Карпалак 2001

  • Креатор на темата Креатор на темата zlaki
  • Време на започнување Време на започнување
Z

zlaki

Гостин
не знам зошто оваа тема е затворена?::http://forum.kajgana.com/threads/Ос...ојници-кај-Карпалак.34524/page-3#post-3359762

НО еве нова тема во спомен за паднатите од 2001 година....
http://www.mkd.mk/kolumni/karpalak
Повторно 8-ми август е уште едно потсетување, дека пред 14 години од заседа на автопатот Скопје - Тетово беа убиени десет припадници на АРМ кај месноста Карпалак.
mkd-67492.jpg
ж

Годишнината од погибијата на бранителите кај Карпалак е добар повод да споделам со јавноста еден момент кој побудува сериозно сомневање дека некој сепак ги местел овие бранители.

За жал, повеќе од една деценија ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага, за да утврди што точно се случи со сомнителното загинување на македонските бранители кај Карпалак, осуммината мачени и живи палени кај Вејце, осуммината убиени во заседа кај Љуботенски пат, загинувањето на тројцата припадници на МВР од граната на АРМ за време на акцијата за ослободувањето на Арачиново...

Дотолку повеќе што, преживеаните бранители, роднините и семејствата на загинатите бранители по повод чествувањето на годишнината од трагичните настани, покрај тоа што го изразуваат незадоволството од нерешениот социјален статус, истовремено го изразуваат незадоволството од институциите, како се однесуваат спрема нив, бидејќи и по 14 години не знаат како загинаа нивните најблиски, посочувајќи дека сега многу повеќе од трагичните последици ги боли тоа што не ја знаат вистината.

Засега, 14 години по крвавиот настан кај Вејце, Карпалак, Љуботенски пат, Арачиново... едно е сигурно: Ниту кај СДСМ до 2006 година, ниту, пак, кај ВМРО-ДПМНЕ после 2006 година кога дојде до промена на власта, нема интерес за вистината за сомнителните загинувања на македонските бранители.

Затоа, како припадник на МВР за време на војната во 2001 година, имам силна обврска да се залагам да излезат на виделина непријатните вистини околу местењето на бранителите, кои загинаа во одбраната на независноста и територијалниот интегритет и суверенитет на државата.

Загинувањето на бранителите кај Карпалак можело со сигурност да биде спречено, доколку некој не пропуштил да преземе одредени дејствија, кои бил должен да ги преземе во интерес на безбедноста на конвојот. Време е да се каже зошто е направено тоа.

Имено, во почетокот на јули 2001 година, значи, четириесетина денови пред крвавиот настан кај Карпалак, во македонската Служба за државна безбедност постоеја два службени документи со податоци врз основа на кои се знаеше дека на ридот од каде се пукаше врз конвојот, се наоѓа вооружена група од 10-15 лица, кои преку ден беа присутни во ископаните ровови, а ноќта се повлекуваа кај свои јатаци во едно соседно село. Државната безбедност добро го работела овој случај и успеала дури да уфрли свој човек - соработник во терористичката група. При едно нивно вообичаено ноќно повлекување кај јатаците, комбиниран тим на припадници од државната и јавната безбедност при МВР, дури и го посетиле ова место и извршиле снимање и увид на локацијата. Преку вградениот соработник се извршила и комплетна идентификација на терористичката група, по што од оперативните евиденции на МВР можело да се види дека овие лица се всушност поранешни криминалци, претходно добро познати на македонската полиција. По ова, СДБ при МВР, согласно правилата за соработка на безбедносните органи во државата, преку МВР ги доставила овие информации за понатамошно постапување до Секторот за безбедност и разузнавање при Министерството за одбрана.

Врз основа на оперативните податоци содржани во споменатите два службени документи од кои произлегува дека се се знаело за терористичката група кај Карпалак, дополнително од аналитичката служба е изготвена информација уште во јули 2001 година како да се запоседне просторот околу автопатот кај Карпалак, заради безбедно минување на редовните конвои со бранители, кои во тоа време одеа накај Тетово. Од текстот на аналитичката информација може да се види дека полициските службеници професионално си ја извршиле работата и дале прецизни анализи и насоки, што да се преземе за безбедно движење на воено-полициските конвои во правец на Тетово.

Оттука, верувам дека сега на секој му станува јасно дека трагедијата сигурно ќе беше избегната, доколку, на пример, само со еден хеликоптерски прелет била решена оваа вооружена група, бидејќи прецизно се знаеле сите битни елементи, како локација, време и начин на движење, вооруженоста, распореденоста, бројноста на терористичката група и слично.

Значи, сознанија имаше, а ништо не се презеде. Наспроти ова, загинаа припадници на безбедносните сили од испукана граната токму од кај Карпалак, иако, замислете, македонските безбедносни органи знаеле се за Карпалак речиси 40-тина дена, а, како што споменав, постоела и аналитичка проценка како да се запоседне автопатот кај Карпалак.

Меѓутоа, не само што не е постапено во контекст на добиените оперативните податоци и аналитичката информација, туку некој дури се погрижил пред трагедијата да го отстрани и безбедносниот пункт на автопатот Скопје - Тетово во близина на Карпалак, а, после трагичниот настан, бранителите се оставени сами на себе без никаква помош да горат во торпедираните возила, иако на армиските хеликоптери по воздушна линија од аеродромот Александар Велики до Карпалак им било потребно само пет минути да им пружат соодветна помош.

Како заклучок, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да престанат да ги навредуваат македонските граѓани со нивното секојдневно натпреварување, за да докажат, кој од нив повеќе лажел и крадел во изминатите дваесетина години. Односно, пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, веднаш после годишните одмори, во име на македонскиот народ да се согласат Собранието да донесе политички документ (декларација или заклучоци) со кои ќе побараат расветлување на перфидното местење на македонските бранители во Татковинската војна во 2001 година. Ова од причина што, да се дојде најпосле до официјален одговор, како, од кого и зошто беа нарачани и договорени масакрите кај Вејце, Карпалак, Љуботенски пат, Арачиново... во кои бранителите беа испратени во заседа и мораа да загинат.

Јанко Бачев

(Авторот е универзитетски професор и претседател на Народно движење за Македонија
 

Затоа што премногу се политизираше и отиде во еден друг правец, почнаа жртвите да ги користат за да докажат дека криво е ВМРО или дека крив е СДСМ. Затоа ја затворија.

Вечна им слава.
 
Не се криви ни ВМРО ни СДМС. Криви сме ние што дозволивме предавничките гомна кој ги наместија Карпалак, Вејце, Љуботен да се извлечат место да бидат запалени на плоштад. Зборувам за од наша страна предавниците. Убаво напиша Бачев никој не покрена истрага ни ДПМНЕ, ни СДМСМ. Со тоа сфатете кој се вмешани.
Вечна им слава на загинатите кај Карпалак и смрт за политичарите и предавниците.
 
Не е само таа тема за Карпалак и не знам ЗОШТО ги нема другите воопшто. Секоја година има нова тема за настанот и еве сега баш се трудев да најдам ама темите воопшто ги нема за јавни (дал се избришани или скриени). Нешто ми е чудно ама мислам дека на темата за десетгодишнината го дадов моето опширно мислење и лично искуство на случувањата пост настанот. Не знам кој имал „доблест“ да ги бриши тие теми но нека му служи на чест.

Вечна им слава!!!
 
Отворајте секоја година вакви теми, срамота е во иста. Вечна им слава.
 
Од високиве функционери кој бил денес на Карпалак?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom