Ќе гласаме од дома, стискај ентер!

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување
x.gif
Изборите на 22 март, ќе нема електронско гласање

x.gif
Лидерите на четирите најголеми парламентрани партии во Македонија се договорија на претстојните претседателски и локални избори да нема електронско гласање
GlasackiKutii250.jpg
На средбата, што се одржа на иницијатива на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, присуствуваа и претседателот на ДУИ Али Ахмети, в.д. лидерот на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ДПА Мендух Тачи, како и министрите за правда Михајло Маневски и за информатичко општество Иво Ивановски.

Премиерот Груевски по средбата изјави дека против воведувањето електронско гласање на претстојните избори биле Социјалдемократскиот сојуз кои сметаат дека нема доволно време до изборите да се воведе ваквото гласање, како и тоа дека во некои земји каде имало електронско гласање при изборите се појавувале одредени проблеми.

- Ние ја прифативме сугестијата на СДСМ и претстојните претседателски и локални избори ќе бидат без електронско гласање, а оваа опција ќе ја разгледаме во некои наредни изборни циклуси бидејќи најголемата опозициска партија беше против, рече Груевски и додаде дека лидерите на четирите најголеми партии како најдобар датум за одржување на изборите го посочиле 22 март.

Тој истакна дека надлежноста за распишување на изборите ја има претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и оти од него зависи кога ќе се распишат изборите.

Премиерот информираше дека на денешната средба било договорено наскоро да се формира Комисијата за лустрација која ќе има ротирачко претседателство на секои шест месеци.

- Договорено е во првата ротација претседателот на Комисијата да биде од опозицијата, а бидејќи СДСМ и ДПА се уште размислуваат од која партија да биде првиот претседател очекуваме наредната недела да не известат кој ќе биде претседател, рече Груевски, посочувајќи дека наскоро Комисијата ќе почне со работа.

Премиерот истакна дека Владата, иако не е обврзна, ќе ја прекине кампањата по медиумите веднаш штом ќе бидат распишани изборите.

- Ќе биде неопходно одржување на неколку лидерски средби за да се обезбедат фер и демократски избори и да се надминат разликите меѓу партиите на Албанците, изјави в.д. претседателот на СДСМ Зоран Заев.

Според него, причина за тоа се изнесените политички ставови на лидерите на двете албански партии ДУИ и ДПА и нивните конфронтации во однос на судските спорови против членови на партиите за последните инциденти на вонредните парламентарни избори што се одржаа на 1 јуни минатата година.

- Доколку сакаме изборите да поминат во најдобар ред и тоа да го верификува и меѓународната заедница ни останува да одржиме многу средби до претседателските и локалните избори за да се испеглаат ставовите меѓу албанските партии, рече Заев.

Тој посочи дека иако, како што кажа, опозицијата на лидерските средби се вика како декор, на оваа средба биле покренати две значајни прашања на барање на опозицијата и било одлучено наскоро да се формира Комисијата за лустрација, како и Владата да ги прекине сите кампањи и спотови по распишувањето на изборите од страна на претседателот на Собранието Велјаноски.

- Успеавме да се договориме само за две работи - изборите да бидат на 22 март и прв претседател на Комисијата за лустрација да биде од Демократската партија на Албанците, изјави лидерот на оваа партија Мендух Тачи.

За Тачи средбата била едвај успешна. Тој рече дека Владата секогаш кога имала проблеми ја употребува опозицијата како ортопедско помагало и побарал оваа да биде последна средба посветена на теми што ги отвора Владата.

- Исчезнува времето на нашата толеранција. Оваа Влада прави три огромни грешки. Го крши Законот за амнестија, не го спроведува Охридскиот договор и свесно ги блокира интеграциските процеси. Таквата политика е загрижувачка за граѓаните, рече лидерот на ДПА Мендух Тачи.

Потпретседателот на ДУИ Џевад Адеми оцени дека на денешната средба бил постигнат значаен напредок и поради што, како што рече, „претстојните претседателски и локални избори ќе бидат мирни со што ќе се надмине проблемот од последните вонредни парламентарни избори од кои Македонија како земја имаше голема штета“.

Адеми додаде дека на средбата е покренато и едно многу знајчно прашање и е договорено наскоро да почне да функционира Комисијата за лустрација.
 
- Доколку сакаме изборите да поминат во најдобар ред и тоа да го верификува и меѓународната заедница ни останува да одржиме многу средби до претседателските и локалните избори за да се испеглаат ставовите меѓу албанските партии, рече Заев.

не ми е јасно мене ова за каков став се зборува?


 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom