L
Löwe
Гостин
Дневно во врнежливите денови се казнуваат по десетина несовесни возачи што со своите автомобили ги наводениле минувачите
Топењето на снегот секогаш носи и „искапени“ пешаци по улиците. Иста е сликата и кога врне дожд. Колку и да внимавате да не шлапнете во некое вирче, веројатноста да се изводените е голема бидејќи возилата што поминуваат покрај вас може да ве накиснат од глава од петици и да си заминат. Тоа не само што ќе ви ги уништи денот и здравјето (не е препорачливо да сте мокри кога температурите се под нулата) туку и гардеробата. Дури има и возачи што речиси уживаат да прскаат пешаци па намерно ги нишанат длабнатините и дупките по патот што се полни со валкана вода. Многу граѓани се жртви на ваков неочекуван туш, а деновиве нивниот број сé повеќе се зголемува. Од полицијата велат дека дневно имаат по десетина вакви случаи, но за да се казни сторителот треба да биде фатен на самото место.
- Одејќи кон факултет, покрај мене помина еден автомобил што возеше брзо. Се тргнав настрана, за да не ме испрска, бидејќи улиците се мокри од растопениот снег, но тој, наместо да подзастане, помина баш на дупката што беше полна со валкана вода и ме направи лом. Не знаев што да направам во тој момент, бев толку бесен што не ја запаметив ниту регистрацијата. Целата облека ми беше мокра, дури и лицето ми беше испрскано. Морав да се враќам дома, да се истуширам, и не отидов на факултет тој ден. Не ми е јасно зошто има толку несовесни (сепак тоа е благ збор за нив) граѓани. Тие луѓе се на суво, на топло во автомобилот, кое е задоволството да им се ситиш на тие што се надвор - ни изјави студентот Милан Глигоров.
Од СВР-Скопје потврдуваат дека на влажно време ваквите случаи се чести. Иако не можат да бидат насекаде, велат дека успеваат дневно во просек да фатат по десетина сторители.
- Кога е врнежливо или како сега, кога улиците се цели раскашавени од снегот, дневно казнуваме по десетина несовесни возачи што ќе испрскаат граѓани. Сторителите мора да бидат фатени на место.
Доколку нашите вработени не се таму, испрсканиот граѓанин може да го пријави возилото ако ги запаметил регистарските таблички. Единствената утеха на испрсканиот му е што сторителот е казнет. Инаку казната за ова прекршочно дело изнесува 35 евра и 15 негативни поени - вели Лиза Бендевска, портпаролка на СВР-Скопје.
Што мислите вие за ова? Јас лично го подржувам ова, баш вчера бев жива вода направен од еден такстист, гледа дека е каша на патот, тој со 50 вози на периферија, има среќа не му ја видов таблицата, ќе му ја памтев ако не го пријавев, ќе му се одборчував кога тогаш..