Кралот Марко
Не прилепчанецот, ами Јас
- Член од
- 6 ноември 2008
- Мислења
- 3.969
- Поени од реакции
- 278
Ајдеееее јас сум бил измиен мозок, добро бе нема ли луѓе во државава толку кои што ќе кажат- "Може компромис со името, но не и со јазикот и идентитетот". Мора да постои некоја црвена линија до каде што смее да се оди, а тоа дека некој протести ќе дига, Европа ја боли уво. Затоа што Европа нема никаков интерес во Македонија, а Македонија има големи интереси поврзани со Европа. Не секогаш е добро националните интереси да се бранат со удирање во гради и покажување непопустливост, понекогаш е добро националните интереси да ги градиме и долгорочно. Пред се треба да бидеме реални и да кажеме дека ние сме мала држава со 1,5 милиони македонци кои што сакаат да влезе Македонија во ЕУ но кои што викаат исто дека нема шанси да го сменат името, и други 500000 македонци кои што исто сакаат да влеземе во ЕУ но кои викаат баш им е гајле за името, и доколку не дојде до промени тие може да превземат и други мерки. Второ да не зборувам дека ние сме мала и неразвиена економија која што е увозно зависна, а она што го извезуваме се претежно суровини и полупроизводи што говори само за тоа колку е "моќна" нашата економија. Додека бенефитите кои што би се добиле од влегувањето во ЕУ би биле бенефитите на заедничкиот пазар, односно слободна размена на стоки, услуги и капитал со земјите од Европската Унија, како и можност за излез на нашите претпријатија на европскиот пазар. Да не заборавиме и дека немаме некоја инфраструктура, немаме голем број на странски директни инвестиции, немаме армија а пак нити имаме абер од влегување во НАТО,а гледам прееска на АЛСАТ тие другите 500000 македонци ептен се запалија за федерализација и кантонизација, така што некој овде ептен треба да се замисли.
Втор пат ти кажувам, си згрешил тема, можеш слободно да одиш.