Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Добро е што испаднаа неколку илјади. Глупиве морони нема да можат да кажат дека е опозиција зад тоа. Затоа што:
- со тоа јавно би ѝ признале толкава моќ на идиотската опозиција (која реално ја нема)
- би се конфронтирале со поголем кворум, која конфронтација би ја нарушила популистичката тактика
и некои други причини
Затоа е премногу срамежливо ова етикетирање на протестите како опозициски, од страна на владините медиуми во етерот и билбоарди на форумов
Не е точно ова болдираново, не кажале ништо ,гледам секој ден што како и читам се случува , на ваква изјава од ВМРО поединец нема никој кажано или стретнато ...Колку им е само промашен проектот 99% средношколци на факултет, веќе никаде не се фалат со тој податок, почнуваат да се оградуваат од тој проект, синоќа на К5 даваа некакав емисија демек зошто мора секој после средно да оди на факултет.
Е па добро утро, јас ова го викам уште пред 6-7 години дека хиперпродукцијата во образованието ќе донесе големи проблеми.
На студентите денес не им е лесно: фасцинантниот одзив (за која се желни не само армии невработени, социјални случаи, стечајци, други маргинализирани групи, туку и некои кои сакаат да профитираат) им натовари бреме. Од нив очекуваат чуда, т.е. она за што тие самите не се способни или подготвени да се борат. Во поетски стил млада колешка напиша: „Студент – колку тоа гордо звучи!“
Да се разбереме, не мислам дека професорите треба да маршираат или скандираат пред Адеми. Друга работа е што на таков евентуален повик би се појавиле толку мал број луѓе, што би служеле повеќе како илустрација на тезата за триумфот на стравот и конформизмот во оваа фела. Всушност, за професорите важи истиот повик како и за студентите: „Окупирајте го универзитетот!“ Може да звучи чудно, бидејќи постојат форуми, органи и тела низ кои можеме да се изјасниме и да испратиме порака до власта, министерот или јавноста. Но, за разлика од студентите, ние чекаме владата да го направи првиот чекор, па дури потоа да реагираме. Искуството покажува дека и да има реакции, тие ќе бидат млаки и краткотрајни. Универзитетот едвај дише под тешката рака на власта, тој е дел од проблемот, а не од решението.
Односот кон студентите е прашање кое речиси и да не се поставува. За илустрација, на мојот факултет се води истрага за да се открие кој е „предавникот“ кој на студентите им ја „издал“ службената емаил адреса преку која тие им се обратија на професорите во врска со протестот. Поштата служи за комуникација, а таа ги опфаќа и студентите. Нивната пошта не е спам – заслужува да се прочита и да се одговори! (Се разбира, јас бев „предавникот“. Со нетрпение очекувам деканот да ме повика на разговор.)
http://www.vankovska.com/2014/11/profesorski-plenum/