- Член од
- 9 јуни 2005
- Мислења
- 211
- Поени од реакции
- 23
Od segokash me imat impresionirano so porakite koi gi pruzat pa ako ima nekoj so neshto ili samo polemika ke e ubavo da razgovarame fala...
Големите гранитни плочи со упатства за живеење по апокалипсата, наречени „Гајдстонс“ (патокази, карпи-водилки, односно американски Стоунхенџ), во последно време предизвикуваат различни реакции кај жителите на североисточниот дел на Џорџија, САД. Пет плочи од обработен гранит, високи по шест метри, од кои секоја тежи повеќе од 20 тони, со написи на осумте најзастапени светски јазици; од англиски до свахили, се распоредени во форма на ѕвезда на еден рид во округот Елберт и се верува дека ги поставиле таинствени луѓе, јавува Ројтерс.
Врз нив е положена квадратна плоча тешка околу 11,5 тони на која има испишани куси написи на древните јазици: египетски хиероглифи, санскрит, старогрчки и вавилонски.Комплексот е подигнат во 1980 година, потсетува на сцените од „Одисеја 2001“, а упатствата испишани на него го одразуваат духот на движењето „Њу ејџ“. Дел од пораките се типично евгенички (мудро управувајте со репродукцијата, развивајте способности и разноличност), а други се, пак, во стилот на хипиевскиот мистицизам (почитувајте ги вистината, убавината и љубовта, трагајќи по рамнотежа со неограниченото).
За значењето и потеклото на комплексот зборува само натписот поставен на почвата во подножјето на плажите, кој содржи штури информации за димензиите на плочите и упатства за нивно користење. Меѓутоа, сите се согласни дека комплексот е наменет за луѓето што ќе преживеат некоја идна апокалипса. Со својата контроверзна содржина и значење комплексот повремено предизвикува напади од критичарите, кои го доживуваат како богохулие. Така, неодамна на плочите се појавил графит со кој се повикува на уништување на „новиот светски поредок“. Поддржувачите на „Гајдстонс“, меѓу кои е и Јоко Оно, вдовицата на Џон Ленон, ја истакнуваат универзалната вредност на неговите пораки и повикувањето на разум. Но противниците сметаат дека комплексот ги претставува десетте заповеди на Антихристот.
Кој и да го градел овој споменик знаел што прави зашто комплексот функционира како многу прецизен астрономски инструмент, компас, календар и часовник. Поставен е така што го следи движењето на Сонцето од исток кон запад во текот на целата година. На денот на есенската рамнодневница и на солстицијот, луѓето што стојат на западната страна низ него можат да го следат изгрејсонцето на хоризонтот. Дупката во средишниот блок на висина на човечкото око овозможува да се види ѕвездата Северница, важна за одредувањето на страните на светот и за навигација. Во покровната плоча е направена друга дупка низ која минуваат сончевите зраци и на средишниот блок го покажуваат денот. Масивноста на комплексот би требало да биде гаранција дека плочите ќе и' одолеат на можната катастрофа за да послужат како водич во изградбата на подобра цивилизација од оваа, која ќе исчезне во апокалипсата.
Идејата за изградба на комплексот му се припишува на таинствениот Роберт Џ. Кристијан, кој во 1979 година во каменоломот во Елбертон дошол да ги порача големите гранитни плочи. Според некои интерпретации, неговото име е псевдоним посветен на втемелителот на мистичниот Ред на розата и крстот, Кристијан Розенкројц. Р.Ц. Кристијан, кој го купил и земјиштето за изградба на споменикот, подоцна му ја препуштил сопственоста на округот Елберт, а на поранешните сопственици им дал доживотно право на користење за да можат таму да ја напасуваат стоката. Во текот на градежните активности Кристијан комуницирал само со две лица од округот, а и со нив тоа го правел ретко и секогаш од различни места.
eve i link onaka domashen : http://dnevnik.com.mk/?ItemID=9489A5ED60DDC2479CC04EC543D9FDB0

) Да се избегнат бедни закони и бескорисни службеници