Тиквеш (Тиквешија)
... на исток Тиквеш се граничи со Повардарието, на југ со Мариово (Тиквешко Мариово), на запад со Пелагонија, а на север преку врвот Ножот на планината Клепа -Велешки регион, низ него течат Раечка Река, Дошница, Бошава, а низ Тиквешијата тече и Црна Река на која е изградено вештачко Тиквешко Езеро кое е едно од најголемите вештачки езера во Македонија каде има 2 хидроцентрали и 1 термоцентрала за добивање електрична енергија: „ХЕЦ Тиквеш“, „ХЕЦ Дошница“ и „ТЕЦ Неготино“.
... Тиквешко Езеро преставува вештачко езеро на Црна Река 12 км југозападно од Кавадарци, односно 3 км јужно од селото Возарци, акумулационото вештачко езерото датира од 1968 година со преградување на кањонот на реката и со изградба на брана висока 104 м со должина 338 м.
... вкупната должина на Тиквешкото Езеро при полн капацитет со вода изнесува 28,5 км, зафатнина на водата околу 400 милиони км3, при максимална кота на акумулацијата од 265 м надморска висина,
....над Тиквешкото Езеро се планира изградба на премин сплав (како густо сплетени прачки и трски преку езерото),

но на висина, а не на ниво на езерото, т.е. Леса висечки мост или само Висечки мост, кој ќе биде вистинска авантуристичка атракција.

...но додека се реализира од идеја до реалност да не ја снема акумулационата вода на Тиквешко езеро, па да биде атракција над река или сув предел

... но ако има поврзаност, полесно и побрзо стигнување до Полошкиот манастир,
и други знаменитости во Тивешијата, тогаш вреди да се изгради ова инвестиција како атракција не само за домашните туристи туку и за странците кои ќе ја посетат Тивешијата со едно добро тиквешко сортно вино и една прошетка низ природата на Висечкито мост над Тиквешко Езеро.
...дали ќе имате храброст сами да го преминете Висечкиот мост над Тиквешко Езеро, останува на вашиот избор!
