Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Далеку е од ај на здравје. Сеа ќе има „јавна расправа“, утре/задутре треба да се произнесат универзитетите. Баш ме интересира што ќе направат ако сите универзитети се против.
Озбилен си ?!
Дај не ме заебавај, они ќе пуштат предлог-закон уште пред да се произнесат универзитетите. Ги заболе нив дали некој или сите универзитети ќе бидат за или против.
Ама ако, се е ова наша вина, ама не зошто ги гласаме (зошто ако не беа овие, другите ќе си имаа сигурно некои фикс идеи) туку зошто заборавија сите колкава моќ има народот...
 
ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш законите ќе ги носи со сила без разлика дали е против устав или не е тоа е во крвта им е диктатурата и радикализмот..
 
Владата го усвоила предлог-законот за државен испит
48 Views December 14, 2014 македонија Петре Димитров

P8110206-1728x800_c.jpg

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми денеска на прес-конференција информираше дека вчера владата на седница го усвоила предлог-законот за државен испит кој ќе биде даден на јавна расправа.

– Државниот испит е механизам за верификација на академското знаење и за проверка на ефектот од она што како држава сме го вложиле во идната академска заедница. Како Влада цврсто сме убедени дека државниот испит ќе придонесе за унапредување на квалитетот на високо образовниот систем. Тоа е единствената причина за негово воведување. Сите останати тези, од типот дека со државниот испит се нарушува автономијата на универзитетите, државата сака да ги контролира професорите, да им наштети на студентите, да заработи на нивна сметка и слично, се само мит фабрикуван од одредени политички структури, изјави Адеми.
http://emagazin.mk/владата-го-усвоила-предлог-законот-за/

Ова ти е класичен инат без јавна расправа на протести од илјадници студенти да го усвоиш законот. Каква иритација како мало дете еј не прај сине ова оно за инат во штекер со прстот. Безобразни едни пу пу.
 
Да не се сфатиме погрешно, го усвои предлог-законот, сеа као ќе има расправа, па тек после ќе иде до Собрание. И после Собранието треба да го носи по редовна или скратена постапка. Се мислам по која ќе го носи. (n) Поентата ми беше, да не се сфати дека е донесен веќе.
 
Да не се сфатиме погрешно али на овие баш им е гајле дали некој е против законот они ќе одат до крај. А во собрание се само они, така да Собрание не е никаков фактор за расправа. Сами со себе сигурно нема да се објаснуваат.
 
По итна, зошто глеаш хаос е во образованието мора најитно да се воведе ред :icon_lol:
 
Да не се сфатиме погрешно али на овие баш им е гајле дали некој е против законот они ќе одат до крај. А во собрание се само они, така да Собрание не е никаков фактор за расправа. Сами со себе сигурно нема да се објаснуваат.
100% ќе има проформа некоја дискусија, ќе кажат: Еј брао Адеми и Спиро, многу ми се свиѓаат меркиве, алал да ви е. Сигурно големо истражување сте напраиле за сето ова.
 
100% ќе има проформа некоја дискусија, ќе кажат: Еј брао Адеми и Спиро, многу ми се свиѓаат меркиве, алал да ви е. Сигурно големо истражување сте напраиле за сето ова.
Тоа од првиот ден на нивното владеење го имам приметено. Имаш предлог закон- расправа никаква- проформа некоја со измислени стручни лица- закон.
Истото се деси и со законот за абортус еве го и законот за хонорарци. Значи нема подобрување на предлогот туку автоматски конечен збор. Оти они се најпаметни нели не менуваат решенија.

Ама она до крајни граници ја претераа.
 
А дали некој знае Владата што предвидува со редефинирањето на Болонискиот процес ? Гледам се објавува некои измени за Болонискиот процес. А какви измени се тие ?
 
А дали некој знае Владата што предвидува со редефинирањето на Болонискиот процес ? Гледам се објавува некои измени за Болонискиот процес. А какви измени се тие ?

Враќање на усен испит и уште некои други работи, прочитај таму на линкот што го оставив на претходната страна.
 
Враќање на усен испит и уште некои други работи, прочитај таму на линкот што го оставив на претходната страна.
Погрешно имаш сфатено, пишува дека првата од четирите новини во Законот за високо образование ќе биде редефинирање на Болоња, а не пишува и што значи тоа редефинирање. Усен испит има и сеа.
Него мене ме буни што значи ова :
„воведување на задолжителен усмен испит, покрај писмениот,“
Шо испитот сега ќе биде составен од два дела, и усен и писмен ?
Не е тоа преочигледно кршење на академската слобода на која функционира автономијата на универзитетот ?
 
Најјак ми е моментот, ама нема уште конкретен предлог, не се знае ништо, уште не е дефинирано.
Фино е вака кога гласаш нешто што не постои. :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:(по нивните изјави, нАли)
 
Да не се сфатиме погрешно али на овие баш им е гајле дали некој е против законот они ќе одат до крај. А во собрание се само они, така да Собрание не е никаков фактор за расправа. Сами со себе сигурно нема да се објаснуваат.

Таков ни е системот поставен уште од почеток.Не требале уште во старт извршната и законодавната власт да ги спојат во едно тело.Ваква организација би имала смисла кога би биле монархија каде монархот би имал абсолутно право на вето,а они на претседателот му го одземаа правото и на вето,уставниот суд станува твој ако владееш повеќе од 2 мандати и со тоа парламентот е семоќен.А во парламентот се доаѓа преку пратенички листи и со тоа се губи секаква моќ на индивидуите и луѓе од сенка кои раководат со партиите стануваат семоќни.

Кога би можело да се направи секоја општина да си гласа за градоначалник и пратеник и така секој да може да знае кој му е пратеник представник и да може да гледа како гласа можеби би можел парламентот повеќе да не служи само за ставање на печат.Ќе можат тие што ги преставуваат да им вршат огромен притисок.
 
Последно уредено:

Ние сме супер бе. Иаме мешовит политички систем, но сепак кој многу често наликува на парламентарен со тоа што иаме претседател кој е биран непосредно од страна на граѓаните и има право на вето (ама ветово е ептен слабо). А истовремено, иаме Собрание, т.е. пратеници, на кои никој не може да им го земе мандатот освен тие самите на себе. (што наликува на собраниски систем) После имаш ситуација кога министерот е предложен од мандатарот на Владата, гласан е од Собрание, но истиот тој што го предложил не може да го разреши туку Собранието го прави тоа. И испаѓа ситуација, министерот одговара на претседателот на Владата или на Собранието? :D Ова е само теоретски, у пракса си знаеме дека се ни е многу убаво. :D Глатко тече се'.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom