тело со претставници од сите универзитети). Многу тенка и козметичка измена треба за законот да стане уставно прифатлив.

Мислам дека уставноста овде е многу помал проблем од суштината на реформата. Поточно, во случајов проблемот е што ова ќе биде исто како реформата во средните, нема да промени ништо во насока на квалитет. На високото образование му се потребни посуштински реформи.
 
Не прочитав наназад, не можев баш се да прочитам...дали и како ќе се вклучат средношколците? Оти тие се оние кои допрва ќе имаат проблеми ако сево ова помине.
во сите теми е владин пиар. Ако не внимаваш ќе те спушти на негово ниво, на тротоарска плочка и ќе попуштиш. Игнорирајте го најдобро.
 
Последно уредено:
Нема врска со уставност. Навикнати сме на менување на устав како чорапи. Станува збор за форсирање на концепт правна држава. Ќе си донесуваат закони како што сакаат и не им можеш ништо.
 
Со нивната реформа секако ја нарушуваат автономијата на универзитетите.Како што знаеме уставот ја гарантира автономијата на универзитетите.И да го усвојат законот ке се соочат со уставниот суд.
 
Во Кузман се прават списоци...
 
Во Кузман се прават списоци...

Нека се прават.

Ако студентите, но и средношколците, останат одлучни во својата борба против ваквиот идиотизам наречен државен испит/екстерно тестирање, ни списоци, ни ништо нема да може да ги запре. (y)
 
Во ред тоа ама ме иритира ептен. Го познавам и тој што правел и се распрашувал од која партија се студентите!
 
Сè е за реформирање, гнила ни е државава, сеуште. Не е доволен само еден ваков ебан испит, многу работи треба да се сменат/реформираат. Ама не би биле Балкан, ако не сме тоа што сме.
Член 46
На универзитетот му се гарантира автономија. Условите за основање, вршење и престанок на дејноста на универзитетот, се уредуваат со закон.

Значи со закон можат да му уредат на универзитетот да мора да спроведува стандардизирани испити (кои ќе ги стандардизира некое тело со претставници од сите универзитети). Многу тенка и козметичка измена треба за законот да стане уставно прифатлив.

Мислам дека уставноста овде е многу помал проблем од суштината на реформата. Поточно, во случајов проблемот е што ова ќе биде исто како реформата во средните, нема да промени ништо во насока на квалитет. На високото образование му се потребни посуштински реформи.
Одлично кажано.
 
Со нивната реформа секако ја нарушуваат автономијата на универзитетите.Како што знаеме уставот ја гарантира автономијата на универзитетите.И да го усвојат законот ке се соочат со уставниот суд.
:pos:

Не постои нешто такво во земјава.
 
Во Кузман се прават списоци...

Зошо бе давате дезинформации? Еве јас сум во Кузман и никој ниту ми има тропнато на врата, ниту пак некој ме прашал дали сум излегла на протестот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom