Каролина Гочева

  • Креатор на темата Креатор на темата Word$haker
  • Време на започнување Време на започнување
@Crazy in Love , и јас имав впечаток дека се тупеше кратко време, ама такви се песните. Од Пролет лето есен зима и Две лири прејде на поспори па затоа. Мене не ми се допаднаа Умирам без тебе и Крај на овој концерт, не им беше место. Подобро да отпееше народни песни како Македонско девојче.
Не зборам за прелазите, се очекува од побрзи да се префрли на поспоро, секогаш е така. :)
Некако некои песни мислам дека претерано се одолжуваа со музика. И тоа е секако нормално, малце да се продолжат песните со музика, но на некои песни имам чувство дека беше предолго.
Ама и јас седев на место каде што шибаше од сите страни, измрзнав, па затоа може и ми делувало предолго.:icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr::icon_mrgr:
 
Каролина во Охрид за Водици

Годинава празничната програма во Охрид посветена на празникот Богојавление- Водици ќе биде распоредена во четири дена.
Во збогатувањето на туристичката понуда покрај традиционалната церемонија на фрлање на светиот крст во водите на охридското езеро и денот на рибарите, ќе бидат организирани и попратни забавни содржини. Општина Охрид ќе го помогне организаторот на манифестацијата Здружението Богојавление – Водици.
-Македонската поп ѕвезда Каролина Гочева ќе одржи солистички концерт во рамки на централната прослава посветена на празникот Богојавление- Водици во Охрид. Каролина ќе изведе композиции од својот последен албум „Македонско девојче 2“, изјави раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолоски.
За празнувањата за Водици, 17 хотели креираа празнични аранжмани со попусти од 30 до 50 отсто. Спиење со доручек во зависност од категоријата на хотелот и дали сместувањето е во едно и двокреветна соба ќе чини од 10 до 25 евра. Повеќе ресторани и угостителски објекти за време на богојавленските празнувања своите услуги ќе ги водат со попусти од околу 30 отсто.
 
Концертот на Каролина - 1 јануари во 17:45 часот на МТВ 1
 
Јас Имам Песна - 2000

R-5238976-1388430677-4283.jpeg.jpg
R-5238976-1388430684-3022.jpeg.jpg
R-5238976-1388430692-7101.jpeg.jpg
R-5238976-1388430699-5783.jpeg.jpg
R-5238976-1388430706-6224.jpeg.jpg
R-5238976-1388430713-9824.jpeg.jpg
R-5238976-1388430721-5385.jpeg.jpg
 
Ова и се песни во главно од Дарко Димитров, сите песни, без исклучок сеуште се вртат по радијава. За разлика од овој албум, вториот беше послаб.
 
Никаде не можам да ја најдам Како да те откачам песната од Каролина. Ја имаше едно време на youtube, dailymotion али веќе ја нема. Ако ја има некој нека ја сподели. :D
 
За каде ги направија англиските верзии на Кажи ми, Јамајка и Ти можеш? :X3:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom